Во трка за наградата „Роман на годината“ 43 дела

 На годинашниот конкурс за наградата „Роман на годината“ којшто траеше од 15 декември до 15 јануари, пристигнати се 43 романи. 

На конституитивната седница, жири-комисијата за доделување на наградата „Роман на годината“ за 2024 година, што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, констатирала дека во конкуренција се романи од различни жанрови и дека процесот на избор на најдобро дело воопшто нема да биде лесен.

Комисијата, во состав Лидија Димковска (минатогодишна лауреатка и претседателка на жирито), Маја Бојаџиевска, Ѓоко Здравески, Андреј Ал-Асади и Катерина Богоева (претставничка на Фондацијата) ќе направи неколку селекции на пристигнатите романи, а селектираните романи јавно ќе бидат објавени. Името на победникот треба да биде објавено до 15 март.

Наградата „Роман на годината“, поддржана од Министерството за култура, чиј генерален спонзор е „Комерцијална банка“ АД Скопје, годинава ќе биде доделена по 26-ти пат. Признанието се состои од плакета, оригинална статуетка и паричен износ од 150.000 денари.

Ѓоковиќ го затвори тренингот пред четвртфиналето против Алкараз

Најтрофејниот свтески тенисер во историјата, десеткратниот освојувач на Австралија Опен, Србинот Новак Ѓоковиќ овој понеделник тренираше во комплексот Мелбурн Парк, но за првпат го затвори тренингот за новинарите и пошироката јавност.

Комплексот го вклучува и Националниот тениски центар на Австралија, кој вклучува и затворени терени. Токму тука Србинот реши да направи генерална проба пред четвртфиналниот натпревар против Карлос Алкараз, кој е закажан за вторник во 11 часот по наше време.

Ѓоковиќ, инаку, цело време тренираше на терените на Националниот тениски центар зад затворени врати во текот на 2023 година, кога последен пат славеше во Мелбурн.

За разлика од Новак, Карлос Алкараз тренираше на отворени терени и сите можеа да ја видат неговата генерална проба за четвртфиналето.

Победникот од овој меч ќе игра во полуфиналето против подобриот од мечот меѓу Томи Пол (САД) и Александар Зверев (Германија).

Над 230 Палестинци осудени на доживотен затвор во Израел за да бидат ослободени

Над 230 Палестинци осудени на доживотен затвор во Израел за да бидат ослободени и испратени во егзил во трети земји.

- Договорот за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас, што стапи во сила вчера, предвидува повеќе од 230 Палестинци осудени на доживотен затвор да бидат меѓу ослободените во замена за 33 израелски заложници.

Израел објави список од 734 затвореници кои би можеле да бидат ослободени според првата фаза од договорот за прекин на огнот за ставање крај на 15-месечната војна во Појасот Газа, со посредство на Катар и со помош на САД и Египет.

Меѓу имињата на списокот - 296 се на затвореници осудени на доживотен затвор за извршување или учество во напади или бомбашки напади во кои беа убиени израелски државјани. Двесте триесет и шест од нив треба да бидат депортирани, главно во Катар или Турција, откако ќе излезат од затвор.

Првата фаза од договорот предвидува ослободување на околу 1.900 Палестинци затворени од Израел во замена за 33 израелски заложници држени во Појасот Газа.

притисни ентер