Препознатливиот џагор и смеа во училишните дворови за крајот на учебната година изостанаа, од раздвижените ходници од учители и деца со свидетелства во рацете остана само тишината. Училишното ѕвонче и годинава не го прогласи почетокот на летниот распуст.
10 јуни, училниците и годинава тивки и празни, прозивањето на учениците да си го земат свидетелството на овој ден и годинава изостана.
Дел од учениците од средното училиште „Браќа Миладиновци“ кои што сега ја завршуваат втората година речиси и да не комуницираат, на други пак им недостасува секојдневната дружба.
Почетокот на втора година, да, и после изгубивме и контакт, се сведува на онлајн и навистина немаме нешто многу комуникација/Физичкото присуство овде во клупите премногу фали, да се надеваме дека догодина ќе се вратиме./ Недостасува секако, но здравјето треба да е на прво место, па кога ќе се среди целата ситуација со господ напред, се ќе дојде на свое место.
Директорката на средното училиште „Васил Антевски-Дрен“ вели дека и недостасувале децата во училиштето, а сподели и како си поминале децата на полагањето на екстерната матура.
По завршување на испитот беа присутни во дворот, нормално паднемиски почитувајќи ги протоколите, меѓутоа едноставно не можеа, чувстуваа потреба да се дружат училиштето им недостигаше. На крајот од секоја година кога учениците си одат велиме дека тоа им е најсреќниот ден, а сега најсреќниот ден им беше кога дојдоа во училиште.
На кој начин ќе продолжи учебната година од септември се уште не се знае, министерката Царовска не сака да шпекулира.
Инаку според информациите, ниту еден од пријавените матуранти не отсуствуал од полагањето на државната матура поради изолација како последица на коронавирусот.