Во Кавадарци ќе се реставрира и става под заштита камената кула од 17 век

Ќе се реставрира и става под заштита камената кула од втората половина на 17 век, најстарата сочувана градба во Кавадарци. Тогаш била најдоминантна во градот. 

Ова го потврди кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев, одговарајќи на прашање од советникот во Советот на Општината, Горан Кузмановски.

Натка Китева, кустос историчарка во Музеј галеријата во Кавадарци, појаснува денеска за МИА дека станува збор за Маркова кула, што се наоѓа во најстарото градско јадро познато под името „Полана“, а таму денес се наоѓа и истоимениот мал парк. Позната е уште како Маркова или Турска кула и се наоѓа во Кулевското маало.

- Не е познато кој ја изградил, но со сигурност се знае дека имала одбранбен карактер како и останатите кули што се граделе во тој период. Средновековната кула под која започнало формирањето на градот е изградена од камен и малтер, а ѕидовите достигнуваат дебелина до 1 метар. По својата форма таа е со квадратна основа и е висока околу 20 метри, споделува Китева.

Кулата е на пет ката, а внатрешноста била изградена од квалитетно дабово дрво.

- Првиот и вториот кат се без прозорци, а на третиот има само еден тесен, мал прозорец. На четвртиот и петтиот кат има по три прозорци со железни решетки. На јужниот ѕид од четвртиот кат поставен е отвор за одбрана, а до прозорецот е нанесен симс од камен од каде е бранет пристапот во тврдината. Се раскажува дека оттука се фрлани камења, можело да се истура жешко масло и слично, подвлекува Китева.

На петтиот кат постои отвор што служел за одвод на нечиста вода. Единствен влез кулата имала на вториот кат, а пристапот до него бил направен со камени скали.

Здружение на судии: Ставање на црната листа на САД на кој било судија удар врз неговата чест

Ставање на црната листа на САД на кој било судија удар врз неговата чест и углед, бараме брзо решавање на случајот.

Ставањето на црната листа на САД, на кој било судија е сериозен удар за честа и угледот на конкретниот функционер на судската власт, истакнува денеска Здружението на судии на Република Македонија во врска со последните имиња кои беа објавени на црната листа на САД, меѓу кои е и апелацискиот судија Енвер Беџети.

-Имајќи го предвид значењето на етичкото однесување и интегритет на судиите кое треба да биде неприкосновено и во согласност, пред се со Уставот и Законите на нашата земја, но и согласно Меѓународните Закони и препораките на Европската унија и Соединетите Американски Држави како наши стратешки партнери, Здружението повикува на брзо решавање на случајот, пред се заради зачувување на независноста и интегритетот на судската фела во земјата, се наведува во соопштението на Здружението.

Стејт департментот на САД вчера соопшти дека воведува санкции против поранешниот заменик-претседател на Владата на Македонија Артан Груби и судијата на Апелацискиот суд Енвер Беџети поради нивна вмешаност во значителна корупција.

Според соопштението, Груби и Беџети примале мито со цел да ги поткопаат судските процеси поврзани со кривичната осуда на Сашо Мијалков, поранешен директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК). Мијалков беше санкциониран во 2022 година за значителна корупција според Секцијата 7031(в) од Законот за надворешни операции и поврзани програми на Стејт департментот. Покрај санкциите за Груби и Беџети, забрани за влез во САД се воведени и за членовите на нивните семејства.

Обвинетиот Нетанјаху првпат ќе се појави пред судот

Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху денеска првпат ќе се појави пред судот во долготрајниот судски процес за корупција против него.

Во 2019 година Нетанјаху е обвинет за поткуп, измама и нарушување на довербата. Судењето почна во 2020 година и опфаќа три кривични предмети. Нетанјаху ги негира делата и се изјасни за невин.

Обвинителите тврдат дека Нетанјаху му платил 1,8 милијарди шекели (околу 500 милиони американски долари) на компанијата „Безек Телеком Израел“, а за возврат барал објавување на позитивни вести за него и неговата сопруга Сара. Во овој случај, Нетанјаху е обвинет за поткуп, измама и нарушување на довербата.

Во друг судски процес Нетанјаху е обвинет за измама и нарушување на довербата во случај поврзан со наводите дека тој и неговата сопруга добиле подароци во вредност од речиси 700.000 шекели (210.000 долари) од холивудскиот продуцент и израелски државјанин Арнон Милчан и од австралискиот милијардер и бизнисмен Џејмс Пакер. Пакер и Милчан не се обвинети.

Нетанјаху е во друг случај е обвинет за измама и нарушување на довербата бидејќи преговарал со сопственикот на израелскиот весник „Једиот Ахронот“, Арнон Мозес, за поповолно покривање на неговата работа во замена за донесување закон за забавување на растот на ривалскиот весник.

И покрај обвинителните акти малку е веројатно наскоро да биде донесена пресуда за Нетанјаху. Доколку израелскиот премиер не се договори со обвинителите, ќе поминат месеци пред судиите да се изјаснат за случаите.

Согласно израелските закони премиерот не треба да се повлече, освен ако не биде осуден. Меѓутоа, доколку премиерот поднесе жалба на казната, тој може да ја задржи функцијата во периодот на жалба.

По обвиненијата за поткуп, Нетанјаху се соочува со казна затвор до 10 години и/или парична казна. За измама и злоупотреба на довербата предвидена е казна затвор до три години.

притисни ентер