Прво скрининг, па отворање на вратите на сите градинките. Утрово од градинката „Мајски цвет“ во Карпош започна тестирањето на околу 2.000 негователки и останатиот персонал. Тестовите треба да прецизираат дали дел од нив се заразени со коронавирусот, а немаат никакви симптоми.
Од градинките, освен за отварањето на објектите, ќе чекаат надлежните да одлучат и за препораките и протоколите, но веќе се подговуваат за тоа на кои начини би се одржала дистанца помеѓу дечињата.
Во меѓувреме, трет ден во низа расте бројот на новозаболени – во последното деноноќие има 29 случаи на коронавирусот, и тоа, во Скопје - 9, во Прилеп евидентирани се 6 заразени, во Тетово-5, а по двајца во Струга, Велес, Битола, и Охрид-2. Во Куманово има регистрирано само еден заразен со КОВИД 19 во последните 24 часа. За едно деноноќие регистрирани се и нови 6 оздравени пациенти.
Јавноста, и по неколку недели не знае во која општина на ниво на Скопје, кое има најмногу заразени. Надлежните пред десетина дена за Канал 5 појаснија оти не се водело таква статистика, за потоа, здравствените власти да појануваат како тоа е макотрпен процес, па епидемиолозите, не можеле за кратко време да направат табеларен приказ. Последната најава е дека граѓаните, за кластерите по општини во целата земја, ќе биде информирана деновиве.