Заврши вонредната состојба, течат роковите за изборите на 5 јули

Синоќа на полноќ заврши вонредната состојба, денеска продолжија да течат изборните дејствија за избори на 5 јули.. 

Седница на државната изборна комисија ќе свика претседателот Оливер Дерковски штом ќе го добие решението од претседателот на собранието Талат Џафери со новиот датум. Ова е ставот на првиот човек на ДИК Дерковски кого членовите денеска го чекаа на своите работни места за да продолжат со изборните активности по завршувањето на вонредната состојба ноќеска на полноќ по која продолжуваат да течат роковите за избори на 5 јули.

Според Борис Кондарко изборната комисија може и навреме ќе ги стаса сите обврски за избори на 5 јули со оглед на тоа што претходните активности се валидни и останува да продолжи со работи комисијата. Завршен е јавниот увид во избирачкиoт список а единствено останува МВР да го ажурира со оние лица кои до денот на изброите стануваат полнолетни и оние кои починале, за која постапка не е потребно повторно да се оди на јавен увид односно ќе беше иста и да немаше корона криза и запирање на изборниот процес.

Претседателот на собранието во кусата телефонска изјава за канал 5 рече дека на изборите би можело да се оди со уредбата која има законска сила но не е спорно и да донесе ново решение ако е потребно да се до уреди новиот датум за изборниот ден.

Дел од експертите сметаат дека Џафери треба итно да донесе ново решение со новиот датум на изборите.

Државаната изборна комисија во изминатите недели беше поделена околу тоа колку време и се потребни за да организираат избори.

Рашфорд може да го пропушти ЕП 2024

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд би можел да го пропушти Европското првенство во 2024 година, пишува „Телеграф“.

Според изворот на изданието, на селекторот на Англија, Герет Саутгеј не му се допаднал настапот на играчот.

За да добие место во формацијата на „трите лава“, фудбалерот мора да покаже подогри игри на претстојните натпревари.

Оваа сезона 26-годишниот Рашфорд одигра 35 натпревари, постигна 8 голови и 6 асистенции.

Словенија, Данска и Србија ќе играат против Англија во групната фаза на ЕП 2024. /МИА

„Гответе со Дракче“ - Кумановска салата

Во четврток (28.03.2024) во емисијата гостин ни беше Нино Величковски.

Состојки за денешниот рецепт:

3 црвени домати

1 свежа краставица

1 главица кромид

1 морков

2 лажици лупен сончоглед

100 гр. сирење

балсамико, масло за јадење, сол по вкус

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

„Дубаи мол“ лани го посетиле рекордни 105 милиони луѓе

 Сопствениците на „Дубаи мол“ во Обединетите Арапски Емирати, сооопштија дека трговскиот центар лани го посетиле рекордни 105 милиони луѓе, што го прави најпосетуваното место во светот во 2023 година.

Така, трговскиот центар стана светска атракција, според управителите, привлекувајќи посетители од целиот свет. Управата наведува и дека е забележан скок од над 19 отсто во однос на 88 милиони во 2022 година. А пак, само во првите два месеци од оваа 2024 година, забележани се 20 милиони посетители, така што и годинава „Дубаи мол“ најверојатно ќе постави нов рекорди.

- Овие бројки го одразуваат импресивниот статус на трговскиот центар во Дубаи и го одразуваат напредното лидерство на Дубаи и силната економија. Нашиот трговски центар го отелотворува живиот дух на градот и посветеноста на извонредноста, претворајќи ја визијата на менаџментот во реалност. Како составен дел од економското ткиво на Дубаи, ние играме клучна улога во неговиот успех и иновативност, рече Мохамед Алабар, основач на компанијата „Емаар“ којашто управува со трговскиот центар.

„Дубаи мол“ има околу 1.200 продавници на познати брендови облека, обувки, модни додатоци, апарати за домаќинство итн, а тука се наоѓаат и околу 200 ресторани и кафулиња. Уште една причина за посетеноста е и аквариумот, каде што живеат 33.000 животни. /МИА

притисни ентер