Ковачевски:Апел за брзо прифаќање на историското зголемување од 15% на платите во образованиетo

​Вечерва на својот Фејсбук профил, претседателот на Владата Димитар Ковачевски упати апел до СОНК за итно, брзо и целосно прифаќање на договорените условите и одговорност.

Во продолжение ви го испраќаме статусот во целост.

„Успеавме да постигнеме значаен договор за вработените во образованието и покачување на платите од дури 15%, почнувајќи од септемвриската плата.

Ова зголемување на платите е најголемото досега и заедно со досегашните 21% зголемување е историски најголемата поддршка на вработените во образованието.

До пред само 5 години, максималното зголемување на платите беше 4%, без глобални кризи.

Сега, во услови на најголема економска и енергетска криза, покрај огромното процентуално зголемување, на вработените во образованието, преку колективните договори ќе им се овозможи и усогласување со минималната плата како и други придобивки. Воедно, ќе се дефинира методологија за континуиран раст на платите со што ќе се заштити стандардот на наставниците и ќе се овозможи континуирано зголемување на плата без потреба од дополнителна владина, институционална или политичка интервенција.

Апелирам до СОНК за брзо и целосно прифаќање на договорените условите и одговорност. Да може институциите да продолжат со конкретни активности за спроведување на овој историски раст на платите во образованието."

Бајден им оддаде почит на жртвите на расистичкиот масакр во Бафало

Американскиот претседател Џо Бајден денеска остро го осуди „отровот" на белиот супрематизам и сите оние кои го шират, по расистичкиот масакр од саботата во кој беа убиени десет луѓе во Бафало.

Во овој град во американската сојузна држава Њујорк, каде што еден млад човек, застапник на теориите на заговор, како онаа за „големата замена на населението", во саботата изврши масакр со автоматска пушка, американскиот претседател денеска зборуваше за „терористички акт".

Спомнувајќи ја оваа расистичка теза за „големата замена" на населението, Бајден, видливо потресен, кажа : „Ги повикувам сите Американци да ја отфрлат оваа лага и да ги осудат сите оние кои ја шират за да освојат власт, гласови, пари".

-Оние кои велат дека ја сакаат Америка, поттикнуваат омраза и страв, додаде 79-годишниот демократски претседател, без да открие имиња или партиска припадност.

„Тој отров, тоа насилство не смее да биде историјата на нашето време", посочи тој, бидејќи во последните години се случија серија масакри во САД, во кои жртви беа црнци, Евреи и луѓе со шпанско потекло.

Претседателот денеска од Бафало уште еднаш повика на регулирање на носењето огнено оружје.

-Не сум наивен. Знам дека трагедијата ќе се повтори (…) Но, има некои работи што можеме да ги направиме. Можеме да го забраниме автоматското оружје на нашите улици, рече тој.

Тој долго време го повикува Конгресот да го забрани автоматското оружје, како она што беше употребено во неделата. Но, овој негов став отсекогаш наидувал на противење од републиканците кои одбиваат каква било регулатива за ова прашање. /МИА

На патиштата низ САД лани погинале 43.000 лица

На патиштата низ САД минатата година погинале речиси 43.000 лица, што е најголем број на настрадани во последните 16 години и скок од 10 отсто.

Ова е најголем раст откако Националната управа за безбедност на сообраќајот на патиштата (NHTSA) го почна својот систем за собирање податоци за смртните случаи во 1975 година.

Американското Министерство за транспорт соопшти дека се соочува со криза на патиштата. Управата за безбедност на патиштата ги повика државните и локалните власти и возачите да се приклучат кон напорите за запирање на растечкиот број на жртви.

Прелиминарните податоци што денеска ги објави Управата покажуваат дека минатата година во сообраќајни несреќи загинале 42.915 лица, наспроти 38.824 во 2020 година, а конечните податоци ќе бидат објавени есенва.

Бројот на загинати во сообраќајот почна да расте во 2019 година.

Управата за ваквата состојба ги обвини несовесните возачи за време на пандемијата, а највиновно е брзото возење и возењето без појас. Пред 2019 година, бројот на погинати на патиштата опаѓаше три години по ред. /МИА

притисни ентер