Заврши собраниската расправа за изборот на Дабовиќ Анастасовска за уставен судија - Канал 5

Заврши собраниската расправа за изборот на Дабовиќ Анастасовска за уставен судија

Изборот на професорката Јадранка Дабовиќ Анастасовска  за уставен судија беше главна тема на претпладневната расправа на денешната седница на Собранието на Република Македонија.

Заврши собраниската расправа за изборот на Дабовиќ Анастасовска за уставен судија

Владејачкото мнозинство ја бранеше оправданоста за актуелниот кандидат, додека дел од пратениците на опозицијата забележаа дека сите избори на уставни судии ги следат контроверзии, но и оти Собранието треба да најде јасна процедура за начинот на избор на уставни судии, како и да им се овозможи на кандидатите да се претстават пред Собранието за полесно да бидат оценувани од пратениците.

Според пратеникот Здравко Трајанов од ВМРО - ДПМНЕ, иако декларативно, СДСМ имала афинитет тоа да се подобрат, на крајот од мандатот ниту една работа не била подобрена.

- Немаме претставување на кандидатите, немаме дефинирање што е истакнат правник, ниту јасна процедура како се бираат уставни судии. Процедурата беше прекршена и во делот на бирањето, бидејќи станавме како интернет шоп, некој ќе се јави во Собранието ќе рече тој уставен судија и толку. Тоа не го заслужува Собранието, и парламентарната демократија во Македонија, не го заслужува пред се граѓанинот на РМ. Најмалку што можевме и во вакви околности е да обезбедевме претставување на кандидатите од страна на пратениците, рече Трајанов.

За пратеничката Снежана Калеска Ванчева од СДСМ, Дабовиќ Анастасовска таа е вистински избор, бидејќи, како што рече, ни требаат професионални кадри. Навраќајќи се на нејзината биографија, кажа дека професорката целиот свој работен век го посветила на науката, по завршувањето на студиите, магистрирала, докторирала и ја развивала својата научна дејност на Правниот факултет „Јустинијан први“. нејзината научна дејност, како што нагласи, е позната не само во државата, туку и надвор од неа.

Калеска Ванчева се осврна и на предизвиците со кои се соочува Уставниот суд, забележувајќи дека како парламентарно мнозинство не седнале да разговараат за начинот на регулирање на работата и поставеноста на Уставниот суд.

- За мене е несватливо Уставниот суд уште да работи согласно деловник, кој уставните судии го носат. Крајно време е да се донесе Уставен закон, деловникот е потребен, но тој има сосема друга улога и неможе да го замени уставниот закон. И после 30 години не успеавме да изградивме консензус и да имаме Уставен суд по на лик на сите современи демократии. Се надевам дека после лошите времиња за Уставниот суд доаѓаат и подобри, рече Калеска Ванчева.

Олга Лозановска, пратеничка од ВМРО - ДПМНЕ нагласи дека и предлозите на опозицијата за избор на уставен судија биле истакнати правници, кои својата професионална кариера ја граделе постапно и се изградиле во врвни стручњаци, за кои опозицијата не сакала да дискутира.

- Уставниот суд треба да биде бастион на правото и секој закон донесен од Уставен суд не смее да биде оспоруван, рече Лозановска.

Пратениците на опозициската ВМРО - ДПМНЕ забележаа на политичката определност на професорката Дабовиќ Анастасовска, која била член на Советот на Град Скопје од 2005 до 2009 година, но и актуелен член на Управниот одбор на Фондот за здравствено осигурување. Тие не изоставија да ги споменат ниту критиките во Извештајот на Европската комисија во делот на судството.

Пратениците на денешната седница ги разгледаа и предлог одлуките за изменување на Одлуката за именување на претседател и членови на Одборот за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“, за избор на директор на Оперативно-техничката агенција – ОТА, за распишување јавен оглас за избор на здружение од областа на човековите права, полициското право и правосудството за механизмот за граѓанска контрола во состав на Народниот правобранител, за огласување именување на Јавен обвинител на Република Северна Македонија и за давање согласност на Статутот на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ - Скопје. За гласањето по овие точки, како и за продолжението на 131. седница јавноста дополнително ќе биде известена.

Фото: Атрактивна актерка и модел со гола фотка го прослави влегувањето во седмата деценија!

Британската актерка и модел Елизабет Харли на специфичен начин одлучи да го прослави својот 60 роденден и влегувањето во седмата деценија од животот.

Фото: Атрактивна актерка и модел со гола фотка го прослави влегувањето во седмата деценија!

Популарната Лиз сподели фотографија на својот Инстаграм профил на која позира целосно гола, славејќи го не само својот роденден, туку и бројни животни достигнувања и нова љубов со музичарот Били Реј Сајрус.

Познатата британска актерка Елизабет Харли одлучи да го прослави својот 60-ти роденден со стил, објавувајќи провокативна фотографија која ги остави нејзините обожаватели без здив.

Таа сподели уметничка фотографија на Инстаграм на која позира целосно гола на ливада, носејќи само дискретен ѓердан. Со рацете стратешки завиткани околу колената и широка насмевка на лицето, Харли ја покажа својата завидна фигура, а со објавата хумористично напиша:

- Фотографијата е направена денес попладне... во мојата роденденска облека - се пошегува таа.

Атрактивната актерка и модел инаку никогаш немала проблем да објави свои фотографии во бикини. Најверојатно бидејќи знае дека има става на која и завидуваат и тројно помладите девојки.

Видео:Доминација на Мерцедес во Монтреал

Возачот на Мерцедес, Џорџ Расел, е победник на трката за Големата награда на Канада,од Формула 1 првенството која вечерва се одржа во Монтреал.За Британецот од тимот на Мерцедес ова е прв триумф сезонава во Ф1.

Видео:Доминација на Мерцедес во Монтреал

На подиумот по Гран прито во Монтреал се искачија и актуелниот светски шампион, возачот на Ред Бул, Макс Верстапен и големото изнадување, клупскиот колега на победникот Расел, вториот пилот на Мерцедес, Кими Антонели.Ова е пвиот подиум во кариерата за Антонели.

Лидерот во Генералниот пласман, возачот на Мекларен , Оскар Пјастри стигна до четвртатата позиција со што ја зголеми својата предност на врвот на листата на возачи.

Трагичар на трката во Канада е возачот на Мекларен,Ландо Норис. При крајот на трката, тој во директен дуел со клупскиот другар Оскар Пјастри, погреши и се удри во ѕидот и заврши без поени.

Лидер во светскиот шампионат во Формила 1 е Оскар Пјастри со 198 бода, 22 повеќе од клупскиот другар Норис. Верстапен од Ред Бул е трет со 155 бода, а зад него е победникот на Голмата награда на Канада,, Расел, со 136 бода.

Фото: Старлетата Деми Роуз повторно провоцира

Провокативната инфлуенсерка и старлета Деми Роуз со провокативни фотки по подолг период се појави на социјалните мрежи.

Фото: Старлетата Деми Роуз повторно провоцира

Познатата ѕвезда на социјалните медиуми Деми Роуз со месеци не објавуваше ништо на Инстаграм и „отстранила“ од следење бројни контакти.

Обожавателите на Инстаграм на секој начин сакала да ја контактираат, дури ѝ оставале загржувачки пораки но Деми останала недостапна.

Сега британските медиуми пишуваат дека бујната Роуз сепак била активна но на друга социјална платформа, на уште еден популарен канал само за претплатници и на Снепчет.

Провокативната Деми сега ги изненадила фановите со неколку секси Инста строиња. На кои како и секогаш на радост на фановите во преден план се нејзините природни бујни облини во секси минијатурни бикини.

притисни ентер