СДСМ: Власта да ги зголеми платите и да се потпишат колективните договори

СДСМ го разбира револтот на работниците во јавниот сектор и ги поддржува нивните барања за покачување на платите кои се целосно оправдани. 

Владата има обврска да обезбеди услови за потпишување на колективните договори и зголемување на платите.

Платите стагнираат, куповната моќ на работнците се намалува, а политиките на Владата на Мицкоски се сведуваат на служење на тесни бизнис интереси на елитата.

Во изминатите седум месеци, минималната плата остана непроменета, додека просечната плата стагнира. Системот за зголемување на платите, воспоставен од СДСМ, беше целосно напуштен од актуелната власт, што резултираше со влошување на животниот стандард на работниците.

Последните податоци од Државниот завод за статистика го потврдуваат тежок економски контекст во кој се наоѓаат работниците. Во декември 2024 година, трошоците за живот пораснаа за 4,4%, цените на основните производи се зголемија за 4,3%. Ова значи дека месечните плати не се доволни ниту за основните потреби.

Дополнително спорно е тоа што вработените во дел од јавниот сектор и министерствата се дискриминирани во однос на нивните колеги во други институции како Министерството за финансии, Службата за општи и заеднички работи на Влада, Генералниот секретаријат во Владата, кои добиле покачувања на платите.

СДСМ е на страна на работниците и бара од Владата итно да преземе чекори за зголемување на платите како и да обезбеди целосна рамноправност меѓу вработените во јавниот сектор. Потпишувањето на колективните договори, согласно барањата на работниците, мора да биде приоритет.

СДСМ и во изминатиот период, но и како власт, покажа дека ги разбира потребите и докажа што значи вистинска грижа за стандардот на работниците. Со низа на мерки и политики кои успешно ги реализиравме платите системски се покачуваа во сите сектори, трудот на работниците се ценеше и почитуваше.

За период од 7 години СДСМ ја зголеми минималната плата од 8.000 денари на над 20.000 денари а просечната плата од 22.000 денари на над 42.000 денари.

И како опозиција СДСМ предлагаше амандмани во Собранието за покачување на платите во различни сектори, за покачување на минималната плата, но власта тоа го одби.

Работниците заслужуваат власт која ќе го слуша нивниот глас, која ќе се грижи за нивните потреби и која ќе ги штити нивните интереси а не интересите на елитата.

СДСМ - Центар за комуникации со јавноста

Дел од јавната администрација денеска излезе на протест

 Вработени од јавната администрација  излегоа на протест барајќи потпишување на колективен договор и исплата на 30 проценти додаток на плата.

Од Синдикатот на УПОЗ, кој ги обединува синдикалните организации на повеќе министерства и други јавни институции, велат дека на протест излегуваат осум министерства, Државниот завод за статистика и државниот архив.

Пред министертвото за животна средина и просторно планирање е Маја Стојановска.

Маја повели со информациите за протестот ?

Во видеото погледнете го целиот извештај.

Диригентот Виктор Митревски настапи во Операта во Малме

 Македонскиот диригент Виктор Митревски на 8 и 10 јануари настапи како гостин диригент во Операта во Малме во Шведска, во новата продукција на една од најизведуваните опери од Моцарт „Така прават сите“ („Cosi fan tutte“). 

Оваа поставка на „Така прават сите“ носи поднаслов „Училиште за љубовници“ и претставува модерна интерпретација на Моцартовото ремек-дело.

Станува збор за хумористична и модерна интерпретација на операта од Моцарт чие дејствие се одвива на сосема неочекувана локација: „Икеа“. Во оваа верзија Алфонсо работи во „Икеа“, користејќи ја продавницата како сцена за својот клинички експеримент за трајноста на љубовта. Данската режисерка Катрин Видеман, која претходно ја постави оваа продукција во Осло, му даде современ и хумористичен контекст на ова класично оперско дело. Костимите и дизајнот на Маја Равн ја трансформираа „Икеа“ во перфектен подиум за истражување на љубовните врски, преку класичната битка на фразата „да се средат нештата“, без разлика дали станува збор за мебел и за љубов.

Виктор Митревски живее и работи во Виена во Theater an der Wien во тесна соработка со хорот „Арнолд Шенберг“. Тој студиите по диригирање ги почнал во класата на проф. Саша Николовски-Ѓумар на ФМУ во Скопје. Во 2016 година, ги завршил студиите по хорско диригирање на Универзитетот за музика и применета уметност во Виена, во класата на Ервин Ортнер. Следната година дипломирал и оркестарско диригирање на истиот универзитет во класата на проф. Симеон Пиронков и Урош Лајовиц со концерт со Словачката Филхармонија. За време на студиите е активен учесник на неколку семинари со познати диригенти како Фабио Луизи, Симоне Јанг, Бертранд де Били, Јоханес Шефли и др. Во 2012 дебитирал во Македонската Опера и Балет со „Аптекарот“ од Јозеф Хајдн, во 2014 диригирал со Балтичката Филхармонија во Гданск, Полска. Во 2017 година имал успешното деби во Виена и тоа во Theater an der Wien со експерименталниот проект Wir befreien Eurydike („Ја ослободуваме Евридиче“). Во 2020 бил асистент диригент на Лео Хусеин во изведбата на светската премиера „Хамлет“ на Јозеф Самер во Русе, Бугарија.

притисни ентер