Во „Св.Наум Охридски" се наоѓаат 29 пациенти, двајца на респиратор

Настов истакна дека доколку има потреба подготвени се да упатат пациенти во соседните држави кои се понудиле да помагаат.  

Директорот на Универзитетската клиника по хируршки болести „Св.Наум Охридски"-Скопје, Небојша Настов во изјава за медиумите информира дека во оваа здравствена установа се хоспитализирани 29 лица од Кочани. Тој посочи дека лицата се на возраст од 17 до 45 години.

- Двајца пациенти се на респиратор, уште двајца потенцијално можат да завршат на респиратор, а останатите се во стабилна здравствена состојба, информира Настов.

Информира дека степенот на изгорениците се од седум до 60 проценти. Најголем дел од изгорениците се во пределот на главата, вратот и лицето.

Настов истакна дека доколку има потреба подготвени се да упатат пациенти во соседните држави кои се понудиле да помагаат.

Пациентите и семејствата на повредените пациенти го посети и претседателот на Собранието, Африм Гаши, кој изрази сочувство и побрзо оздравување. Се заблагодари на целиот медицински тим за брзата реакција.

Муртезани: Најдлабоко сочувство до сите погодени во оваа трагедија

Министерот за европски прашања Орхан Муртезани изрази жалење и сочувство до сите погодени од трагедијата во Кочани.

- Денeшниот ден се раздени со на жалосната вест за трагичната несреќа во Кочани каде згаснаа живототите на 51 лица. Моето најдлабоко сочувство до сите погодени од оваа голема трагедија. Стоиме покрај нив во овие тажни моменти со верба дека ќе ја најдеме потребната сила и трпение да ја надминеме оваа голема болка што не зафати сите денес, наведува Муртезани во објава на Фејсбук.

Според последните информации, 51 лице загина, а 152 се хоспитализирани во пожарот што изби во раните утрински часови во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Рама: Сочувство на браќата и сестрите од Македонија за големата трагедија во Кочани

Премиерот на Албанија, Еди Рама, изрази сочувство за големата трагедија во Македонија и изрази подготвеност да пружи секаква неопходна помош.

- Со длабоко чувство на тага им го пренесувам моето сочувство на браќата и сестрите од Македонија за големата трагедија во Кочани. Кога ја дознав веста останав без зборови и се молам повредените да закрепнат а семејствата на жртвите да најдат сила да се справат со нивната неутешна загуба. Исто така, во име на Албанија и Албанците го пренесувам моето сочувство до премиерот Мицковски и властите на соседната земја, изразувајќи ја нашата подготвеност за каква било помош што е потребна, напиша Рама на Х.

притисни ентер