Земјоделците бараат одложување на новиот модел на субвенционирање

Одложување на примената на новиот модел на субвенции кој треба да стартува по Нова година и наместо казни и услови за земјоделците да се воведат дополнителни стимулации за оние кои ќе произведат повеќе храна .

Новиот модел на субвенции кој треба да стратува за еден месец наидува на жестоки критики кај земјоделците.

Според нив ништо не значи авансната исплата на субвенциите кога за да го добијат главниот дел од парите условени се да го дадат производството за многу ниски цени на откупувачите а не се предвидени заштитни механизми како активирање на стокови резерви или загарантинарни откупни цени под кои ако се откупува би се вршела доплата разликата.

Во новиот буџет според нив пари за стокови резерви има само за пченица и јачмен а интеврнентио фонд е преполовен па не може да се надеваат на исплата на разлика во цена туку се оставаат на милост и немилост на откупувачите.

За ваквиот нов модел потескторакската група за градинрство имала серизони забелешки дека нема развојна цел но сепак се донел од страна на министерството. Тие се револтирани од досегшниот однос на надлежните кои за да ги смират протестите по падот на откупната цена на зелката ветија дека со фонд од милион евра ќе се долатат 5 денари за секој килограм откупена зелка во најкус можен рок.

Но дури по 6 месеци градинарите кои на нивите веќе ја собраа втората култура добија наместо 5 по 3 денари и наместо по кантрарна белешка исплатата се пресметува по просечна родност од површина за што наместо милион евра се исплатија 650 илајди евра.

Како успешна приказна за новиот модел на субвенции власта често го потенцира сончогледот кој годинава го имаше двојно повеќе од лани но според земјоделците кај оваа култура не се дадоа авансно субвенции што е еден од принципте на новиот модел а двојното зголемување се должи пред се на ветувањата за повисоки откупни цени заради недостигот од масло за јадење по војната во украина ив воведувањето на дополнителна субвенција за остварен и предаден принос што е сосема различен модел од оној кој ќе се применува во 2023.

Земјоделците укажуваат дека по информациите кои пристигнуваат од Украина дека нема да има земјоделски производи од таму и ќе има голбален недостиг наместо манипулации со производителите да се одложи примената на новиот модел кој треба да се доработи заедно со земјдоелците и да се дадат навреме директните субенции за што поголемо домашно производство на храна.

Бизарна снимка има 92 милиони прегледи, на социјалните мрежи бараат казна за авторите (ВИДЕО)

Навикнати сме инфлуенсерите и креаторите на содржини да вршат разни акробации со цел да привлечат следбеници и да обезбедат што повеќе кликови.

Понекогаш, тоа значи ризикување на сопствениот живот.Сличен пример наоѓаме и на Инстаграм, каде корисникот Самит Дубеј објави бизарно видео кое ги подели мислењата на луѓето.

Гледаме млад човек, залепен со пластична фолија од надворешната страна на автомобилот, што можеби нема да биде проблем - доколку возилото не се движело по патот.

Навистина, автомобилот не оди брзо, но без разлика, тоа е ризичен потег.

Очигледно сѐ поминало без последици, а изгледа дека залепениот млад човек ужива во авантурата. Клипот е објавен на 12 април и брзо стана вирален, собра над 92 милиони прегледи и два милиони лајкови.

Коментарите биле исклучени по бројните критики за авторот, пренесува NDTV.

Во меѓувреме, видеото е споделено и на други мрежи, каде многу луѓе изразија загриженост за ваквото однесување. Имало и такви кои побарале полицијата да преземе мерки против актерот.

„Ниту еден сериозен и чувствителен човек нема да го направи ова. Не се шегувајте со животот, сѐ може да се случи, некој може дури и да те удри“, напишал еден корисник.

Друг додаде: „Најглупаво нешто што сум го видел во животот“.

Третиот истакнал: „Животот е бесценет, некој е зафатен со глупави шеги, си игра со животот, а каде е законот да го стават зад решетки“.

Воз во пламен помиона низ мало гратче во Канада, пожарникарите едвај го изгаснаа (ВИДЕО)

Запален товарен воз во ноќта меѓу неделата и понеделникот поминал низ центарот на канадскиот град Лондон!

На шокантната снимка може да се види дека најмалку пет вагони гореле и дека пожарот брзо се ширел. Шокираните жители врескале во своите автомобили додека минувал запалениот воз, но за среќа никој не бил повреден, објави Дејли Меил.

Засега не е познато што го предизвикало пожарот во возот.

На противпожарните екипи им биле потребни час и половина за да го локализираат пламенот и уште неколку часа за да се осигура дека пожарот е целосно изгаснат.

- Сѐ ќе третираме како подметнување пожар додека не се докаже спротивното, тоа беа стари железнички врски, кои не беа многу сигурни - соопштиле од противпожарната служба.

Шпанија основа фонд за 440.000 жртви на сексуално злоставување од католички свештеници

Шпанија ќе формира фонд што ќе биде финансиран претежно од Католичката црква за да им плати отштета на околу 440.000 жртви на повеќедецениската сексуална злоупотреба извршена од католички свештеници.

Шпанија ќе формира фонд што ќе биде финансиран претежно од Католичката црква за да им плати отштета на околу 440.000 жртви на повеќедецениската сексуална злоупотреба извршена од католички свештеници, блиски до нив и наставници, најави министерот за правда.

Ваква оценка даде извештајот на шпанскиот омбудсман во октомври по анкета на 8.000 луѓе.

Тогаш беше препорачано формирање на државен фонд, а Црквата беше обвинета дека не соработувала и се обидувала „да ја намали оваа појава колку што е можно повеќе“.

Министерот за правда Феликс Боланос им рече на новинарите дека Црквата, која беше исклучително влијателна во шпанското општество и политика до и по крајот на десничарската диктатура во 1970-тите, со децении не ги исполнила барањата за компензација и дека нејзините реакции на извештајот варирал во зависност од епархијата.

„Сакаме да дејствуваме за да спречиме, да го поправиме и да се обидеме да го вратиме долгот што нашето општество им го должи на жртвите“, рече Боланос.

Владиниот план, кој треба да се спроведе до 2027 година, предвидува сè уште недефинирана формула со која Црквата ќе бара „да го плати целиот надомест или нејзиниот поголем дел, како и гаранција за другите елементи од симболичната компензација“. Боланос рече дека неговото министерство ќе преговара со епископите за придонесот што црквата е подготвена да го плати во фондот и дека има впечаток дека свештенството е подготвено за соработка.

Но, во исто време, шпанската бискупска конференција објави дека не може да прифати план со кој се исклучуваат жртвите на сексуална злоупотреба во други организации бидејќи „претставува осуда на целата Црква и покрива само дел од проблемот“. Во ноември црквата за прв пат објави дека има намера да ги обештети жртвите и во случаи кои не се целосно решени бидејќи во меѓувреме починал свештеник, кој извршил злосторство.

Боланос рече дека независно експертско тело ќе ги проучува случаите во кои насилникот умрел, оние за кои истекол рокот на застареност или оние кои никогаш не стигнале до суд.

притисни ентер