Здраво Македонијо - 12.03.2025 - дел 1 - Канал 5

Зеленски и се заблагодари на ЕУ за 17. пакет санкции кон Русија

Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави на платформата Икс дека ѝ се заблагодарил на Урсула фон дер Лајен и на „целата Европска Унија“ за 17-тиот пакет санкции против Русија, нарекувајќи го „чекор во вистинската насока“.

Зеленски и се заблагодари на ЕУ за 17. пакет санкции кон Русија

Тој наведува дека важно е да се воведат строги ограничувања врз руската флота танкери, која служи за финансирање на убиствата, како и врз сите шеми што Русија ги користи за зајакнување на својата воена индустрија.

Колку е поголем притисокот врз Русија, толку повеќе стимул ќе има Москва да се движи кон вистински мир. Разговаравме и со Урсула за подготовките за 18-тиот пакет санкции на ЕУ. Руската нафта, енергетската инфраструктура, банките и финансиските шеми - ова се областите што најмногу влијаат врз Русија и затоа најмногу придонесуваат за мирот. Им благодарам на сите што се залагаат за построги санкции и донесуваат решителни одлуки. Детално разговаравме и за вчерашниот разговор со претседателот Трамп и нашата заедничка дипломатска соработка со нашите партнери. Европа мора да биде вклучена и ние го координираме секој чекор што е можно поусогласено, напиша Зеленски.

Русија го обвини НАТО за „агресивни дејствија“ во Балтичко Море

Русија го обвини НАТО за агресивни дејствија што ја попречуваат слободата на пловењето откако Естонија неуспешно се обиде да задржи танкер во Балтичкото Море.

Русија го обвини НАТО за „агресивни дејствија“ во Балтичко Море

Минатиот четврток, Естонија соопшти дека Москва накратко испратила борбен авион во воздушниот простор на НАТО над Балтичкото Море за време на обидот да го запре танкерот за нафта што плови кон Русија, за кој се верува дека е дел од „флота во сенка“ што ѝ помага на Москва да ги избегне западните санкции.

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, на редовната прес-конференција денеска рече дека Москва внимателно ги следи настаните во Балтичкото Море и ќе реагира на она што го нарече нелегални дејствија од страна на бродовите на НАТО доколку тие претставуваат ризик.

Претходно денеска Москва го ослободи танкерот за нафта во грчка сопственост кој беше задржан во руски води во неделата откако го напушти естонското пристаниште. /МИА

Вучиќ најави дека СНС ќе ги блокира судовите во Нови Сад

Вучиќ ја поддржа идејата на претседателот на СНС, Вучевиќ, членовите и активистите на таа партија да ја блокираат зградата на Апелацискиот суд во Нови Сад.

Вучиќ најави дека СНС ќе ги блокира судовите во Нови Сад

Српскиот претседател Александар Вучиќ ја поддржа идејата на претседателот на СНС, Милош Вучевиќ, членовите и активистите на таа партија да ја блокираат зградата на Апелацискиот суд во Нови Сад се додека, како што изјави, не се ослободат четворицата млади лица обвинети за напад врз студенти пред просториите на таа партија во Нови Сад.

„Ги ослободувате терористите и заговорниците на пуч по два месеца, а ги држите во притвор луѓето кои само ги штитеа просториите. Разговарав со претседателот на партијата (СНС) Милош Вучевиќ и целосно ја поддржувам неговата идеја Апелацискиот суд и целиот суд во Нови Сад да бидат блокирани од моментот кога ќе кажат. И сега ниту полицијата ниту кој било друг нема да може да ги пропушти додека не донесат одлука за ослободување на тие лица“, рече Вучиќ.

Четворица активисти на СНС беа приведени откако физички нападнаа двајца млади мажи и три млади жени во Нови Сад во ноќта меѓу 27 и 28 јануари, при што една девока беше тешко повредена, а еден млад човек беше полесно повреден.

Апелацискиот суд во Нови Сад попладнево донесе одлука за прекин на притворот на притворените активистки Марија Васиќ, Лазар Диниќ и Ладo Јововиќ, кои беа во притвор повеќе од два месеца. Судот подоцна ќе одлучи за другите тројца притворени активисти. Ослободувањето е по неколкудневни протести на студентите во блокада и граѓани на Србија.

притисни ентер