Заврши научната конференција „По патеките на Дичо Зограф" во чест на 1000-годишнината на Бигорски

Заврши првата малореканска научна конференција „По патеките на Дичо Зограф", а посветена на големиот јубилеј – 1000 години од основањето на Свештената Бигорска Обител.

Во големата приемна сала на Бигорскиот манастир, каде што се одржаа и најголемиот дел од предавањата, учесниците беа поздравени и благословени од страна на игуменот на манастирот, Епископ Партениј.

Најнапред, од името на научните работници, се обрати проф. д-р Сашо Цветковски, кој, заедно со епископ Партениј, беше иницијатор и организатор на оваа научно збиднување во чест на илјадалетието.

Цветковски направи кус приказ на заклучоците од научните предавања и му се заблагодари на Епископот Партениј за гостопримството и поддршката при реализацијата на конференцијата.

Тој, меѓу другото, го истакна значењето на Бигорското Светилиште низ вековите, а особено во преродбенскиот 19 век, кога манастирот бил центар на културно-општествените случувања во мијачкиот крај, но и пошироко, а продолжува истото да биде и денес.

-Потоа на присутните им се обрати претседателот на МАНУ, академик Љупчо Коцарев, кој беше наш ценет гостин. Тој истакна дека се чувствува возвишен од убавините на Бигорскиот Манастир и воедно му упати топла благодарност на владиката Партениј, што за изминатите две и пол децении успеа да го воскресне манастирот и да го умножи неговото благолепие. Од својата страна, тој даде ветување и за понатамошна поддршка на МАНУ за слични проекти и соработка, вели отец Кирил.

Завршниот збор го имаше владиката Партениј, кој им се заблагодари на научните работници што со своите дела дадоа значаен придонес во одбележувањето на илјадагодишнината на Бигорски.

-Тој, исто така, им го пренесе поздравот и благословот од нашиот почитуван надлежен митрополит, г. Тимотеј Дебарско-кичевски, а потоа посочи колку важно е надлежните институции и поединци да го помагаат културно-историското наследство, но и да имаат правилен однос кон живите споменици, кон монашките братства, кои не само што свето го пазат наследството од предците, туку и го надополнуваат и творат ново. Старецот го предочи суштественото значение на Бигорската Обител за македонската преродба, култура, духовност и државност и повика на поголема свесност за улогата што ја имал и ја има во нашето општество, додаде отец Кирил.

На крајот од оваа значајна научна конференција,што почна во вторникот, Епископ Партениј им додели посебни признаници на учесниците на истата.

Димитар Крстев Дичов, попознат како Дичо Зограф е македонски иконописец, претставник на дебарската школа. Тој е еден од најпознатите иконо и фреско-сликари на Балканот во 19-век.

Во неговиот краток живот насликал повеќе од 2.000 икони за потребите на правоверските цркви, насекаде во Македонија, Србија и Грција.Неговоро творештво означува крај на еден илјадагодишен идејно-естетски систем и почеток на сосем нов период во македонската историја на уметноста.

Карактеристично за неговата дејност е тоа што иконите ги сликал врз неутрална, најчесто златна заднина, а со тоа повеќе ја нагласувал духовноста на ликовите на светителите.

Роден е во Тресонче, област Мала Река, општина Маврово и Ростуше(некогаш дебарски регион), во 1819 година а починал 1872 или 1873 година. Каде почиваат неговите посмртни останки се уште не се знае. /МИА

Видео: Стотици луѓе оделе голи по пустина во Израел

Стотици луѓе покриени само со бела боја оделе низ пустината во близина на Мртвото Море како дел од проектот на американскиот уметник Спенсер Туник, пишува Гардијан.

54-годишниот фотограф го посетил местото во јужен Израел како гостин на Министерството за туризам за по трет пат да го покаже повлекувањето на Мртвото Море, а инспириран бил од библиската приказна за сопругата на Лот која се претворила во столб од сол додека бегала од Содом.

„За мене, телото претставува убавина, живот и љубов“, рекол Туник, која досега организирал десетици фотографирања на голи луѓе.

Докторантката Ана Клејман за Гардијан изјавила дека се приклучила на снимањето за да ги освести луѓето за оваа еколошка криза.

„Навистина се чувствував природно кога се соблеков“. Откако ќе се соблечете, не сакате повторно да се облечете “,рекла таа.

Пред десет години, уметникот снимил над илјада модели на брегот на Мртвото Море, кое се повлекува за еден метар годишно.

Летот на Туник го платило израелското Министерство за туризам, а израелскиот град Арад ги покрил другите трошоци.

Градоначалникот Арад Бен Хамо смета дека проектот е „одраз на либералниот дух во неговиот град“ и се надева дека ова снимање ќе привлече посетители и на тој начин ќе собере средства за финансирање на нов музеј на Мртвото Море.

Видео: Со сопственото тело го штити автомобилот од град

Краткото видео во за рекорден временски период собра бројни симпатии.

Нема многу за што да се зборува. Бурата доаѓала, а сопственик на Тојотата немал подготвено засолниште. Така, тој одлучил да го заштити својот лимен миленик со она што го има до себе, ќебе, картон и сопственото тело.

Иако видеото трае само неколку секунди, секој малку поголем љубител на автомобили ќе го разбере овој гест.

За многумина, автомобилот е повеќе од лим и само превозно средство од точката А до точката Б.

И кога станува збор за автомобил како Тојота Супра, работите стануваат повеќе од јасни.

Станува збор четвртата генерација на моделот што се произведува до 1998 година, а дури и денес тоа е најбараната генерација на Супра и цените честопати се превисоки.

@jakemcgloin

When life doesn’t throw you lemons 😂#sydney #hail #badweather #covid #covid19

♬ Mad World - Michael Andrews

Убиец од Флорида бил пуштен порано од затвор а потоа усмртил жена со шрафцигер

Маж од Флорида, кој бил осуден во 1993 година за убиство на тинејџерка, признал дека избодел жена до смрт со шрафцигер, откако бил пуштен од затвор.

Ерик Пирсон (54) во саботата беше обвинет за убиство на Ерика Вердеција (33), чие тело било пронајдено во канал во близина на Форт Лодердејл.

Пирсон признал дека ја прободел жртвата со шрафцигер четири пати на 25 септември.

Тој бил пуштен од затвор минатиот септември, откако отслужил 27 години од 40 годишната казна, за задавување на Кристина Витакер (17), пишува „The New York Post“.

"Зошто го пуштија на улица? Зошто? Ќе плати овој пат. Нема да застанеме додека не го видиме на електричен стол", рекла мајката на Ерика, Кармен Вердеција.

Полицијата го поврзала Пирсон со исчезнувањето на Ерика откако пријателите рекле дека последен пат ја виделе во продавница со маж кој за себе рекол дека е убиец. Откако полицајците го прегледале камионот на Пирсон, во него пронашле траги од крв.

Ерика Вердеција била мајка на 6-годишна ќерка.

притисни ентер