СДСМ обезбедува вистинска валоризација на трудот на припадниците на Армијата

СДСМ обезбедува вистинска валоризација на трудот на припадниците на Армијата, примањата на војниците и подофицерите за три години, зголемени за 50%

Владата предводена од СДСМ води континуирана грижа за припадниците на Армијата како полноправна членка на НАТО.

За само 3 години, три пати ги зголемивме примањата во Армијата и тоа како за платите така и за надоместоците. Заедно со 8.000 денари за станбено обезбедување, примањата кај војниците и подофицерите се зголемени за 50%.

Платите за сите цивилни лица на служба во Армијата пораснаа за најмалку 26%, а кај воениот персонал имаме зголемување на платите за 16%. И не застануваме тука. Секоја година ќе ги зголемуваме овие износи. Стандардот на припадниците на Армијата и понатаму ќе расте.

Дневниот износ на надоместокот за припадниците на Армијата при вршење на стражарска служба, дежурства, служба на посебни воени објекти, извршување на задачи во кризна состојба, гранично обезбедување и трупни патувања од први јануари годинава е зголемен за 15 проценти од 610 на 700 денари, а во неработните денови и празничните денови овој износ се зголемува за 20, односно, 30%.

Овој надомест се исплаќа, пред се на професионалните војници и подофицери, а во помал број и на офицери, според услови пропишани во правилник за активности кои траат повеќе од 24 часа, најчесто континуирано и повеќе денови, а начинот на извршување бара зголемен психички и физички напор.

Во 2017 година затекнавме состојба во која пропишаниот надоместок воопшто не се исплаќаше, туку во претходните десетина години имало подолги периоди во кои надоместокот бил компензиран само со слободни денови. Тоа доведувало до голема отсутност и нарушување на континуитетот во функционирањето на Армијата.

Редовната исплата и зголемувањето на надоместокот е уште едно исполнето ветување за вистинска валоризација на напорите и трудот на припадниците на Армијата.

СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ: Пропаднат и фалсификуван попис ќе значи залуден трошок за граѓаните

Пропаднат и фалсификуван попис ќе значи залуден трошок за граѓаните и одговорност за Зоран Заев, затоа е потребно повлекување на законот и целосен консензус.

Законот за попис власта го донесе на насилен и криминален начин со злоупотреба на европското знаме. Стандардите за спроведување на овој попис кој што Собранието го донесе имаат застарена методологија и не се усогласени со стандардите на ООН и стандардите на Евростат.

Зоран Заев сака да спроведе попис со кои што однапред се договорени резултатите од овој процес.

ВМРО-ДПМНЕ силно се спротивстави на ваквиот закон за попис, бидејќи овој процес нема да биде статистичка операција туку политичка операција и резултатот од овој попис се веќе договорени проценти од партиите на власта. За тоа говори и членот во законот каде што се предвидува двоен потпис за верификација или признавање на пописот, по неговото спроведување.

Од страна на СДСМ и Зоран Заев не беше прифатен ниту еден амандман поднесен од ВМРО-ДПМНЕ, ниту пак беше прифатен предлогот за време на пописот да се користат терминали за отисоци на прст

На граѓаните на Република Македонија не им треба политички попис, туку операција со вистински статистички бројки кои иднина ќе ги отсликуваат економските, социјалните стратегии за развој на Република Македонија.

ВМРО-ДПМНЕ е за одржување на попис на населението и домаќинствата кои што ќе има вистинска рефлексија на демографските состојби во Македонија

Го повикуваме претседателот Стево Пендаровски, барем еднаш да испадне од сенката на Зоран Заев и овој штетен закон за попис да не го потпише.

Доколку Пендаровски го потпише овој закон, ВМРО-ДПМНЕ ќе ги преземе сите правни и институционални механизми за да се спречи одржување на овој политички процес, наречен попис.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Утре без струја дел од корисниците во Аеродром и Бутел

 Утре без електрична енергија во одреден период ќе останат дел од корисниците во општините Аеродром и Бутел.

Од ЕВН Македонија АД информираат дека без струја утре ќе бидат во периодот од 09:00-12:00 часот корисниците од бул.Јане Сандански згради број:86, 88 и 90 во општина Аеродром.

Во периодот од 08:00-09:00 часот без струја ќе останат корисниците од ул.Гоце Стојчевски згр.бр.5 влез 1,2 и 3, како и од ул.Лазо Москов згр.бр.2 влез 1,2 3 и 4 во општина Бутел.

притисни ентер