Зеленски посети град на истокот, што беше под руска окупација

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска отпатува за Славјанск, недалеку од Бахмут, најголемото бојно поле во источна Украина, каде украинската армија со месеци дава отпор на руската офанзива.

Посетата доаѓа во момент кога Русија го обвинува својот сосед за напади со беспилотни летала на аеродромите на нејзина територија. Воздушните напади, кои Киев не ги препознава, сведочат за тешкотиите со кои се соочи инвазијата што Владимир Путин ја започна на 24 февруари.

Украинците продолжуваат да трпат прекини на струја, еден ден по новата серија руски ракетни напади врз енергетската инфраструктура на нивната земја.

Претседателот Зеленски ги објави своите две снимки во Донбас, како што самиот рече, во областа што Москва ја анектираше во септември, но не ја контролира во целост.

„Истокот на Украина е најтешкиот главен правец на бојното поле“, им рече Зеленски на војниците по повод Денот на вооружените сили. „Ви благодариме за цврстината“, додаде тој, а потоа им врачи награди на поединци.

Во друго видео на влезот во градот Славјанск, украинскиот претседател ги признава сите оние кои ги дале своите животи за Украина. Зеленски редовно посетува места во близина на бојното поле, што шефот на Кремљ никогаш досега не го направил, претпочитајќи да одржува видео-конференции од неговата канцеларија или од неговата резиденција.

Градот Славјанск е симбол затоа што проруските сепаратисти вооружени од Русија го окупираа неколку месеци во 2014 година, но Украинците подоцна го ослободија.

Славјанск е оддалечен 45 километри од Бахмут, кој руските сили се обидуваат да го освојат од летото по цена на големи разурнувања, но засега не им успева. Москва таму распореди не само војници, туку и членови на паравоената група Вагнер, која регрутира осуденици.

Освојувањето на Бахмут конечно би било успех за Русите, кои трпат порази од есента и мораат да се повлечат на североисток и југ.

Поради серијата понижувачки порази, Кремљ во октомври одлучи да ги насочи своите напади врз украинската енергетска инфраструктура, оставајќи ги жителите на Украина без струја, вода и греење, во време кога доаѓа зимата со негативни температури, снег и мраз.

Во последните два дена Москва ги осуди украинските напади на воените аеродроми, од кои два, насочени вчера, се на стотици километри од границата. Киев официјално не презеде одговорност за ниту еден од нападите.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, тие напади ги нарече опасен фактор, накратко додавајќи дека ќе ги преземе неопходните мерки.

Утрово во уште еден напад со дрон во реонот на аеродромот во Курск, овој пат во близина на украинската граница, се запали резервоар со нафта. Претседателот Путин свика состанок на Советот за безбедност на тема внатрешна безбедност, рече Песков, без да даде детали.

Киев и Москва извршија уште една размена на заробеници, соопшти руското Министерство за одбрана, наведувајќи во соопштението дека денеска во таа операција се ослободени „60 руски војници“.

На фронтот на санкциите, Русија продолжува да ги минимизира ограничувањата наметнати од Западот на цената на нејзината сурова нафта, обидувајќи се да влијае на намалувањето на приходите од нафтата кои ја финансираат војната во Украина.

„Нема сомнеж дека ќе имаме купувачи за нашите (нафтени) производи“, изјави рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Рјабков.

Средба Ковачевски – Азески за приоритетите во економијата

Азески со порака до сите политички партии – позициите на комората се јасни.

Продолжуваат партиските консултации со бизнис заедницата во земјава за нивните предизборни програми, по ВМРО – ДПМНЕ и ДУИ, и лидерот на Социјал демократите, Димитар Ковечвски оствари средбaсо првиот човек на Стопанската комора, Бранко Азески.

Нови мерки и политики, повисока минимална и просечна плата, економски раст, повеќе инвестиции, отворање нови работни места, унапредување на севкупните економски односи во државата – се само дел од мерките зацртани во програмата на СДСМ кои денеска беа презентирани и пред бизнисот.

Азески со порака до сите политички партии – позициите на комората се јасни.

Дополнително Азески се осврна и на законот за забрана на нефертрговски практики и листата на производи кои треба од есен да поевтинат. Според претседателот на Комората листа не треба да има, но вели нема да ја кочат примената на новото законско решение.

Изминативе денови претставници на политичките партии остварија повеќе работни средби со коморите во земјава, а очекувањата на бизнисот се дека тие ќе продолжат и во иднина, со цел да се чуе и нивниот став.

СДСМ: Понудата на ДПМНЕ е понуда за блокада на ЕУ, над 80% од листите се истите пратеници

Составот на кандидатските листи за пратеници од ВМРО-ДПМНЕ потврди дека нема никаква промена во оваа партија.

Ова е понуда за блокада на европскиот пат на државата, тоа е кристално јасно.

Над 80% од предложените кандидати за пратеници се истите кои досега спроведуваа активна блокада на македонското Собрание.

Освен блокада на европскиот пат на државата повеќе од 2 години Собранието е под опструкции, блокади, кочење, од страна на ВМРО-ДПМНЕ

Наместо за интересот на граѓаните и државата се спроведуваа теснопартиски инетерси а често слушнавме и навреди и омаловажувања кон жените-пратенички.

Во време на криза во Собранието ја блокираа помошта за граѓаните и компаниите.

Беа против минималната плата и раст на платите и против членството на државата во ЕУ.

Тропаа и вревеа со вувузели во парламентот.

Граѓаните беа сведоци на одолговлекувања, бесмислени реплики, штанцање илјадници амандмани за блокада на законите, незакажување седници и неставање на дневен ред на клучни закони во парламентарните комисии, предводени од опозицијата.

Со истите лица на листите Белата палата потврдува дека се определува за блокада на европскиот пат на државата. Со ДПМНЕ е можно само враќање назад.

Во ВМРО-ДПМНЕ нема никаква промена и не можат да донесат никакви промени на подобро, напротив.

Затоа, кристално јасно е.

Изборот пред граѓаните на претстојните избори ќе биде помеѓу надеж и просперитетна европска иднина со СДСМ и безнадежност, враќање 10 години назад со ДПМНЕ далеку од ЕУ.

Прес-конференција, Санела Шкријељ, пратеничка

СДСМ

Фото: Тони Кукоч во белградска арена за Јокиќ: „Тој е плејмејкер“

Еден од најдобрите европски кошаркари на сите времиња, асот на Југопластика, Бенетон, Чикаго, Тони Кукоч даде свој коментар за најдобар играч на НБА лигата центарот на шампионот Денвер, Никола Јокиќ.

Легендарниот Пинк пантер од Сплит, Тони Кукоч освои три титули во НБА како член на познатата генерација на Чикаго Булс со Мајкл Џордан, Скоти Пипен и Денис Родман, но освои и три трофеи во Евролигата со славната Југопластика.

Минатата сезона Јокиќ ги предводеше Денвер Нагетс до нивната прва титула во историјата на франшизата од Колорадо, а претходно беше и два пати МВП на лигата.

„Денешните играчи кои доаѓаат од Европа се многу ценети и секој тим што оди во плеј-офот сака да има еден или двајца европски играчи. Европските играчи имаат способност да играат на повеќе позиции, полесно ги поврзуваат тимовите. Јокиќ... може да игра било што, на било која позиција. Кога ќе го погледнеш не е ни брз, ниту добар скокач, но неговиот мозок е две секунди пред нна сите други.Тој ја чита таа кошарка, нема да кажам дека игра, бидејќи во НБА не можеш да се играш, тоа е физички напорно, но се гледа дека тој е таму и ја чита играта. Го контролира целиот тим. Поради неговата висина игра центар, но тој е плејмејкерот на тој тим“, истакна Кукоч.

Славниот југословенски кошаркар потоа откри како легендарниот тренер од шампионските денови на Чикаго, Фил Џексон му објаснил дека шутирањето е можеби најмалку важното нешто во кошарката.

„Можете да ги прашате Џордан и Џексон за кошарката, но најважно е да се погледнете во огледало и да се запрашате што пропуштате. Ако сте искрени, тогаш брзо ќе дознаете. Мојата прва година со Булс , играв 27-29 минути, понекогаш почнував, но кога се врати Мајкл, тогаш почнував од клупа. Затоа Фил Џексон ми објасни дека не зависам од шутот,во кошарката има многу работи на кои треба да се работи.Шутирањето е можеби најважното.Треба да играш одбрана,се да знаеш, ... шутирам, промашувам, сакам да ја пресечам топката, мојот играч постигнува кош... Тогаш Фил Џексон ми рече дека тоа му пречи. “

Тони Кукоч и неговиот соиграч и пријател од Југопластика легендарниот Дино Раџа вчера беа гости на мечпот во Белград меѓу Партизан и Олимпијакос.

Двете кошаркарски легенди добија овации од преполните трибини .

притисни ентер