Вечерва во „Само вистина“ ќе гостуваа Сотир Костов и Исмет Рамадани

Драги пријатели, вечeрва во Само Вистина гледајте го дуелот Сотир Костов и Исмет Рамадани.

Колективен корона-имунитет или колективна амнезија на нашата историја предизвикана од „братска“ Бугарија, што научивме од новото „нормално“ и новите ни „добри соседи“?

Мицкоски бара лидерска, Заев не дава, Заев бара еднаш став од Мицкоски барем за новите Ковид мерки , Мицкоски не дава. Има ли крај на оваа рашомонијада?

Се закани ли тоа Каракачанов со војна, или само си го покажа својот политички капацитет за кој не е потребен коментар?

Ќе понесе ли некој одговорност за трошење од европски фондови, кога пеколно тешко се одговара за трошењата од домашната каса?

Вечерва во Само Вистина Сотир Костов и Исмет Рамадани, на Канал 5 Телевизија

Де Ланој: Народната банка правилно постапи со одземањето на дозволата на „Еуростандард банка"

Тој искажа поддршка за постапувањето на Народната банка.

„Народната банка е професионална и независна институција, којашто при одлучувањето ги применува највисоките меѓународни стандарди и најдобрите меѓународни практики. Одземањето на дозволата на „Еуростандард банка" покажува дека Народната банка е подготвена да преземе навремени корективни супервизорски активности за да се обезбеди целокупната стабилност на финансискиот систем.

Обидите за политизирање на активностите и одлуките на Народната банка се ризик за загрозување на независноста на Народната банка. Меѓународното искуство покажа дека без независност, централните банки се воздржуваат од донесување тешки, но неопходни одлуки, што на крајот ја става во опасност стабилноста на севкупниот финансиски систем и може да доведе до далеку поголеми загуби за општеството отколку кога навремено се преземаат потребните корективни супервизорски активности."

Ова го истакна извршниот директор во Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Антони Де Ланој, член на Извршниот одбор на ММФ и задолжен за Македонија, на состанокот со тимовите на Народната банка и Министерството за финансии, во рамките на Годишните средби на ММФ и Светската банка. Тој искажа поддршка за постапувањето на Народната банка.

Де Ланој истакна и дека жали што има шпекулативни и неточни јавни изјави дадени од некои засегнати страни, во врска со банкарскиот систем и Народната банка. Де Ланој тврди дека ваквите изјави може да имаат сериозни штетни ефекти и ги повика сите засегнати страни да се воздржат од неодговорно однесување што може да ја доведе во опасност стабилноста на финансискиот систем, особено во време на глобална криза и во време кога ММФ го оценува македонскиот финансиски систем во целина како стабилен.

Народна банка на Република Македонија

Левица: За бизнисите на Заеви и Русија е алтернатива

За бизнисите на Заеви не постои пречка во економска соработка и со Русија.

Додека владата на СДС, од една страна користи спинови и етикетирања за своите политички неистомисленици карактеризирајќи ги како руски агенти и мрачни сили, од друга страна за бизнисите на Заеви не постои пречка во економска соработка и со Русија. Односно, фирмата „Тргопродукт” од Струмица, која е ќерка-фирма на бизнисот „Мамас” на актуелниот премиер, уште во јануари 2017 година има добиено лиценца за извоз на производи во Руската Федерација. Само „Тргопродукт” во 2018 година остварила профит од 1,25 милиони евра.

Токму премиерот Заев изминативе три години, при спроведувањето на владините анти-државни политики, обвинуваше за засилени руски влијанија преку своите скапо платени новинарски перјаници и контролирани медиуми. Ваквата црна кампања кулминираше токму пред самиот референдум, при што сите кои застанаа во одбрана на правото на македонскиот народ за самоопределување - беа карактеризирани како ретроградни сили, платени активисти, генератори на лажни вести и одработувачи за руската кауза која се стреми да ја оттргне Македонија од патот кон ЕУ и НАТО.

Иако во 2017 година, македонските контра-разузнавачки служби информираа за силна субверзивна пропаганда остварувани преку руската амбасада, тоа не е пречка за ширењето на бизнисите на Заеви кои пред јавноста заземаат ставови на линија на ЕУ и НАТО-фундаментализам. Ваквите политичари со вазална матрица на делување, поставени за еднократна употреба, во името на ЕУ и НАТО ја силуваа демократијата, правдата и достоинството на сопствениот народ и држава, додека единствената светост за нив е личниот профит.

Отсутно е и истражувачкото новинарство да истражи колку профит и преку кои канали фирмите на Заеви соработуваат со Русија, како и да изготват анализа за ваквото влијание врз геостратешките интереси и определби на Македонија. Токму изминативе три години беа доминирани со обемни истражувачки стории кои пишуваа за македонски медиуми, организации и активисти кои наводно платено одработуваат за интересите на Кремљ. Иронијата е евидентна кога ваквите наводи доаѓаат од платени новинари и медиуми финансирани преку разно-разни фондации и тинк-тенк институти, а некои и директно од буџетот на Македонија.

Иако интересите на геостратешките партнери СДСМ ги постави пред волјата на македонскиот народ со прифаќање на сите шовинистички и негаторски политики на соседните држави под изговори дека нема друга алтернатива, сепак за личните интереси на бизнисите на Заеви не постои пречка за соработка и со други алтернативи.

Заклучокот е дека антизападните агенти постојат само кога треба да се шиканираат и гонат неистомислениците на Власта која е подготвена да тргува дури и со државните и националните интереси на Македонија само за да ја задржи позицијата на власт.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА

притисни ентер