Земјите од регионот пред одлука за целосно отворање на меѓусебните граници

Дали со есента ќе се кренат и рампите во регионот, конечната одлука за отворање на границите ќе падне следната недела, најави министерот за здравство Венко Филипче. 

Конечен епилог за промена на режимот за слободно движење на граѓаните од регионот ќе има следната недела на онлајн средба меѓу земјите од Западен Балкан, Бугарија и Грција.

-Епидемиолошката состојба е слична во целиот регион, па властите во земјите најавија координативен совет за заедничко дејствување во донесувањето одлуки. Но, претходно треба и да се укине условот за ПЦР-тест“ објасни Филипче

Од почетокот на пандемијата согласно епидемиолошката слика земјите од регионот повеќе пати ги менуваа правилата за влез и излез, но Ковид кризата ја наметнуваше потребата да се отворат границите поради економијата. Д-р Пановски е на став дека ако сами не се заштитиме помала е веројатноста дека друг од надвор ќе ни ја прошири заразата.

Во меѓувреме во нашата земја има нов раст на позитивни случаи со КОВИД-19. Само Изминатото деноноќие од спроведени 1545 тестирања, 144 нови заболени или за околу 10% повеќе од тестираните изминатиот период , починати се 8 лица.

И во Хрватска бројот на заболени расте, таму се потврдени 234 нови случаи на коронавирус, а шест лица починале. Нов рекорден број на потврдени зарази на дневно ниво од почетокот на епидемијата бележи и Словенија, само за еден ден има 137 нови случаи. Критично е и во Чешка, каде што замо минатата недела се регистрирани 3.130 нови случаи на позитивни на коронавирус.

Во Торонто промоција на книги на Крисанта Јанкула од Мала Преспа

 Во организација на литературното друштво „Браќа Миладиновци“ од Торонто, Канада, одржана е промоција на  три книги на наставничката по македонски јазик Крисанта Јанкула од Горна Горица, Мала Преспа, Албанија, јави весникот „Македониум“.

Станува збор за „Записи од мојот крај“, „Преспа под Албанија, Божја убавина“ и „Поезија и проза од мојот крај“.

Според весникот, промоцијата побудила голем интерес и внимание од македонската заедница во Торонто.

- Не можам да го опишам големо задоволство што сум меѓу Македонците во Канада. Горда сум што во текот на целиот мој работен век, но и сега со целото мое битие се залагам за заштита на мајчиниот македонски јазик, идентитет и традиции, рече таа на промоцијата.

Додаде дека записите од Преспа почнала да ги собира со цел традициите на Македонците да останат во наследство на другите генерации.

- Во мојата работа, голема помош имав и од моите ученици, кои помогнаа во прибирањето на метеријалот со изкази на нивните дедовци и баби, посочи таа.

Се до пензионирањето, Јанкула, наставник по македонски јазик, била во деветтолетката „Отпорот на Горичаните“ во Долна Горица, каде во одреден период била и директор.

Гризман се враќа на тренинзите во Атлетико Мадрид

Напаѓачот Антоан Гризман се врати на тренинзите со Атлетико Мадрид, објави „Marca“.

Триесет и двегодишниот Французин поради повреда ги пропушти мартовските натпревари на неговата репрезентација. За прв пат по 2017 година Гризман не играше за „триколорите“.

Оваа сезона Гризман одигра 38 натпревари на кои постигна 19 голови и имаше 7 асистенции.

Договорот на Французинот со Атлетико Мадрид е до крајот на јуни 2026 година.

Вулканот Ибу во централна Индонезија повторно исфрли пепел во висина од два километри

 Повторно е регистрирана ерупција на вулканот Ибу во провинцијата Северно Малуку во централна Индонезија, јавија индонезиските медиуми.

Вулканот исфрли пепел во висина околу два километри. Претходната ерупција беше на 26 март.

Локалните власти им забранија на жителите од регионот да се приближуваат до кратерот на растојание помало од два километри и ги повикаа луѓето да носат заштитни маски за да спречат респираторни заболувања.

Индонезискиот архипелаг, кој е најголем во светот, се состои од 18 илјади острови. Се наоѓа во таканаречениот огнен прстен на Пацификот, па во регионот е забележана силна сеизмичка активност. Во Индонезија има повеќе од 500 вулкани, од кои 130 се активни.

притисни ентер