Притвор за скопјанец поради недозволено држење оружје

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 47-годишен скопјанец за кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи.

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 47-годишен скопјанец за кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи според член 396 став 3 од Кривичниот законик.

На 18 јануари полициски службеници извршиле претрес во дом и други простории на лицето, на улица “Македонско-косовска ударна бригада” во Скопје, при што пронашле една пушка марка “Црвена застава”, една ловна пушка, муниција – куршуми и патрони, како и делови и компоненти од огнено оружје.

Ценејќи дека лицето нема да може да биде обезбедено во текот на постапката со друга поблага мерка, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор, соопштуваат од Обвинителството.

Дејан Чиплаковски по трет пат го фаќа Чесниот Крст во Берово

Дејан Чиплаковски од Берово е среќниот фаќач на Чесниот Крст од водите на река Брегалница во Берово по повод празникот Богојавление Водици.

Чиплаковски повеќе пати учествува на оваа традиција, а досега трипати го има извадено крстот од реката Брегалница во Берово.

-По трет пат го фаќам крстот. Бог се јави и за многу години празникот Водици. Здравје среќа на сите, истакна Чиплаковски.

Честитки до среќниот фаќач на крстот упати и градоначалникот на општината Звонко Пекевски кој на Чиплаковски и неговото семејство им посака да ги следи добро здравје и среќа во текот на годината.

Општина Берово среќниот фаќач на крстот го награди со вредносен ваучер од 10.000 денари, Зегин обезбеди 15.000 денари, а Чиплаковски доби подарок телевизор од фирмата Мис Стон.

Претходно по повод Богојавление Водици се одржа црковна литургија./МИА

Хамас ги објави имињата на првите заложници кои ќе бидат денеска ослободени

Хамас ги објави имињата на трите Израелки кои ќе бидат ослободени на првиот ден од спроведувањето на договорот за прекин на огнот во Газа.

Една од нив е британско-израелската државјанка по име Емили Дамари.

Другите две имиња се Роми Гонен и Дорон Штајнбрехер.

притисни ентер