Зеленски им се заблагодари на Македонија и 8 земји за поддршката за членството во НАТО

Претседателот на Украина Володимир Зеленски им се заблагодари на деветте земји, меѓу кои и на Македонија, кои го поддржаа членството на Украина во НАТО.

-Благодарност до земјите од централна и источна Европа за поддршката за членството во НАТО и за осудата на рускиот обид за анексија на нашите територии, напиша Зеленски на Твитер.

Неговата порака следи откако денеска претседателoт Пендаровски и претседателите на Чешка, Естонија, Латвија, Литванија, Македонија, Црна Гора, Полска, Романија и Словачка во заедничка изјава соопштија дека не ја признаваат и никогаш нема да ги признаат руските обиди за анектирање на која било украинска територија.

Во изјавата се наведува дека тие силно ја поддржуваат одлуката од самитот на НАТО во 2008-та година во Букурешт за идното членство на Украина..

Катарина Живковиќ во најминијатурно мини што некогаш сте го виделе (фото)

Младата поп уметница ги воодушеви своите фанови со најновиот имиџ, но имаше и такви кои се запрашаа што носи и како функционира во таква комбинација.

Пејачката Катарина Живковиќ редовно настапува во регионот. Нејзината најнова објава на Инстаграм за која доби низа пофалби пред сè за физичкиот изглед, ги збуни нејзините придружници, имено, не им беше најјасно дали во долниот дел носи појас или здолниште.

Сепак, тие го оценија нејзиниот изглед како успешен и се согласија дека пејачката никогаш не изгледала поатрактивно. Во горниот дел Каќа се одлучила за маичка од тул со долги ракави, па привидно изгледа како нејзиното тело да го покрила со тетоважи. Оваа комбинација ја дополнила со долги црвени чизми до над колена.

Поединци на шега прашуваа дали Каќа „го заборавила здолништето некаде по пат“, како и тоа дали може да седи со тоа мало парче облека.

Сепак обожавателите на Инстаграм, каде пејачката ја следат околу 300.000 лица, нејзиниот изглед го оценија како впечатлив.

Овде живеел Саша Поповиќ пред да се збогати, нема да верувате кој му бил дедо (Фото)

Хармоникашот и човекот одговорен за кариерите на бројни млади пејачи, Саша Поповиќ, може да се пофали со многу интересна животна приказна.

Еден од најмоќните и секако најбогатите луѓе на регионалната музичка сцена е роден во 1954 година во Нови Сад, каде живеел до 1996 година кога се преселил во Белград. Со своите баба и дедо, родителите и пет години постарата сестра живеел во парохискиот дом покрај Николаевска црква каде што служел неговиот дедо. Стеван Поповиќ бил свештеник три децении.

Едно време се шпекулираше дека токму дедото на Поповиќ ги венчал Алберт и Милева Ајнштајн во Николаевската црква.

- Не знам дали дедо ми ги крстил децата на Милена и Алберт Ајнштајн. Она што е сигурно е фактот дека тој беше првосвештеник 30 години, во периодот 1933-1963 година – изјави еднаш Поповиќ за локалните медиуми.

Како дете сакал да игра фудбал, па татко му го одвел на првиот натпревар на фудбалскиот клуб „Војводина“ кога имал осум години. Оттогаш фудбалот му станал главна преокупација. Неколку години тренирал во Војводина и сонувал професионално да се занимава со тоа. Сепак, животот го одвел во сосема друга насока.

Неговиот татко му купил хармоника, а подоцна Поповиќ се запишал во средно музичко училиште и ја продолжил музичката кариера. Веќе на 17 години имал свој оркестар со кој настапувал на разни веселби. Со емотивна и финансиска помош на родителите го основал оркестарот „Лира шоу“ со кој доживеал голема популарност. Пресвртот се случил кога Милован Илиќ Минимакс во неговата емисија „Претежно ведро“ на гостите им пуштил снимка од настапот на оркестарот на Поповиќ. Тогаш Брена го добила прекарот „Лепа“, а оркестарот „Лира шоу“ официјално станал „Сладки грех“.

Инаку, Саша Поповиќ е во среќен брак со Сузана Јовановиќ со кого ја имаат ќерката Александра. Сузана од првиот брак го има и синот Даниел.

Фото: Манекенка во бикини на плажа во Мајами

Светски познатата манекенка, модел и ди џејка Шантел Џефрис е фотографирана на плажа во Мајами.

30-годишна убавица уживала во својот слободен ден, а фоторепортерите знаеле каде ќе направат вистински нејзини жешки фотографии.

Атрактивната Шантел уште еднаш покажа дека е модел со природни облини - без силикон и филер.

Шантел сака сонце и плажа и ја користи секоја можност да ужива во животот.

притисни ентер