Зечевиќ од Могила: СДСМ ги препознава историските сигнали и моменти и делува одговорно

СДСМ како државотворна партија повторно е исправена пред историски предизвици да ја оствари стратешката цел поставена од независноста - целосна интеграција во ЕУ. 

СДСМ ги препознава историските сигнали и политички моменти на глобалната карта и делува одговорно за македонската иднината, рече генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ, на средба со членови и симпатизери на партијата во Могила.

Зечевиќ додаде дека светот и Европа се престројуваат за новото време и колку побрзо сите политички субјекти и чинители во општеството тоа го препознаат и се вклучат во овие процеси кои ги води СДСМ толку подобро за нацијата и државата.

-Принципите на државотворност и национална одговорност врз коишто опстојуваат македонските социјалдемократи во исклучителните историски моменти повторно ја играат клучната улога за иднината на земјата. Европска Македонија мора да биде на иста маса со најголемите прогресивни европски држави и да води заеднички политики. СДСМ го трасира тој пат, ние ги препознаваме сигналите и историските моменти. Овие сигнали мора да бидете препознаени широко, од сите општествени чинители и да се приклучат во овие процеси. Заедно да се подготвиме, да ги поставиме магистралите на новото време, рамноправни со сите нации во големото европско семејство. Тоа е нашата пресвртница за сигурна иднина, со сета своја посебност. Тоа е суштината од исполнувањето на националните интереси, подобар живот и остварен национален сон, рече Зечевиќ, се наведува во партиското соопштение.

Верстапен ја освои пол-позицијата за ГН на Кина

Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, ја освои пол-позицијата во квалификациите за Големата награда на Кина.

Верстапен извози најбрз круг со време 1:33.660 минута. Неговиот тимски колега Серхио Перез го освои второто место, а возачот на Астон Мартин Фернандо Алонсо го освои третото место.

Луис Хамилтон од Мерцедес кој спринтот го заврши на второто место не успеа да излезе од првиот сегмент, завршувајќи на 18. позиција.

На спринтот победи Верстапен.

Големата награда на Кина од Формула 1 шампионатот ќе почне утре од 9 часот по македонско време. /МИА

Руски воен репортер загина во Украина

Воениот известувач на рускиот весник „Известија“ Семјон Еремин, загинал во напад на украинско беспилотно летало во југоисточна Украина, објави весникот.

Нападот се случил вчера кога 42-годишниот Еремин и неговата екипа се враќале од снимање од селото Прјутне, во близина на линијата на фронтот во регионот Запорожје.

Украина досега не го коментираше настанот.

Најмалку 15 новинари се убиени од почетокот на руската инвазија на Украина во февруари 2022 година, според Комитетот за заштита на новинарите, непрофитна организација која се залага за слобода на медиумите ширум светот. /МИА

Леброн: Јокиќ е еден од најдобрите на сите времиња

Првата ѕвезда на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс искажа комплименти за центарот на Деневер, Никола Јокиќ.

Лејкерси ќе се сретнат со Нагетс во 1. коло од плејофот, а дуелот Џејмс – Јокиќ предизвикува големо внимание кај светската кошаркарска јавност.

- Еден од најдобрите досега. Едноставно е таков. Јокиќ може се. Што е најважно, тој го менува начинот на кој неговите соиграчи размислуваат за сопствената игра. Кога некој може да ги инспирира другите да играат на ниво на кое не ни знаеле дека можат, тоа е доказ дека зборуваме за навистина одличен играч, рече Џејмс.

Првата средба во плејоф пресметките меѓу Лос Анџелес лејкерс и Денвер нагетс е закажана за утре. /МИА

притисни ентер