Зеленски: Нема поделба, нема раскол меѓу Европејците

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја повика Европа да одржи единство против руската војна и значително да ја ограничи цената на руската нафта.

„Нема поделба, нема раскол меѓу Европејците и ние мора да го зачуваме тоа. Ова е нашата мисија број еден оваа година“, рече тој во обраќањето преку видео врска на конференцијата во Литванија.

„Европа си помага себеси. Не и помага на Украина да се спротивстави на Русија, ова и помага на Европа да се спротивстави на руската агресија“, додаде тој.

Голем дел од Украина остана без греење и струја по најразорните воздушни напади на Русија врз нејзината електрична мрежа, а жителите на Киев беа предупредени да се подготват за понатамошни напади и да набават вода, храна и топла облека.

Владите на Европската унија во четвртокот беа поделени околу тоа на кое ниво да ги ограничат цените на руската нафта за да ја ограничат способноста на Москва да ја финансира војната, при што Зеленски ги повика лидерите на ЕУ да се договорат за предлог од 30 долари.

„Намалувањето на цената е многу важно. Слушаме за (предлози да се постави горната граница за барел на) 60 или 70 долари. Таквите зборови повеќе звучат како отстапка (кон Русија)“, предупреди Зеленски.

„Но, јас сум многу благодарен на нашите балтички и полски колеги за нивните предлози, сосема разумни, да се ограничи цената на 30 долари за барел. Тоа е многу подобра идеја“, додаде украинскиот претседател. Членките на ЕУ во средата не успеаја да постигнат договор за ограничување на цената на руската нафта, бидејќи земјите беа поделени по предлогот на групата Г7 - граница од 65 до 70 долари за барел.

Полска сака плафонот да биде 30 долари, тврдејќи дека со трошоците за руско производство проценети на 20 долари за барел, предлогот на Г7 би овозможил преголем профит за Москва. Литванија и Естонија ја поддржуваат Полска.

„Гответе со Дракче“ - Чаен колач

Во четврток (18.04.2024) во емисијата гостин ни беше Анета Љумаковска.

Состојки за денешниот рецепт:

3 јајца

2 банани

1 јаболко

1 лажиче мед

1 кесичка прашок за пециво

2 лажици интегрално брашно

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Австралија ги советува своите државјани да ги напуштат Израел и палестинските територии

Австралија побара од своите граѓани да го напуштат Израел, наведувајќи ја „големата закана од воени репресалии и терористички напади“.

„Ги повикуваме Австралијците и во Израел или во окупираните палестински територии да заминат ако е безбедно да го сторат тоа“, се вели во известувањето од Министерството за надворешни работи.

Владата на Австралија претходно им порача на граѓаните да избегнуваат патување во двете области доколку е можно и, доколку се загрижени, да заминат. /МИА

Остин разговарал со Галант пред извештаите за експлозии во Иран

Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин разговараше во четвртокот со израелскиот министер за одбрана Јоав Галант за „регионалните закани и дестабилизирачките дејства на Иран на Блискиот Исток“, соопшти денеска Пентагон.

Повикот е остварен пред Израел, како што пренесуваат медиумите, да изврши напад на територијата на Иран, а во соопштението на Пентагон не се споменува дискусија за плановите на Израел за тој напад, јави Си-Ен-Ен. Неименуван висок американски функционер за Си-Ен-Ен изјави дека Израел во четвртокот ги известил САД дека во наредните денови ќе возврати на нападот на Иран извршен минатиот викенд и дека Вашингтон не ја поддржува таа акција на Тел Авив.

Тензиите меѓу Тел Авив и Техеран се зголемија по нападот на Иран врз Израел на 13 април, со повеќе од 300 беспилотни летала и проектили. Неименуван американски функционер претходно за Си-Ен-Ен изјави дека Израел утринава извршил напад на иранска територија, а иранската државна телевизија објави дека три беспилотни летала биле забележани над небото во Исфахан и биле уништени откако системот за противвоздушна одбрана на земјата бил активиран. /МИА

притисни ентер