Зевзекманија - Имам 20 макети со авиони - Канал 5

Во мирување одлуката за штрајк на контролорите на летање

Струковиот синдикат на контролори на летање ССКЛМ ја стави во мирување одлуката за  штрајк што требаше да се реализира денеска, потврди за МИА претседателот на ССКЛМ Александар Тасевски.

Во мирување одлуката за штрајк на контролорите на летање

- Тоа што го баравме се придвижuва, одобрено е барањето за вработувања на контролорите и за спроведување на функционалната анализа која ќе определи кои се работни места и број на извршители треба да постојат, изјави Тасевски.

Сепак, најавува дека ќе го оспорат последниот конкурс за вработување за кој веќе реагираа во предупредувањето за штрајкот.

- Не застануваме тука ќе продолжиме да бараме професинализам. Има неправилности и во последиот конкурс, ние повторно дадовме шанса, но очигледно УО нема намера да застане, вели Тасевски.

ССКЛМ преку известување до раководството на М-НАВ на 16. минатиот месец побара да го поништи последниот оглас за нови вработувања и да ги испочитува обврските од минатогодишната Спогодба која беше основа за ставање во мирување на тогашната одлука за штрајк. Повикаа да се пристапи кон итна реализација на неисполнетите точки од Спогодбата најдоцна до крајот на јуни, а во спротивно најавија реактивирање на штрајкот денеска.

Синдикатот и во известувањето реагираше последниот оглас за нови вработувања во М-НАВ, за кои оцени дека „не одговараат на реалните, итни и суштински потреби на компанијата“. Побара поништување на огласот, а евентуалното пополнување на работните позиции да се изврши преку прераспоредување на постоечки вработени во М-НАВ преку интерен оглас или со додавање на работни задачи на недоволно ангажирани вработени како и одделенски реорганизации и рационално прераспоредување на постојниот кадар.

Раководството на АД во државна сопственост за услуги во воздухопловна навигација М-НАВ, пак, пред три дена преку соопштение објави дека презема чекори за доекипирање со кадри, имплементација на нови технологии, замена на старата опрема и реорганизација.

Според М-НАВ, со планираните огласи за вработување, ќе се вработат лица, како замена на колеги кои се веќе заминати во пензија или ќе го остварат своето пензионерско право во текот на наредните неколу месеци, генерациски смени и други причини.

Како што посочија, се прават огромни напори да се стабилизира компанијата која со години била предмет на несериозно и неодговорно раководење.

- Се преземаат чекори за доекипирање со кадри, имплементација на нови технологии, замена на старата опрема и реорганизација. Управниот одбор на М-НАВ АД Скопје, во координација со Владата на Република Северна Македонија, во текот на 2025 година доби согласност од Министерството за финансии за вработување на високо стручен кадар специјализиран за потреби на давање воздухопловно навигациски услуги. Ќе се вработуваат високо образовани и стручни кадри од следните профили: четири метеоролози–прогностичари, еден метео набљудувач и еден инженер за сајбер безбедност. Дополнително заради зголемен обем на работа во Секторот за воздухопловна навигација и планирани генерациски смени во одделението за Обласна контрола на летање, М-НАВ ад Скопје ќе вработи и школува шест контролори на летање во некој од Европските центри за школување на ваков кадар кој ќе биде избран на тендер, информираше -М-НАВ.

Според раководството, има резултати од реорганизацијата и промената во пристапот на менаџирање со кадрите, а во првата половина од годината остварени се позитивни резултати со зголемување на бројот на прелети над македонското небо за над 12 проценти. За шест месеци се реализирани 133 474 летови за разлика од истиот период лани кога се реализирале 119 972 летови вклучувајќи ги и летовите до и од Скопје и Охрид.

ДЗР: Државниот буџет бил доминантен извор за финансирање на изборните кампањи за Парламентарните избори 2024 година

Од страна на ДИК за ППР на радиодифузерите и печатените медиуми и интернет порталите, исплатени им се вкупно 244.769 илјади денари или 3.979.984 евра, за 16 учесници во Парламентарните избори 2024 година. 

ДЗР: Државниот буџет бил доминантен извор за финансирање на изборните кампањи за Парламентарните избори 2024 година

Вкупните приходи за изборната кампања на сите седумнаесет ученици на Параламентарните избори во 2024 се во износ од 386.710 илјади денари и ги опфаќаат приходите остварени на трансакциските сметки „за изборната кампања“ (140.978 илјади денари), приходите од донациите во ствари (963 илјади денари) и приходите обезбедени од буџетот на државата за објавено платено политичко рекламирање (ППР) (244.769 илјади денари). Тоа укажува дека 63,3 проценти од вкупните приходи се обезбедени од Буџетот на државата и исплатени од Државната изборна комисија, додека 26,7 проценти се средства обезбедени од други извори на финансирање.

Државниот завод за ревизија денеска го објави извештајот од извршената финансиска ревизија заедно со ревизија на усогласеност на вкупните финансиски извештаи на сметките „за изборна кампања“ на сите учесници на Парламентарните избори во 2024 година, подготвен согласно Годишната програма за работа за 2024 година и член 85 од Изборниот законик.

- Најголемо учество во вкупните приходи има Коалиција ТВОЈА МАКЕДОНИЈА предводена од ВМРО ДПМНЕ (37%), по што следат Коалиција за ЕВРОПСКА ИДНИНА предводена од СДСМ (25%), Коалиција ЕВРОПСКИ ФРОНТ предводена од ДУИ (15%), Коалиција ВЛЕН предводена од Алтернатива (13%), ПП Левица (4%), Коалиција ХРАБРО ЗА МАКЕДОНИЈА предводена од ГРОМ (2%) додека учеството на останатите учесници е под 1%, информира ДЗР.

Од страна на ДИК за ППР на радиодифузерите и печатените медиуми и интернет порталите, исплатени им се вкупно 244.769 илјади денари или 3.979.984 евра, за 16 учесници во Парламентарните избори 2024 година.

Во соопштението од ДЗР се наведува дека вкупните расходи направени од учесниците во изборната кампања за избор на пратеници се во износ од 386.710 илјади денари, од кои 140.261 илјада денари се плаќања од трансакциските сметки, 963 се расходи по основ на примени донации во не парични средства и 244.769 илјади денари се расходи за објавено ППР. Неискористените финансиски средства, од трансакциските сметки „за изборна кампања“ кои согласно финансиските извештаи се прикажани како расходи во вкупен износ од 717 илјади денари се вратени на сметките за редовно работење на политичките партии. Најголемо учество во вкупните расходи 63,3 проценти имаат расходите за платено полотички рекламирање, по што следат расходите исплатени од трансакциските сметки за набавка на стоки и услуги 36,3 проценти.

Исплатените средства од трансакциските сметки „за изборна кампања“ во вкупен износ од 140.261 илјада денари се однесуваат на плаќања за: набавка на материјали, други материјални расходи, комунални услуги, превозни-транспортни услуги, реклама и пропаганда, репрезентација, интелектуални услуги, сметководствени услуги, одржување на предизборни собири, изнајмување на простор за време на ИК, провизии за платен промет и надоместоци за банкарски услуги и други расходи.

Со извршената ревизија е утврдено дека ниту еден од учесниците нема реализирани расходи повеќе од законски утврдениот максимум. Најмногу средства се потрошени во изборната кампања за Коалиција ТВОЈА МАКЕДОНИЈА предводена од ВМРО ДПМНЕ (72% од законски дозволениот максимум), по што следат Коалиција за ЕВРОПСКА ИДНИНА предводена од СДСМ (49%), Коалиција ЕВРОПСКИ ФРОНТ предводена од ДУИ (29%), Коалиција ВЛЕН предводена од Алтернатива (25%), ПП Левица (8%), Коалиција ХРАБРО ЗА МАКЕДОНИЈА предводена од ГРОМ (4%), додека останатите учесници имаат потрошено средства во износ од 1% или под 1% од законски утврдениот максимум.

- Не сите учесници во изборната кампања обезбедија почитување на роковите за затворање на трансакциските сметки „за изборна кампања“ и бришење од регистарот на правни лица како и транспарентност, односно до ДЗР не доставија дел од извештаите за остварените приходи и расходи на трансакциските сметки „за изборна кампања“. За одржаните парламентарни избори 2024 година, учесниците во изборната кампања ПП Нова Алтернатива, Европско граѓанско движење и Македонска Ера трета, до ДЗР немаат доставено вкупен финансиски извештај со спецификација за трошоците за приходите и расходите во изборната кампања, со што извршија ограничување во опфатот на ревизијата, се вели во соопштението.

ДЗР повторно укажува на потребата од доуредување на Изборниот законик пред се во делот на финансирањето на изборната кампања со средства од редовната сметка на политичката партија обезбедени од Буџетот на државата, како и крајниот рок за уплата на донации, како и за пропишување на мерливи критериуми во делот на обезбедување и распределба на средствата од Буџетот на државата, наменети за платено политичко рекламирање. Исто така и за начинот на кој донаторите ќе докажат/потврдат дека не се „поврзани лица„ со радиодифузерите, печатените медиуми и електронските медиуми (интернет порталите) при финансирање или давање донации на политичките партии, за условите и критериумите кои е потребно да ги исполнат електронските медиуми за да имаат можност да аплицираат за политичко рекламирање во Државната изборна комисија, како и за пропишување на јасни и прецизни критериуми за распределба на буџетските средства наменети за платено политичко рекламирање на електронските медиуми (интернет портали).

Препорачува да се определи надлежен орган за следење и известување за изборното медиумско претставување на електронските медиуми (интернет портали), да се воспоставуви интероперабилен систем/софтверско решение за размена и контрола на податоци за активност на банерите кој ќе има техничка можност за собирање на метрички и статистички податоци, да се предвиди глоби и за електронските медиуми (електронските портали) во случај за недоставување на Извештајот за рекламниот простор искористен од секој учесник во изборната кампања и средствата кои се платени и се побаруваат по таа основа и да се обебзеди едукација на учесниците во изборната кампања за начинот на подготовка на вкупниот финансиски извештај со спецификација за трошоците за приходите и расходите во изборната кампања.

Покрај поединечни конечните ревизорски извештаи за 17-те учесници на парламентарните избори 2024 година, ДЗР објави и Збирен извештај за спроведените ревизии поврзани со парламентарните избори 2024 година и Збирен извештај за спроведените ревизии поврзани со претседателските избори 2024 година, а сите документи се достапни на линковите: 🔗 Политички партии - Изборна кампања за парламентарни избори 2024 | Државен Завод за Ревизија 🔗 Microsoft Word - 1_ Zbiren izvestaj Parlamentarni izbori 2024 70 ?@0\0Z5 ?> !" 🔗 Microsoft Word - 18@5= 8725HB0X_˘ˆ_˜@5BA540B5;A:8 !".

Ревизорите утврдиле дека вкупните приходи и расходи на сите седум учесници во изборната кампања за Претседателските избори се во износ од 461.470 илјади денари, а 77 проценти од нив или 354.257 илјади денари, се обезбедени од Буџетот на државата за платено политичко рекламирање и се исплатени преку Државната изборна комисија директно на медиумите.

- Со извршените ревизии е утврдено дека дел од учесниците во изборната кампања помалку ги прикажале остварените приходи и расходи на трансакциската сметка „за изборна кампања“; во вкупниот финансиски извештај во целост не ги прикажале средствата обезбедени за платено политичко рекламирање и не обезбедиле почитување на крајниот рок за затворање на трансакциската сметка „за изборна кампања“. За утврдените состојби не се дадени препораки од причина што субјектите предмет на ревизија се регистрирани само за овој изборен процес, стои во Збирниот извештај за спроведените ревизии поврзани со претседателските избори 2024 година.

Откриена засега најрaната трагa од бактеријата на чума, стара 5.500 години

Истражување на научници од универзитетите во Кембриџ и Копенхаген откри најстар ДНК-доказ за чумата - бактерискиот причинител „Yersinia pestis“, во човечки остатоци стари околу 5.500 години. 

Откриена засега најрaната трагa од бактеријата на чума, стара 5.500 години

Во научниот труд, објавен во списанието „Нејчр“ (Nature), се анализирани ДНК-примероци од коски и заби на 1.313 лица кои живееле во Европа и Азија во каменото доба (37.000 - 12.500 години), па сѐ до пред 200 години.

Научниците идентификувале 214 патогени што го напаѓале човекот низ минатото, вклучително и зоонозни болести - оние што се пренесуваат од животни на луѓе, а се стари најмалку 6.500 години. Професорот Еске Вилерслев изјави дека преминот од ловечко-преселнички живот кон земјоделство и сточарство отворил нова ера на заразни болести.

- Овие инфекции не предизвикувале само болести, туку можеби довеле и до колапс на популации, миграции и генетска адаптација, вели тој.

Откриени се и траги од дифтерија (стари 11.000 години), хепатит Б (9.800 години) и маларија (од пред 4.200 години).

притисни ентер