Митева: Дали МЕПСО постапувал согласно Законот за донации и спонзорства во јавните дејности?

Дали МЕПСО постапувал согласно Законот за донации и  спонзорства во јавните дејности, како донација на студио за танц има импакт врз јавноста?

Донациите и спонзорствата на АД МЕПСО се сомнителни по неколку параметри. Прво, согласно планот и анализата предвиден за 2024 година биле предвидени 12.300.000 денари, а од страна на раководството биле потрошени 22.712.500 денари. И второ, согласно членот 11 од Законот за донации и спонзорства во јавните дејности каде се утврдува дека преку целта на донација треба да се утврди, оствари, промовира или поддржи дејност од јавен интерес.

Па оттука прашуваме, која е дејноста од јавен интерес што АД МЕПСО го спонзорирал преку Здружението на граѓани за промоција 22 Нентор кое во февруари годинава добило 120.000 денари. За дел од примателите на донациите, како на пример СЕСОН кое добило 300.000 денари и ОФ на Македонија кое добило 1.000.000 денари не може да се најдат подетални податоци. Понатаму, на Центарот за модерни и спортски танци Прима Данца биле доделени 300.000 денари во месец април оваа година. На Боречки клуб Тефејуз Скопје биле доделени 300.000 денари.

Листата на донации и спонзорства е долга и голема, па затоа прашуваме дали согласно член 19 од Законот за донации и спонзорства се изготвени извештаи помеѓу давателот и примателот на донацијата кои се должни тоа да го направат? Дали врз основа на тие извештаи може да се утврди целта на донацијата и импактот кој истата го имала врз јавноста?

Почитувани,

Владеењето на СДС и ДУИ беше катастрофално на секое ниво. Ќе продолжкме да ја информираме јавноста за информациите кои доаѓаат до нас, а за сите овие работи очекуваме одговорност и соодветни постапки.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Кампањата на Харис под удар на руски агенти, тврди „Мајкрософт“

Технолошкиот гигант „Мајкрософт“ објави дека руски агенти ја насочиле својата активност кон претседателската кампања на Камала Харис, кандидатката на Демократската партија за претседател на САД, јави ДПА.

„Во последните два месеца, забележавме значителна промена во тактиката на руските операции за влијание, што ја одразува променливата политичка клима во САД“, напиша генералниот менаџер на Центарот за анализа на закани при „Мајкрософт“, Клинт Ватс, во блог објавен на официјалната страница на компанијата.

Според „Мајкрософт“, Русија се фокусирала на кампањата на Харис, користејќи агенти кои шират лажни видеа со цел да предизвикаат раздор и да шират дезинформации за неа.

- Фокусот врз кампањата на Харис претставува стратегиски потег на руските агенти, со цел да ги искористат сите претпоставени слабости на новите кандидати, додаде Ватс.

Камала Харис го замени Џо Бајден како кандидат на Демократската партија, откако 81-годишниот актуелен претседател се повлече од трката во јули поради слабото претставување на дебатите со кандидатот на републиканците, Доналд Трамп.

„Како што се приближуваат изборите, треба да очекуваме дека руските агенти ќе продолжат да користат кибер-прокси и хакерски групи за да ги шират своите пораки преку медиумски платформи и социјални мрежи, таргетирајќи политички содржини со цел да создадат поделби“, изјавија од „Мајкрософт“. Компанијата предупреди на користењето на инсценирани видеа и пропаганда поддржана од вештачка интелигенција како дел од овие операции.

Во август, американските разузнавачки служби изјавија дека Иран стои зад хакерски напад врз претседателската кампања на Трамп.

„Мајкрософт“ исто така посочи дека кинески агент за влијание, поврзан со кинеската влада, создал видеа кои ја критикуваат администрацијата на Бајден и кампањата на Харис.

„Во целина, овие три држави – Иран, Кина и Русија – покажуваат колку е сложена странската вмешаност со која се соочуваат САД, и зошто е неопходно јавноста да биде внимателна кон овие променливи закани“, додаде Ватс.

Компанијата потсети дека целта на нивните извештаи е да се поттикне свесноста и да се заштитат институциите од каква било форма на странско мешање.

Фото: Се продава најдолгата европска лимузина: Чини помалку од Дачија

Се продава најдолгата лимузина во Европа - долга е 14 метри и тежи повеќе од четири тони.

Основата е американскиот „Lincoln Continental Town Car“, а во него е вграден мотор од 150 КС. Цената на овој седан е 14.995 евра - нешто помалку од основната верзија на новиот модел на Дачија Сандеро.

Како што пишува весникот Билд, оваа лимузина ја продаваат сопствениците на автосалонот Лоренцен во германскиот град Хусум, а ја купиле пред година и пол.

Лимузината е опремена со минибар, ТВ, а внатре има пет софи. Сепак, претходните сопственици не се однесувале баш добро со автомобилот, па затоа е неопходно да се направат одредени поправки.

„На пример, засега автомобилот не оди во рикверц“, вели Гоне Лоренцен, сопственик на автосалонот.

Извор: Б92

притисни ентер