Зевзекманија - 10.05.2025 - Zevzekmanija - Канал 5

Кибер напад врз веб-страната на Албанската радиотелевизија

 Веб-страната на Албанската државна радиотелевизија и нејзините профили на социјалните мрежи, станаа цел на кибер напад.

Кибер напад врз веб-страната на Албанската радиотелевизија

Албанска радиотелевизија на социјалните мрежи ја призна привремената кражба на нејзината сметка и објави дека се работи на враќање на кибер безбедноста и бришење на објавите со несоодветна содржина.

„Нашата сметка беше предмет на кибер напад, што предизвика неавторизирани објави. Работиме на враќање на безбедноста и бришење на секаква несоодветна содржина. Ве советуваме да не комуницирате со сомнителни објави и да пријавувате секаква необична активност. Ви благодариме за разбирањето“, се наведува во соопштението објавено на официјалната страница на Радио Телевизија Албанија на Фејсбук.

Во меѓувреме косовските медиуми тврдат дека веб-страницата била нападната од српски хакери, кои откако ја презеле, почнале да објавуваат лажни вести и наслови: „Албанија го повлекува признавањето на Косово“ со фотографија на премиерот Еди Рама, „Косово е Србија“, беа само дел од насловите што беа објавени на официјалната веб-страна на РТШ, посочуваат албанските медиуми. /МИА

Мостот на Вардар кај Башино Село на влезот во Велес ќе биде реновиран навреме

Забрзано се одвива реконструкцијата на стариот и руиниран мост кај Башино Село на еден од влезовите во Велес, а изведувач на работите е „Синтек инженеринг“ ДООЕЛ Скопје кој работите ги започна на 21 март.

Мостот на Вардар кај Башино Село на влезот во Велес ќе биде реновиран навреме

Оттаму за МИА денеска информираа дека работите се одвиваат непречено и оти се ќе биде завршено согласно договорот за три месеци, односно до 21 јуни годинава.

Инаку од почетокот на март, по два месеци забрана за сообраќај, мостот повторно беше пуштен во функција, но сега сообраќајот се одвива само по средната лента каде е најмало оштетувањето на мостот и е регулиран од двете страни со семафор.

-Забрането е по него сообраќање на камиони потешки од 40 тона, а тоа го регулираат полициски екипи од СВР Велес, информира за МИА, Бобан Христов, раководител од „Синтек инженеринг“.

Тој појасни дека при градежните работи се третира долниот дел од мостот, се поставува нов вид материјал на столбовите за да се зацврстат, и со најсовремено решение се третира мостот од внатре. Воедно од професори на Градежниот факултет во Скопје е монтирана најсовремена опрема под самиот мост, која врши мониторинг 24 часа, и секое движење по мостот се евидентира.

-Засега нема проблеми околу тоа ,бидејќи сите возила се придржуваат на пропишаните правила и нема надминување на возила над 40 тона, рече Христов.

Тој појасни дека опшивката на столбовите која се работи не пречи на одвивање на сообраќајот по мостот.

-Столбовите што имаат карбонски траки се завршени, а моментално се работи само на заштитата одозгора, односно на премачкување со боксивна смола што е завршено во текот на денешниот ден. Имаме репаратур малтер односно санација на отпаднати бетонски делови за кои најпрво се прави целосно рушење на сите делови коишто се оштетени од бетон, а потоа се премачкуваат се репаратур малтер. Моментално се работи на последното 9-то и 10-то поле и во текот на неделава и тие ќе бидат завршени. Со тоа ќе ни остане армирањето на главните носачи на мостот коишто се оштетени и нивно наново бетонирање и зајакнување од нивната долна страна. Прво и второ поле ни се армирани, ќе започнеме со шалување и со бетонирање во наредните денови, а понатаму ќе се работи паралелно. Потоа ни останува поставување на челикот кој е од наше производство, на што моментално се работи. Ни треба и поставување на челични врски на столбовите, со што би се зајакнала конструкцијата на мостот. Планираме сето тоа да биде готово до 21 јуни како што е предвидено со рокот, се да биде завршено и мостот да биде реконструиран, појасни Христов.

Информира дека постојано се во координација со професорите од Градежниот факултет во Скопје и со Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) кое ја следи нивната работа.

Реконструкцијата на овој мост е финансирана од ЈПДП, односно Владата, а проектот е вреден 24.614.554 денари или околу 400.000 евра без ДДВ. Санацијата на мостот кај Башино Село првично треба да го продолжи неговиот век на користење за 5 до 10 години.

Ортагус: Либан сè уште има многу да направи во разоружувањето на Хезболах

Либан сè уште има „многу да направи“ за да го разоружа Хезболах, како што е предвидено во договорот за примирје меѓу шиитското движење и Израел, изјави денеска во Доха заменик-претставничката на САД за Блискиот Исток, Морган Ортагус.

Ортагус: Либан сè уште има многу да направи во разоружувањето на Хезболах

Либанските власти „направија повеќе во последните шест месеци отколку веројатно во последните 15 години“, рече таа како одговор на прашање за разоружување на проиранската група на Катарскиот економски форум.

„Меѓутоа, сè уште има многу да се направи“, додаде американската претставничка.

Проиранскиот Хезболах, единствената фракција што го задржа своето оружје по граѓанската војна во Либан (1975-1990), беше ослабен кон крајот на 2024 година по повеќе од една година непријателства со Израел, вклучително и два месеци отворен конфликт, предизвикан од војната во Појасот Газа.

Спогодбата за прекин на огнот склучена на 27 ноември предвидува отстранување на воената инфраструктура меѓу реката Литани и израелската граница, како и целосно повлекување на израелските сили.

Сепак, израелската војска ги задржа своите позиции на неколку јужни позиции во Либан и продолжи да извршува смртоносни напади во земјата, тврдејќи дека целта е Хезболах.

Либанскиот претседател Џозеф Аун кон крајот на април изјави дека армијата сега контролира повеќе од 85 проценти од југот на земјата.

„САД повикаа на целосно разоружување на Хезболах. И тоа не значи само јужно од реката Литани. Тоа значи низ целата земја“, рече Морган Ортагус и ги повика либанските власти да донесат одлука во таа насока./МИА

притисни ентер