Пештера Убавица: Заспаната убавица во средиштето на планината Буковиќ се разбуди

Помислата на пештера, кај обичниот човек наведува на мистерија и се поврзува со митови околу кои се плетат разни приказни и верувања.

Таквите верувања доскоро владееја и кај луѓето кои живеат во близина на пештерата Убавица во гостиварското село Горна Ѓоновица. Сега се знае дека оваа пештера крие богатство, секако не како она во приказната за пештерата на Али Баба. Во средиштето на планината Буковиќ се наоѓа убавина од која застанува здивот.

Не се потребни магичните зборови „Сезаме отвори се" за влез во пештерата на Али Баба. Отскоро тоа е многу полесно и секако побезбедно. Со најава на Фејсбук или телефон. Специјалисти водичи со заштитна опрема ќе ве внесат во внатрешноста на една од најраскошните пештери во Македонија.

Природата со илјадници години љубоморно ја чувала заспаната убавица од погледите на луѓето. Во пештерата до пред некоја година влегувале авантуристи, трагачи по возбуди и научници. Оставена без заштита и грижа, таа била изложена на вандализирање и уништување на пештерските украси.

МИА ќе ви претстави уште една од македонските природни убавини.

Една од најдолгите пештери во Македонија

Убавица" или Ѓоноичка пештера се наоѓа во непосредна близина на гостиварското село Горна Ѓоновица. За да се дојде до неа, треба да се минат петнаесетина километри по стариот макадамски пат Гостивар – Кичево, а потоа педесетина метри над патот е влезот на овој бисер на подземните убавини.

Универзитетскиот професор Ивица Милевски од Институтот за географија на Природно-математичкиот факултет во еден текст дава еден мал историјат за пештерата која на пошироката јавност и станала позната кон средината на минатиот век.

-Во почетокот на шеесеттите години на минатиот век (1962 – 1966) д-р Душан Манаковиќ, професор на Институтот за географија при Природно-математичкиот факултет од Скопје, со група вљубеници во подземните убавини и авантури, вршел испитувања на оваа дарба на природата. Резултатите од истражувањата подоцна ги претставил пред пошироката јавност, предизвикувајќи голем интерес. Инаку, името „Убавица" е дадено поради изразитиот сталагмит во форма на женска силуета, но и поради големото богатство од разновидни подземни природни украси. Во пештерата има богат пештерски живот, лилјаци и пештерски штурци и други форми на флора и фауна.

Професорот Милевски наведува дека пештерата „Убавица" е ретка и единствена со својот раскош, со безбројните фигури од сталактити и сталагмити создавани со илјадници години, неколку галерии, столбови, исшарани тавани, разновиден пештерски накит, канал со вода, езерца, пет врела. Особено впечатлив е извонредниот водопад висок седум метри на крајот од големата сала до кој може да се оди без специјална опрема.

Во август 2005 година пештерата ја истражуваше заедничка спелеолошки екипа составена од искусни спелеолози на спелеолошкото друштво Пеони од Скопје, француска спелеолошки-нуркачка експедиција и спелеолошкото друштво Инфериум од Кичево. По двомесечни секојдневни истражувања, открија нови подземни канали богати со разновиден пештерски накит. Спелеолозите претпоставуваат дека излезот на оваа пештера е од другата страна на планината Буковиќ, кај кичевското село Зајас. Заедно со претходно откриените 500 метри и новите 800 метри, „Убавица" стана меѓу најдолгите пештери во Македонија.

Половина век мета на вандали

И покрај тоа што оваа пештера е откриена пред пет децении доскоро ништо не е преземено за уредување на просторот и таа да биде достапна за љубителите на чудата што ги има создавано природата со илјадници години. Таа остана незаштитена на милост и немилост и недостапна за туристички посети.

Научната јавност предупредуваше дека е регистрирано уништување на формите од несовесни поединци. Локалните жители често сведочеа дека има луѓе кои влегуваат во пештерата со цел да ги искршат и извадат дел од украсите што се создавани со години.

Општина Гостивар заспаната убавица ја буди од заборав и наоѓа начин да таа да биде заштитена и од неа да се направи туристичка атракција. Пред речиси шест години (2015 година), локалната власт поведува иницијатива. Подоцна во 2018 година, се реализира проектот „Зајакнување на локалните актери за истражување и конзервација на природното наследство на пештерата Убавица". Со пари од ЕУ преку Програмата за подобрување на управувањето со заштитените подрачја, што ја спроведува УНДП во партнерство со Министерството за животна средина се дојде до посакуваната цел. Пештерата „Убавица" стана видлива и достапна. Тоа дојде како производ на долгогодишната соработка со италијанските спелеолози и локалниот спелеолошки клуб „Кораби". Следуваа истражувања што ги спроведоа светски познати експерти од областа, беше уреден влезот на пештерата за посетители, обучени 12 локални спелеолози, комплет опрема за шест лица и беше направено снимање на внатрешноста.

Единствена македоска пештера со три-де визуелизација

Дека пештерите не бездруго се загадочни и носат неизвеснот го потврдуваат и спелеолозите. Тие препорачуваат: Посета на пештерите без стручен водич е опасна. Затоа од голема важност да контактираат со надлежни стручни лица, но и да обезбедат опрема да имаат вештини при посета на пештера. Иако важи за една од најдостапните, пештерата „Убавица" поради хоризонталната ориентација, не може да се посети во секој период од годината поради зголемување на протокот на водата, која се наоѓа речиси во текот на целиот предел на пештерата. Заинтересираните можат да се јават во СК „Кораби". Доколку имате страв или едноставно не сте во можност да ја посетите во живо, можете преку овој линк на еден „побезбеден" начин да ја задоволите љубопитноста http://www.studiotecnicomt.it/Virtual_tour/Ubavica_Cave/05-Tour/Ubavica_2018.html

Преку виртуелната тура, наменета за пошироката јавност не мора да влезете во внатрешноста. Три де (3 D) е создадена по топографското скенирање на пештерата и дава извонреден приказ на оваа природна убавина.

Летово, заради ограниченото движење и забраните за патување во странство, пештерата ја посетија многу туристи и беа организирани повеќе тури. Меѓу последните беше и Рејчел Халовеј амбасадорката на кралството Велика Британија. Таа во ноември ја посети и ја разгледа внатрешноста.

Кога сме веќе кај пештерите, во Македонија се претпоставува дека има над 500 пештери. Ние ќе ви понудиме еден мал водич: Во Македонија се истражени 346 пештери и 12 јами и понори. За најдлабок објект се смета Солунска Глава, со длабочина од 450 метри. Овој објект е и најголем на Балканот, а во него има извонредни украси од зелен мраз и сталагмити високи до два метра. Посебна е пештерата Змејовец за која според легендата на Марко Цепенков, во оваа пештера доаѓале луѓе од секаде, поради лековитата вода што се наоѓала во пештерата. За најдолга хоризонтална пештера се смета Бела Вода, во близината на Демир Капија, со должина од 955 метри. За најубава се смета Слатински Извор. Со Законот за заштита на природните реткости се опфатени следниве пештери: Горна Слатинска Пештера (единствената пештера во Македонија со влез и со излез), Млечник, Убава и Пешна.

Угледниот американски весник „Њујорк тајмс" пишува дека пештерата Пешна кај Македонски Брод е идентична со измислените волшебни пештери кои биле специјално направени за снимањето на најпопуларниот филм на магијата и волшебството – Господарот на прстените. Сепак, најпозната и најдлабока пештера во Македонија е Врело./МИА

СДСМ обезбедува вистинска валоризација на трудот на припадниците на Армијата

СДСМ обезбедува вистинска валоризација на трудот на припадниците на Армијата, примањата на војниците и подофицерите за три години, зголемени за 50%

Владата предводена од СДСМ води континуирана грижа за припадниците на Армијата како полноправна членка на НАТО.

За само 3 години, три пати ги зголемивме примањата во Армијата и тоа како за платите така и за надоместоците. Заедно со 8.000 денари за станбено обезбедување, примањата кај војниците и подофицерите се зголемени за 50%.

Платите за сите цивилни лица на служба во Армијата пораснаа за најмалку 26%, а кај воениот персонал имаме зголемување на платите за 16%. И не застануваме тука. Секоја година ќе ги зголемуваме овие износи. Стандардот на припадниците на Армијата и понатаму ќе расте.

Дневниот износ на надоместокот за припадниците на Армијата при вршење на стражарска служба, дежурства, служба на посебни воени објекти, извршување на задачи во кризна состојба, гранично обезбедување и трупни патувања од први јануари годинава е зголемен за 15 проценти од 610 на 700 денари, а во неработните денови и празничните денови овој износ се зголемува за 20, односно, 30%.

Овој надомест се исплаќа, пред се на професионалните војници и подофицери, а во помал број и на офицери, според услови пропишани во правилник за активности кои траат повеќе од 24 часа, најчесто континуирано и повеќе денови, а начинот на извршување бара зголемен психички и физички напор.

Во 2017 година затекнавме состојба во која пропишаниот надоместок воопшто не се исплаќаше, туку во претходните десетина години имало подолги периоди во кои надоместокот бил компензиран само со слободни денови. Тоа доведувало до голема отсутност и нарушување на континуитетот во функционирањето на Армијата.

Редовната исплата и зголемувањето на надоместокот е уште едно исполнето ветување за вистинска валоризација на напорите и трудот на припадниците на Армијата.

СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ: Пропаднат и фалсификуван попис ќе значи залуден трошок за граѓаните

Пропаднат и фалсификуван попис ќе значи залуден трошок за граѓаните и одговорност за Зоран Заев, затоа е потребно повлекување на законот и целосен консензус.

Законот за попис власта го донесе на насилен и криминален начин со злоупотреба на европското знаме. Стандардите за спроведување на овој попис кој што Собранието го донесе имаат застарена методологија и не се усогласени со стандардите на ООН и стандардите на Евростат.

Зоран Заев сака да спроведе попис со кои што однапред се договорени резултатите од овој процес.

ВМРО-ДПМНЕ силно се спротивстави на ваквиот закон за попис, бидејќи овој процес нема да биде статистичка операција туку политичка операција и резултатот од овој попис се веќе договорени проценти од партиите на власта. За тоа говори и членот во законот каде што се предвидува двоен потпис за верификација или признавање на пописот, по неговото спроведување.

Од страна на СДСМ и Зоран Заев не беше прифатен ниту еден амандман поднесен од ВМРО-ДПМНЕ, ниту пак беше прифатен предлогот за време на пописот да се користат терминали за отисоци на прст

На граѓаните на Република Македонија не им треба политички попис, туку операција со вистински статистички бројки кои иднина ќе ги отсликуваат економските, социјалните стратегии за развој на Република Македонија.

ВМРО-ДПМНЕ е за одржување на попис на населението и домаќинствата кои што ќе има вистинска рефлексија на демографските состојби во Македонија

Го повикуваме претседателот Стево Пендаровски, барем еднаш да испадне од сенката на Зоран Заев и овој штетен закон за попис да не го потпише.

Доколку Пендаровски го потпише овој закон, ВМРО-ДПМНЕ ќе ги преземе сите правни и институционални механизми за да се спречи одржување на овој политички процес, наречен попис.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

притисни ентер