Заврши средбата Мицкоски- Таравари, разговорите продолжуваат - Канал 5

Заврши средбата Мицкоски- Таравари, разговорите продолжуваат

Заврши средбата Мицкоски- Таравари, разговорите продолжуваат
Заврши средбата меѓу премиерот Христијан Мицкоски и Арбен Таравари во Владата, што почна во 17 часот. Follow Kanal5 on... • FB: https://smarturl.it/fb5 • IG: https://smarturl.it/Ig5 • ТТ: https://tinyurl.com/59kck7ap • Web: https://kanal5.com.mk/ © & ℗ Kanal5 & IN Media. All Rights Reserved

Неделава премиерот Мицкоски ќе го покани Таравари на уште една средба

Неделава премиерот христијан мицкоски ќе го покани претседателот на Алијанса за Албанците и актуелен министер за здравство Арбен Таравари на уште една средба.

Неделава премиерот Мицкоски ќе го покани Таравари на уште една средба

Најверојатно последна на двајцата во својство на премиер и министер. Мицкоски вчера изјави дека најмалку што очекувал од Таравари е да заврши во рацете на лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Потпресдателот на ДУИ Бујар Османи рече дека одлуката на Таравари е израз на храброст бидејќи владата е моноетничка.

Хамас подготвен да преговара за прекин на огнот

Хамас соопшти дека ќе го ослободи последниот жив американски заложник како дел од напорите за постигнување на договор за прекин на огнот, отворање на граничните премини и дистрибуција на хуманитарна помош.

Хамас подготвен да преговара за прекин на огнот

Но, Хамас не прецизира кога ќе биде ослободен Идн Александар, кој беше киднапиран на 7 октомври 2023 година. Тој е американски државјанин со израелско потекло.

Лидерот на Хамас, Калил ал-Хаја изјави дека изминатите денови е во контакт со американската администрација. Тој наведе дека Хамас е подготвен „веднаш да почне интензивни преговори“ за постигнување долгорочен прекин на огнот, размена на палестински затвореници за заложниците од Газа и предавање на власта во Појасот Газа на независен тим технократи.

Најавата на Хамас за ослободување на Александар е воочи посетата на американскиот претседател на Блиски Исток. /МИА

Mинатата недела отстранети 104 непрописно паркирани возила во општина Центар

Од ЈП ПОЦ и Општина Центар информираат дека континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка со цел да се доведе во ред сообраќајниот хаос.

Mинатата недела отстранети 104 непрописно паркирани возила во општина Центар

ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција - Скопје од петти мај до 11 мај 2025 година со помош на специјалните возила „пајак“ отстраниле 104 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

Од ЈП ПОЦ и Општина Центар информираат дека континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка со цел да се доведе во ред сообраќајниот хаос и проблемот со непрописното паркирање на комерцијалните и резидентните паркиралишта и улици на територија на Општина Центар.

притисни ентер