Мигранти под закана со оружје биле држани во подрум во Студеничани

Вистинска драма се случи попладнево во скопско Студеничани. Мигранти биле држани во подрумски простории во Студеничани од страна на криминална група со закани со оружје, дознава Нетпресс од свои извори.

Мигранти под закана со оружје биле држани во подрум во Студеничани

Мигрантите преку електронска порака на eмаjл побарале помош од ОЈО, бидејќи биле држани во подрумски простории од страна на криминална група со закани со оружје.

Полицијата веднаш реагирала и испратила екипи од ЕИП при СВР Скопје и САЕ Тигар од ОСПО. Направен е преглед на двата посочени објекти и при преглед на вториот објект во подрумот на куќата се пронајдени 6 мигранти, а се приведени седум македонски државјани кои во моментот биле во објектот, за кои дополнително ќе се врши проверка за нивната инволвираност во криминалните активности.

Од страна на службите се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Бебе проголтало магнети, ја спасиле по тешка операција- мајката почна кампања во Британија

Едногодишната Араи Ватли за малку ќе умрела откако проголтала шест магнетни топчиња со кои си играла нејзината сестра Ајла (9).

Бебе проголтало магнети, ја спасиле по тешка операција- мајката почна кампања во Британија

Детето во семејниот автомобил пронашло метални топчиња и ги ставило во уста, без воопшто да знае за тоа нејзината мајка Хана (29), пренесува Метро.

„Срцето ми е скршено“

Неколку дена подоцна Хана се загрижила кога Араи почнала да повраќа, па ја однела во општата болница Нортхемптон во Англија. Детето во меѓувреме почнало да се гуши и итно ѝ била укажана помош.

Лекарите откриле метални топчиња, поврзани во стомакот и немало друг избор освен да организираат операција.

"Бев апсолутно преплашена. Следното утро ја однесоа во болницата во Лестер и беше оперирана. ѝ извадија шест магнети од стомакот. Срцето ми е скршено и се чувствувам виновна бидејќи не знаев што се случи", рекла мајката.

Мајката води кампања

Лекарите рекоа дека Араи имала среќа, бидејќи магнетите ѝ ги блокирале цревата и биле принудени да ѝ отстранат дел од мочниот меур и цревата за време на седумчасовна хируршка интервенција.

„Од болката не јадеше многу, па беше наредена интравенска парентерална исхрана“, вели Хана.

Очајна мајка води кампања за забрана на продажба на метални топчиња, или магнети, кои нејзиното дете ги проголтало.

"Не сакам другите родители да поминат низ ова. Тоа е најлошиот кошмар. Овие работи треба да се забранат сега, пред детето да биде хоспитализирано. Не сфаќате каква штета можат да направат", рекла Хана.

Трамп воведува 25 отсто царини за земјите што купуваат нафта и гас од Венецуела

Американскиот претседател Доналд Трампденеска соопшти дека воведува 25 отсто царини за сите увози од земји што купуваат нафта или гас од Венецуела.

Трамп воведува 25 отсто царини за земјите што купуваат нафта и гас од Венецуела

Новите, таканаречени секундарни царини против Венецуела за нафта и гас, треба да стапат во сила од 2 април, објави Трамп на неговата платформа „Truth Social“, пренесува ДПА.

Како една од причините за оваа мерка, Трамп го наведе тековниот спор околу миграцијата, тврдејќи дека венецуелската влада намерно испраќала криминалци и членови на картели во САД.

Американскиот претседател, исто така, ја обвини владата во Каракас дека е непријателски настроена кон САД.

Трамп најави дека на 2 април ќе објави поширок сет на трговски мерки, кои ги нарече „Ден на ослободувањето“.

Покрај царините за трговските партнери на Венецуела, републиканскиот претседател планира да воведе и реципрочни царини, со кои ќе бидат опфатени земјите што вовеле тарифи на американски производи. Овие мерки би можеле да влијаат и врз Европската Унија.

притисни ентер