Земјотрес на Исланд ноќеска траел 20 минути, се очекува ерупција на вулкан

Ноќеска, нешто по полноќ, бил регистриран земјотрес на Исланд, што траел дури 20 минути.

Иако Исланѓаните веќе подолго време се навикнати на честите земјотреси, овој земјотрес бил од поинаква природа и веројатно е поврзан со можна вулканска ерупција.

"Кратко по полноќ, во 00:22 часот е регистриран земјотрес во траење од 20 минути. Потресот бил сличен на оној регистриран на 3 март, освен што во тоа време траел неколку часа", напишале од исландскиот метеоролошки институт (ИМО).

Веќе повеќе од една недела, јужниот полуостров на Исланд е потресен од серија земјотреси. Откако земјотрес со јачина од 5,7 степени ја погоди областа на 24 февруари, биле регистрирани повеќе од 2.000.

Синоќа е регистриран земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтеровата скала на Исланд, со епицентар на 3 километри југозападно од планината Фаградалсфјал, а од полноќ во оваа земја се забележани повеќе од 30 земјотреси со јачина од над 3 степени.

Во средата, на 3 март, мерните станици низ Исланд забележале потрес што траел неколку часа. Со оглед на видот на сеизмолошката активност што е типична за движењето на лава, експертите предвидуваат дека може да избувне вулкан на околу 30 километри од главниот град Рејкјавик.

Исландските власти затоа се подготвуваат за можна помала ерупција, но не се плашат од посериозни последици. Ако се појави ерупција, тоа ќе биде прв пат по повеќе од осум века.

„Можноста за ерупција е реална, но треба да видиме како се развива активноста“, рече пред неколку дена Фреистин Сигмундсон, геофизичар на Универзитетот во Исланд.

"Во случај на ерупција, очекуваме таа да биде помала. Не очекуваме голема експлозивна ерупција, сметаме дека ќе има минимално влијание врз атмосферата, воздухот и сообраќајот и животот на луѓето", додаде тој.

Областа на Јужниот полуостров се наоѓа во сеизмички активната зона, каде се движат северноамериканските и евроазиските тектонски плочи. Ова предизвикува чести земјотреси, смени на магма и повремени ерупции.

Во Охрид приведено лице кое го фотографирало гласачкото ливче

Полицијата во Охрид денеска во 12:15 часот го привела лицето А.И.(48) од Охрид, затоа што го фотографирал гласачкото ливче на Избирачкото место 1271 во Охрид.

Како што соопштија од СВР Охрид, по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Полскиот парламент го реформира Уставниот трибунал

Полските пратеници почнаа дебата за реформирање на Уставниот трибунал, откако претходната влада ги смени функциите на институцијата.

Критичарите на минатите реформи тврдат дека тие ја поткопале независноста на судството. Новите реформи се услов кој го постави ЕУ да добие милијарди евра од европските фондови.

Брисел одлучи да ги ослободи блокираните средства, иако владата на проевропскиот премиер Доналд Туск не ги заврши потребните реформи.

Уставниот трибунал беше клучна тема по прашањето за судската власт за претходната Влада на партијата „Право и правда“. Функцијата на овој суд е да одлучува за законитоста на донесените закони. /МИА

притисни ентер