Швајцарија планира да ја реновира својата мрежа на бункери

Швајцарија сака да ја надгради својата мрежа на нуклеарни бункери, што се веќе застарени, но се повеќе се гледаат како вредно богатство во овие времиња на глобална неизвесност, јавија локалните медиуми.

Благодарение на законот донесен во 1963 година, Швајцарија веќе е пред соседните земји како Германија. На секој од деветте милиони жители на Швајцарија, вклучително и странци и бегалци, му се гарантира место во бункер за заштита од воздушни напади и радијација.

-Швајцарската конфедерација сака да укине некои од исклучоците што постојат во сегашните правила во наредните години, како и да реновира некои од нејзините постари бункери, рече Луис-Анри Делаража, шеф на службата за цивилна одбрана во кантонот Во, објавија тамошните медиуми.

Швајцарската влада започна консултации на таа тема во октомври за да обезбеди „отпорност на земјата во случај на вооружен конфликт“. Планирано е да се издвојат 220 милиони швајцарски франци (250 милиони долари) за реновирање на старите објекти.

-Ова не значи дека се подготвуваме за конфликт. Тоа не е пораката. Сепак, имаме мрежа на бункери и треба да ги одржуваме за да се увериме дека се функционални, истакна Делаража.

Делаража рече дека откако Русија ја нападна Украина во 2022 година, неговата канцеларија примила многу повици од загрижени граѓани кои поставувале прашања за бункерите.

Кремљ вели дека „целосно“ се согласува со противењето на Трамп за американски проектили

Кремљ вели дека „целосно“ се согласува со противењето на Трамп на Украина да истрела американски проектили.

Кремљ денеска соопшти дека противењето на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп на Украина да пука со оружје доставено од САД длабоко во Русија „целосно се усогласува“ со позицијата на Москва.

-Изјавата целосно се усогласува со нашата позиција, со нашиот став за причините за ескалација. Очигледно е дека Трамп точно разбира што ја ескалира ситуацијата, изјави за новинарите портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Белата куќа ја претстави својата национална стратегија за борба против исламофобијата

Белата куќа ја претстави својата национална стратегија за борба против исламофобијата, истакнувајќи дека ова е прв ваков документ во историјата на САД.

Стратегијата вклучува листа на повеќе од 100 мерки што федералните власти можат да ги спроведат за да се спречи омразата, насилството, дискриминацијата и предрасудите кон муслиманите и Арапските Американци.

Предлогот беше објавен откако претседателот Џо Бајден објави сличен план за борба против антисемитизмот во март минатата година, поради зголемениот страв кај американските Евреи од зголемени манифестации на омраза и дискриминација.

Официјалните лица со месеци развиваа мерки за борба против исламофобијата, а документот беше претставен пет недели пред Бајден да ја напушти функцијата. Затоа, спроведувањето на мерките ќе падне пред се на новоизбраниот претседател Доналд Трамп, доколку неговата администрација одлучи да го следи планот.

„Во текот на изминатата година, оваа иницијатива стана поважна од кога било поради наглото зголемување на заканите против американските муслимани и арапските заедници“, се вели во соопштението на Белата куќа. Пример е убиството на 6-годишниот Американец со палестинско потекло Вади Алфајуми, кој беше избоден до смрт во Илиноис./МИА

притисни ентер