Зекири: ДУИ да ги остави граѓаните сами да одлучат за кого ќе гласаат, знам дека ќе одберат „Можеме"

Чаир се менува благодарение на Владата предводена од СДСМ и претседателот Заев.

Ако споредиме како беше Чаир за време на ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ и времето на СДСМ разликата е голема. Главните патишта кои не се рехабилитираа со години, сега се изградени со стандарди. Чаирчани почувствуваа како е државата да се грижи за секој, рече потпретседателот на СДСМ Мухамед Зекири на вечерашната трибина на коалицијата „Можеме" во Чаир.

Набројувајќи ги Бит Пазарската улица, улицата Ѓорѓи Поп Христов во Топанско поле, Пластичарска улица, средното училиште Цветан Димов на улица Џон Кенеди, Зекири истакна дека сé ова е заслуга на СДСМ и Градот Скопје.

Ова, според него, докажува дека СДСМ на дело го покажува концептот „едно општество за сите".

-Нема веќе општина која е запоставена во зависност од тоа кои етнички групи живеат таму. Слушам, Талат Џафери нема собир со граѓани каде не ме спомнува мене, прашувал што сум правел јас? Ќе ви кажам. Јас со СДСМ и Заев, сме направиле многу. Сме членка на НАТО – тоа што за ДУИ остана само еден сон. Ги ослободивме граѓаните од страв, кога вие заедно со ВМРО-ДПНМЕ ги плашевте. Граѓаните се плашеа од тенденциозни акции на полиција организирани во доминантно албанските средини кои на крајот ќе создадат раздор и непријателства, рече Зекири.

Постигнавме, дополни, способна држава и функционални институции, што подразбира и владеење на правото и воспоставување систем на вредности со почитување на човековите права на секој поединец.

Воедно порача граѓаните да не потпаднат на предизборни влијанија.

-Пред два дена во Гази Баба им порачав на административците да не се плашат од опструкциите што ДУИ им ги прави. Сега слушам и функционери на ДУИ им опструираат на граѓаните. Нема да спомнам имиња, но знаете кои сте. Вашите функционери, Ејуп Халими и Исмет Гури ќе одат во затвор затоа што правеа изборен криминал. Оставете ги граѓаните сами да одлучат, подвлече Зекири./МИА

Маж од Подгорица исфрлил гола проститутка на улица, полицајците шокирани од полот (ФОТО)

Случајни минувачи кои пред неколку ноќи се нашле во елитната населба Мастер кварт во Подгорица биле сведоци на крајно бизарна сцена - на улица имало сосема гола проститутка.

Како што дознава Телеграф.рс., неименуван маж исфрлил целосно гола проститутка од станот на улица.

Околу 3 часот и 25 минути, случајни минувачи пријавиле во полиција дека преку Блажов мост кон Собранието на Црна Гора се движела сосема гола жена.

Се покажало дека е транс девојка.

Како што дознава Телеграф.рс, претходно дошло до расправија.

Предметната девојка била од Шпанија и работела како деловна придружба.

Била со партнерот и не сакала да соработува со полицијата. Таа била пренесена во Ургентниот центар за да се провери дали е повредена, но таа одбила помош.

Инаку, дотичната има профили на сајтови за придружба, на кои јасно се посочува дека е транс и дека сè уште не направила операција за промена на полот, објави Телеграф заедно со ВИДЕО.

Старателка призна дека убила дете и го фрлила во шахта: Имав син, му го одзедов животот (ВИДЕО)

Старателката Пами Меј (48) од Колумбус, Охајо, признала дека го убила момчето Дарнел Тејлор (5), а потоа го фрлила неговото тело во шахта.

Таа на 13 февруари годинава збеснала кога го видела како јаде грицки во креветот, а потоа решила да го казни, објави Ен-Би-Си.

Почнала да го дави со рацете, а кога сфатила дека момчето не е живо, телото го фрлила во шахта во близина на куќата во која живееле.

Телото на момчето било пронајдено неколку дена подоцна.

Пеми веднаш била уапсена и во полиција го признала убиството, а нејзиното признание е снимено на камера.

„Барем имаш деца. Имав син, но му го одзедов животот“, се слуша како Пем му кажува на еден од полицајците.

Во видеото таа открила дека решила да го убие Дарнел откако претходно во текот на денот го видела како се прикрадува со грицки во креветот.

Тоа толку ја налутило што точно планирала како да го убие момчето.

Во еден момент влегла во собата и почнала да го гуши. Таа рече дека момчето се обидело да се одбрани, но во еден момент престанало да се движи.

„Тогаш сфатив дека повеќе не е жив“, рече таа.

За време на полицискиот разговор, Пеми не покажала никакви емоции или знаци на каење.

Судењето на Пеми се очекува да започне на 25 април.

Аргентина бара партнерски статус во НАТО

Аргентина побара од НАТО да стане еден од глобалните партнери на тој безбедносен сојуз, изјави денеска министерот за одбрана Луис Петри во време кога неговата земја бара начин да ги зајакне врските со САД и Европската унија.

Аргентина во вторникот објави дека купува 24 американски борбени авиони Ф-16 од Данска, договор поддржан од Вашингтон.

Министерот Петри се сретна со заменик генералниот секретар на НАТО, Мирчеа Џоана и му врачи писмо во кое се изразува интересот на Аргентина да стане партнер на западната воена алијанса, објави министерот на X.

Според НАТО, глобалните партнери работат со членките на алијансата за споделување разузнавачки информации и учество во воени вежби.

Глобалните партнери на НАТО ги вклучуваат, меѓу другите, Австралија, Колумбија, Ирак, Јапонија, Јужна Кореја, Монголија, Нов Зеланд и Пакистан.

притисни ентер