Светиот крст од Охридското Езеро го извади варошанецот Мартин Гоџо

Мартин Гоџо го фати Чесниот крст кој денеска беше положен во водите на Охридското Езеро.

28 годишниот Мартин посака здравје и спасение за своите сограѓани и сите христијани.

Мартин Гоџо го фати светиот крст и во 2022 година.

Борче Стефановски го фати осветениот крст за Богојавление-Водици во Тетово

На годинешното празнување на Богојавление-Водици во соборниот тетовски храм „Свети Кирил и Методиј во Тетово“, осветениот крст во црковниот базен го фати 32 годишниот Борче Стефановски.

Празнувањето започна со литургија која ја отслужија свештениците на тетовското намесништво кои потоа го извршија и чинот на водосвет и положување на осветениот крст во црковниот базен.

-Ова ми е прва година што скокам по осветениот крст и за прв пат успеав да го фатам. Посакувам на сите здравје, среќа, љубов и мир, рече Борче Стефановски

По осветениот крст скокаа и 29 годишниот Филип Петрушевски и 32 годишниот Игор Андријевиќ.

Палестинците го прославуваат прекинот на огнот, побрзаа да се вратат во своите домови (ВИДЕО)

Прекинот на огнот во Газа, договорен меѓу Израел и Хамас, стапи на сила денеска во 11:15 часот по локално време (10:15 часот по средноевропско време), соопшти Кабинетот на израелскиот премиер.

Израел доби список на заложници во Газа кои ќе бидат ослободени попладнево, а израелскиот безбедносен персонал ги проверува „деталите“, соопшти кабинетот на премиерот.

Владата соопшти дека почнала да ги известува семејствата на тројцата заложници кои ќе бидат ослободени преку претставници на израелската војска.

Палестинците го дочекаа историскиот прекин на огнот со прослави на улиците на Газа.

Штом стана јасно дека прекинот на огнот стапил во сила, тие се упатиле кон своите домови.

Прекинот на огнот, кој првично требаше да стапи на сила во 7:30, беше одложен бидејќи Израел побара да добие список на заложници пред да го спроведе договорот за прекин на огнот.

Хамас тврдеше дека техничките причини на теренот го одложуваат доставувањето на списокот.

Израелската армија, по истекот на првичниот рок од 7:30 часот за почеток на примирјето во Газа, погоди цели низ палестинската енклава, потврдија нејзините жители, а израелските сили објавија дека нападнале „терористички цели“ во Газа со тенкови.

Во израелските воени напади денеска загинаа најмалку осум Палестинци низ Газа поради доцнењето во спроведувањето на прекинот на огнот, соопшти палестинската служба за вонредни состојби. Најмалку 25 се ранети.

притисни ентер