Здраво Македонијо - 18.06.2025 - дел 1 - Канал 5

Тоа е како кога глушецот го задева лавот, вели Мицкоски за изјавата на бугарскиот министер Георгиев

Тоа е како кога глушецот го задева лавот, вака денеска претседателот на Владата Христијан Мицкоски ја квалификува изјавата на бугарскиот министер за надворешни работи Георг Георгиев дека е „северномакедонски премиер“.

Тоа е како кога глушецот го задева лавот, вели Мицкоски за изјавата на бугарскиот министер Георгиев

Мицкоски порача на Георгиев да не му се обрнува внимание зашто „одработува“ и зашто тој што го раководи во позадина му дал задача „да се закача“.

- Тоа момче е пратено да привлече мое внимание. Мислам дека не треба да му дадеме можност. Апелирам и до вас медиумите, оставате го. Тоа е Влада која во позадина друг ја раководи. Тие луѓе треба да одработат. Му рекле, му дале задача „ајде сега закачај се, тоа е исто како кога глушецот го задева лавот“, одговори кусо Мицкоски.

Министерот за надворешни работи на Бугарија, Георг Георгиев во интервју за БТВ се пофали дека неговата држава станала фактор во ЕУ и во регионот, со став дека Македонија тоа треба да го има предвид. Зборувајќи за премиерот Мицкоски, го нарече „северномакедонски“ премиер.

Уште еден случај на насилство врз дете,полицијата веке го идентификувала таткото од Струмица

Полицијата поднесе кривична пријава против татко од струмичко, по вознемирувачкото видео на социјалните мрежи на кое се гледа дете врзано со јаже за рацете и вратот.

Уште еден случај на насилство врз дете,полицијата веке го идентификувала таткото од Струмица

Полицијата поднесе кривична пријава против татко од струмичко, по вознемирувачкото видео на социјалните мрежи на кое се гледа дете врзано со јаже за рацете и вратот, наводно казнето од таткото поради тоа што украло пари од локална продавница.

Од МВР додаваат дека сторителот бил веднаш идентификуван и ќе одговара за сторено кривично дело „насилство врз дете“. За целиот случај бил запознаен и Центарот за социјални работи Струмица, по чии насоки детето било предадено на мајката.

На снимката која ја згрози јавноста се слуша комуникацијата меѓу таткото и очајното детето, кое моли да биде пуштено. Тоа кажува дека крадело пари за да си купи јадење и ветува дека тоа повеќе нема да го повтори, но таткото одбива да го одврзе.

Ваквото малтретирање врз децата несомено ќе остави сериозна траума во иднина, велат психолозите, според кои, најважно е дететото да добие соодветна психолошка помош, а сторителот сериозна санкција.

Ова е втор случај на насилство врз дете за непол месец, кое беше документирано со видео запис. Тогаш 28-годишен маж заврши во притвор затоа што ја истепал својата четиригодишна ќерка.

YouTube video

Охрид повторно куртули да биде ставен на „опасната“ листа на УНЕСКО

УНЕСКО ни дава трета шанса за спас на Охрид и охрискиот бисер, најстарото езеро во Европа.

Охрид повторно куртули да биде ставен на „опасната“ листа на УНЕСКО

Комитетот на УНЕСКО во Париз одлучи на една година да го одложи впишувањето на Охридскиот регион на листата на загрозени светски богатства, под услов да се исполнат низата обврски за зачувување на статусот и за тоа, до 1 февруари 2026 година да се достави извештај. Ова се случи откако Владата ги задолжи сите членови на македонската делегација во Париз заеднички да поднесат амандман за повлекување на Нацрт-одлуката. За владата одлуката да не се стави веднаш охридскиот регион на листата на „загрозени богатства“ е успех, но и обврска да се направат неопходните чекори.

-Ситуацијата што ја наследивме беше резултат на години запоставување, неодговорно управување и недостаток на суштински мерки од страна на претходната влада. Наместо превенција и одговорност, оставија проблем што бараше итно решавање. Нашиот пристап беше поинаков. Не декларативен, туку посветен и фокусиран на резултати. Иако денес зборуваме за зачувување на статусот, свесни сме дека ова е прв чекор. Пред нас стои обврската да обезбедиме долгорочна заштита, одржливо управување, изјави Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски.

-Одлуката на Комитетот за нас е поттик и мотивација, најсериозно да продолжиме со конкретните мерки кои ќе овозможат итна имплементација на предвидените корективни мерки базирани на препораките на реактивните мисии и од 2020 и од 2024 година. За потсетување, два пати ни се има случувано ова, два пати се има ветувано, и два пати во време на владата на СДСМ и ДУИ ништо не е направено во однос на овие прашања, изјави Министерот за култура и туризам Зоран Љутков.

И Кирил Пецаков, градоначалникот на Охрид, е задоволен од одлуката. Според него, таа е потврда дека се препознаени напорите на заштита и унапредување на Охридскиот регион.

Незадоволни од, како што ја нарекуваат, политичката одлука на УНЕСКО, се невладините организации. Од граѓанската иницијатива Охрид ЅОЅ потенцираат дека носењето на политичка одлука третпат по ред е преседан, и пораз не само за Македонија туку и за светот. Слушањето лобисти наместо експерти само охрабрува нови деструктивни активности, а со носење политички наместо експертски одлуки се праќа порака до владите дека немаат одговорност веднаш да ги запрат деструктивните проекти, велат од граѓанската иницијатива Охрид SOS.

YouTube video

притисни ентер