Заврши распределбата на недвижен имот на СФРЈ, земјава доби дел од амбасадата во Боливија

Со Договорот на државите наследници на поранешна СФРЈ на последниот состанок во Сараево целосно е завршена распределбата на недвижниот имот на поранешна СФРЈ .

Целосно е завршена распределбата на недвижниот имот на поранешна СФРЈ од Анекс Б од Договорот за прашања за сукцесија во географскиот регион на Организацијата за економска соработка и развој и Латинска Америка и Карибите, јави дописникот на МИА од Белград.

На Србија и се дадени објекти на амбасадата во Копенхаген-Данска, како и дел од амбасадата и помошен објект во Њу Делхи-Индија и стан во Трст-Италија, додека Србија со Македонија и БиХ ќе ја дели амбасадата / резиденцијата во Ла Паз, главниот град на Боливија, соопшти РТС.

Дваесеттиот состанок на Мешовитиот комитет за распределба на дипломатско конзуларниот имот на поранешна СФРЈ – имплементација на Анексот Б од Договорот за прашања за сукцесија, се одржа во Сараево на 13 и 14 септември.

На состанокот присуствуваа овластени претставници од сите земји, наследници на поранешна СФРЈ – од БиХ Бакир Садовиќ, Хрватска Петар Узоринац,Македонија Борче Дамјанов, Словенија Јожеф Дрофеник и од Србија Славица Јелажа.

Агендата опфати актуелни теми во процесот на распределба на дипломатско конзуларниот имот на поранешна СФРЈ, а состанокот заврши со усвојување на Резолуција, односно усвојување на серија конкретни одлуки за распределба на десет недвижности на поранешна Југославија.

Исто така, отпишани се две недвижности, за кои, по проверката на правото на сопственост и фактичкиот статус, беше утврдено дека никогаш не биле или веќе не се во сопственост на поранешна Југославија.

Беше постигнат конечен договор и во врска со поделбата на земјиштето во рамките на физичката поделба на дипломатскиот комплекс на поранешна СФРЈ во Бразил, а исто така беше договорена и физичката поделба на дипломатскиот комплекс во Њу Делхи.

Проверен е и ажуриран списокот на уметнички дела, кои беа во дипломатско конзуларните претставништва на поранешната држава, за чија фактичка состојба нема информации, кој ќе биде испратен до Интерпол со цел на потрага и преземање дополнителни мерки од нивна надлежност.

Министерството за надворешни работи на Србија додава дека состанокот во Сараево поминал во конструктивна и работна атмосфера и дека, и покрај сложеноста на процесот на сукцесија, компромисно бил остварен заеднички напредок и биле донесени значајни одлуки.

Следниот, 21 -ви состанок на Мешовитиот комитет за распределба на дипломатско -конзуларниот имот на поранешна Југославија, ќе се одржи во Загреб до средината на следната година.

Во пожар кај Струмица гореа стари гуми

Пожар денеска околу 14:15 часот избувна во атарот на село Костурино, каде биле запалени стари гуми и стрниште.

Според информациите од ТППЕ Струмица во гаснењето на пожарот учествувале 20 пожарникари и шест против пожарни возила, како и помош од Валандово.

Пожарот е локализиран, а црниот чад кој се издигнуваше над местото на пожарот е предизвикан од запалени стари гуми.

Радост во домот на пејачот Тони Цетински

Балканската музичка ѕвезда Тони Цетински пред бога го изговори судбинското „ДА“ на својата сопруга Дубравка.

Популарниот пејач убавата вест ја објави на социјалните мрежи. Тони на Инстаграм објави фотографија со сопругата со која ја сподели убавата вест. Веднаш по објавата Цетински доби бројни чечстики и коментари од своите фанови.

Тони инаку неодамна стана дедо на внуката Елена.

Регистрирани 154 нови случаи на Ковид 19, пријавени се 12 починати лица

Во последните 24 часа се направени 1.967 тестирања, а регистрирани се 154 нови случаи на Ковид-19.

Скопје – 118, Куманово – 12, Кавадарци – 5, Прилеп и Битола – по 3, Велес, Кичево, Кочани, Свети Николе и Крива Паланка – по 2, Струмица, Виница и Кратово – по 1.

Регистрирани сe 408 оздравени пациенти од: Скопје – 179, Тетово – 23, Куманово – 22, Струмица – 19, Штип – 17, Кавадарци – 15, Кичево – 14, Прилеп и Велес – по 12, Кочани и Дебар – по 11, Радовиш и Берово – по 9, Битола и Ресен – по 7, Свети Николе – 6, Кратово и Гостивар – по 5, Крива Паланка, Гевгелија и Валандово – по 4, Неготино и Делчево – по 3, Пехчево – 2, Охрид, Пробиштип, Богданци, Македонски Брод и Македонска Каменица – по 1.

Пријавени се 12 починати лица: 10 починати лица од Скопје (90г, 90г, 82г, 74г, 73г, 73г, 71г, 67г, 67г и 53г), по едно починато лице од Штип (84г) и Валандово (30г).

Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

Направени се 1.967 тестови преку: ИЈЗ-22, ЦЈЗ Скопје-10, ЦЈЗ Битола-0, ЦЈЗ Прилеп-0, ЦЈЗ Тетово–0, ЦЈЗ Куманово-15, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија – 0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–41, Жан Митрев (Филип Втори)-84, Авицена-105, Биотек-155, Систина-76, лабораторија Лаор-0, Синлаб-0, Ремедика-0, Плодност–0, Генеа-0, Никоб лаб-359, ВФВ Медикал-22, Ели Медика-34, Ројал Медика –0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.044.

Досега во земјата се направени вкупно 1.254.061 тестирање на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 187.068 бројката на оздравени пациенти е 167.810, на починати е 6.472, а бројот на активни случаи изнесува 12.786.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)

Скопје 81122, Активни 5761

Куманово 11031, Активни 904

Тетово 10747, Активни 994

Прилеп 8909, Активни 275

Гостивар 7922, Активни 525

Битола 6941, Активни 245

Велес 6037, Активни 284

Охрид 5817, Активни 667

Кавадарци 5744, Активни 195

Струмица 5613, Активни 500

Штип 5562, Активни 238

Кичево 3877, Активни 433

Струга 3755, Активни 638

Кочани 3134, Активни 128

Гевгелија 2355, Активни 73

Неготино 2295, Активни 39

Свети Николе 1824, Активни 105

Ресен 1508, Активни 102

Радовиш 1477, Активни 110

Дебар 1442, Активни 133

Крива Паланка 1350, Активни 51

Берово 1193, Активни 39

Делчево 1108, Активни 65

Виница 1006, Активни 45

Пробиштип 895, Активни 43

Валандово 785, Активни 28

Богданци 543, Активни 19

Кратово 527, Активни 50

Крушево 518, Активни 15

Македонски Брод 461, Активни 31

Демир Хисар 423, Активни 14

Демир Капија 406, Активни 4

Пехчево 310, Активни 8

Македонска Каменица 292, Активни 21

Дојран 139, Активни 4

Одделение за односи со јавност

Министерство за здравство

притисни ентер