СДСМ: Лефков да побара од Мицкоски струјата да ја даде бесплатно на граѓаните

Наместо фабрикувани лаги за Ковачевски, Лефков да побара од Мицкоски струјата да ја даде бесплатно на граѓаните

Криминалното ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со фактот дека граѓаните дознаа за нивните милионски зделки од 136 милиони евра и се обидува да креира конфузија и преку фабрикувани лаги за претседателот Ковачевски да ја замајува јавноста и да дефокусира.

Очекувамe обвинителството конечно да покрене случај и да ги расчисти овој скандал од 136 милиони евра, но и сите претходни криминали на најбогатата партија во Европа ВМРО-ДПМНЕ која го има опљачкано нашиот народ за многу генерации нанапред.

Претседателот Ковачевски ниту е поврзан ниту на кој било начин влијае на работењето на компанијата која ја обвинува ВМРО-ДПМНЕ.

Наместо да се бави со фабрикувани лаги за Ковачевски, Лефков да побара од Мицкоски струјата од неговите хидроцентрали да ја даде бепслатно на граѓаните.

Реакција на прес-конференција на Миле Лефков од ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ

Ајатолах Хамнеи: САД и Израел ги испланираат немирите во Иран

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи денеска ги осуди протестите, што веќе две недели се одржуваат ширум земјата поради убиството на Махсе Амини.

Ајатолахот Хамнеи, во првата реакција, за протестите ги обвини САД и Израел.

Овие немири беа планирани. Јасно кажувам дека овие немири ги смисли Америка и ционистичкиот режим и нивните вработени, посочи ајатолах Хамнеи.

Тој смртта на Амини ја оцени како „тажен инцидент“ што ја остави земјата „со скршено срце“.

Амини почина во болница на 16 септември, три дена откако беше уапсена од моралната полиција поради непочитување на строгиот ирански кодекс на облекување и одведена во „центар за превоспитување“.

Герасимовски: Секое дете треба да има можност да го исполни својот сон

Секое дете и секој млад човек е важен чинител во општество. 

Општина Центар ја прославува Детската недела која започнува денеска со музички изведби, детски претстави, спортски активности во Паркот на Франкофонија, на кои се претставуваат деца од градинките и ученици од сите основни училишта во Општината.

Како што информираат од Општината, градоначалникот на Центар Горан Герасимовски пред децата ја истакна нивната важност како најдрагоцено богатство и иднина на секое општество.

– Секое дете и секој млад човек е важен чинител во општество. Затоа е важно на секое дете да му се даде можноста да го оствари својот сон и аспирации, да ги каже своите размилувања и делувања со цел да земе активна улога во општеството. Ние возрасните како ваши воспитувачи, наставници, родители имаме обврска да ве поттикнуваме и да ве насочуваме кон негување на вашите интереси и реализација на истите, посочи Герасимовски во Паркот на Франкофонијата.

Градоначалникот на Центар, исто така, зборуваше и за правата на децата според Член 27 од Конвенцијата на Обединетите нации, како правата на образование, здравствена грижа, слобода на изразување на своите ставови, чувства и желби, правото на државјанство, право на игра и љубов и обврските на локалните самоуправи истото да го обезбедат. Тој се осврна и на рано детектирање и спречување на сите форми на насилство, меѓу кои и булингот.

– Вие исто така мора да бидете заштитени од сите форми на насилно вклучувајќи го и булингот кој е застапен од најрана возраст. Вашите воспитувачи, наставници и стручни лица во градинките и училиштата се ваши пријатели, доколку имате проблем разговарајте со нив. Проблемите мора се споделуваат за да може да се решат. Воспитувачи, наставници внимавајте на однесувањето на децата и учениците и бидете првиот детектор дека нешто се случува. Во училиштата и градинките мора да биде спречена секаква форма на насилство и на тоа постојано мора да се работи, изјави Герсимовски.

Тој им порача на децата да уживаат во детството, играат и се дружат, спортуваат и внимаваат на животната средина.

притисни ентер