Здружението „Една може": Да се реши проблемот на самохраните родители, нема кој да им ги чува децата

 Имено, како ранлива група ретка е можноста нашите деца да ги чуваат нашите родителите, некои ги имаат, некои не, некои пак се дискриминирани и од самите родители и немаат нивна поддршка. 

Здружението за унапредување на правата на самохраните мајки „Една може!" преку соопштение бара од надлежните органи, националните институции, одлучувачките тела и локалните самоуправи, а во овој период и од Владата, Кризниот тим за постапување во вонредни состојби и Министерството за труд и социјална политика, да се реши проблемот на самохраните родители – во најголема мера – на жените самохрани мајки по различни основи, кои секојдневно се среќаваат со непремостливи проблеми, а посебно се погодени и под висок ризик, од почетокот на кризата предизвикана од Ковид-19.

– Имено, како ранлива група ретка е можноста нашите деца да ги чуваат нашите родителите, некои ги имаат, некои не, некои пак се дискриминирани и од самите родители и немаат нивна поддршка. Сепак, станува збор за две ранливи групи (мали деца и стари лица) каде што согласно препораките за заштита од коронавирусот, посебно е нагласено дека меѓусебно не треба да се мешаат. Алтернативни решенија за згрижување на нашите деца немаме, имајќи предвид дека градинките и центрите за деца кои вообичаено ги згрижуваат децата до 10 – годишна возраст во летниот период се затворени. И покрај тоа, ние мораме да одиме на работа, бидејќи како еднородителски семејства тоа е нашиот единствен извор на егзистенција, но згрижувањето на нашите деца е неизвесно. Со тоа, нашите семејства стануваат критични семејства со зголемен потенцијален финансиски и здравствен ризик, посочуваат од Здужението.

Тие бараат од належните да имаат разбирање и емпатија за оваа група граѓани/ки кои поради различни околности останале сами да ги подигнуваат своите деца.

Дел од нив бараат да продолжи да важи мерката, исто како и за родителите, чии деца одат во градинка и не се опфатени со најновата мерка – враќање на работа, како што беше одлуката на 65-та седница на Влада.

Според нив, секое еднородителско семејство треба да си направи најсоодветен избор: дали сака да користи мерка за ослободување од работа или сака да избере паричен државен трансфер со конкретна намена „обезбедување негувателка" за сите кои имаат потреба од вакво нешто.

– Следното неопходно во кое силно веруваме дека е потребно, е даночно ослободување и намалување на комунални трошоци за секое еднородителско семејство. Со само еден потег би се решиле неколку проблеми од суштинско значење: децата ќе бидат згрижени, ние ќе можеме да имаме пристап до работните позиции и да обезбедуваме егзистенција и ќе се отворат работни позиции кои и те како се неопходни во овој период, потенцира претседателката на Здружението „Една може!", Дороти Пачкова, родова експертка.

МОН: Наставата од деновите на гласање ќе се надомести во работни денови

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање, 24 април и 8 мај, како и од 30 ноември кога беше организиран Самитот на ОБСЕ во Скопје, наместо во саботи, ќе се надомести во работни денови.

Дополнувањето на нереализираните наставни часови ќе го планираат и организираат директорите на училиштата и ќе се реализира со подолг престој на учениците во денови од работната недела, во рамки на шестчасовното работно време на наставниците.

Потсетуваме дека наставната година за учениците од средните училишта трае до 10 јуни, додека за учениците од основните училишта до 17 јуни и потребно е да го зачуваме најдобриот интерес на учениците, а тоа подразбира тие во целост и квалитетно да ја совладаат предвидената наставна материја.

Министерство за образование и наука

Четворица млади Германци се уапсени, додека полагале бели рози во куќата на Хитлер

Четворица Германци биле фатени како положуваат бели рози во куќата во која е роден нацистичкиот лидер Адолф Хитлер во западна Австрија на неговиот роденденот, а една жена меѓу нив го извела нацистичкиот поздрав додека се фотографирала.

Полицијата во провинцијата Горна Австрија соопштила дека четворица Германци, две сестри и нивните партнери, на возраст од 20-ти и раните 30-ти, отишле во зградата во саботата за да положат бели рози во прозорците, објави Политико.

Тие се фотографирале пред куќата, а една од жените го извела нацистичкиот поздрав. Патролните службеници ја забележале групата и ги однеле во полициска станица на распит.

Жената рекла дека не била сериозна во врска со поздравот, но полицајците изјавиле дека нашле разговор со други на нејзиниот мобилен телефон, во кој споделувале пораки и слики со нацистички теми.

Полицијата соопшти дека ќе ги пријави сите четворица пред обвинителството поради сомневање дека го прекршиле австрискиот закон за забрана на нацистички симболи.

Хитлер е роден на 20 април 1889 година во Браунау ам Ин.

По долги расправии за иднината на куќата во која е роден, минатата година почна да се работи за нејзино претворање во полициска станица, што требало да ги одврати оние кои го величаат Хитлер и имаат намера да ја посетат.

Венеција почнува да наплаќа влезници за еднодневните посети

Од четврток, Вeнеција ќе почне да им наплаќа влез во градот на еднодневните патници, што е прв ваков случај во светот. 

Градското собрание на Венеција, минатата година соопшти дека ќе почне примена на целосно нова такса од пет евра за туристите кои доаѓаат на посета само за еден ден. Давачката, чија имплементација се одложува неколкупати, ги таргетира само туристите кои влегуваат во стариот дел од 8:30 до 16:00 часот по локално време, соопштија градските власти, појаснувајќи дека целта е да се подобри квалитетот на животот во градот. Потенцијалните казни за непочитување се од 50 до 300 евра. За деца до 14-годишна возраст нема да се плаќа таква такса.

притисни ентер