Заврши голготата на Катарина и нејзиниот син, потпишан указот на законот за амнестија

Катарина Ѓорѓевиќ заедно со нејзиниот син Андреас и екипата на Канал 5 на покана претседателот Стево Пендаровски заминаа во вилата Водно.

Во кабинетот кај претседателот најинтересно му беше на седум годишниот Андреас. Шахот и фигурите беа и тема на разговор помеѓу него и претседателот. Потоа претседателот Пендаровски заедно со Андреас го потпиша указот за Законот за амнестија за луѓето кои беа осудени за прекршување на полицискиот час за време на пандемијата. Катарина со носењето на овој закон нема да издржува законска казна од три месеци за прекршување на полициски час, а нејзинот син Андреас нема да оди во дом за деца. За неа ова е најсреќниот ден ќе остане со нејзиниот син.

Претседателот Пенадаровски објасни дека државата треба да биде внимателна какви одлуки носи и какви последици ќе има од таквите одлуки. Уште поважно е што за социјално ранливите категории треба секогаш да имаат правда и да им се помогне нивните семејстава да имаат подобар живот, а не да се стигматизираат без да се знае нивната животна приказна.

Катарина раскажува дека по објавената приказна на Канал 5 таа била стигамтизирана осудена од средината како криминалец. Таа вели дека не го прекршила намерно полицискиот час, туку на половина пат до домот им се расипал автомобилот и биле пријавни за прекршување на полициски час.

Со новиот закон парична казна над 1.000 евра или изречената казна им е заменета со казна затвор, ќе добијат условна осуда од три години. Оние лица што чија парична казна изнесува до 1.000 евра или изречената казна им е заменета со казна затвор ќе добијат условна осуда од две години, рок во кој не смеат да сторат ново кривично дело.По три, односно две години условна осуда ќе добијат и лицата што отплатиле дел од паричната казна над 1.000 и до 1.000 евра, со што се ослободуваат од плаќањето само за останатиот дел од паричната казна, доколку не сторат ново кривично дело.

Претпладне сончево, попладне краткотраен пороен дожд

Времето денеска претпладне ќе биде сончево со умерена облачност, а попладне, особено во западниот и северниот дел, ќе биде нестабилно со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на краткотрајно невреме. 

Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 16, а максималната ќе достигне од 22 до 27 степени.

Во Скопје претпладне ќе биде сончево со умерена облачност, а попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на град. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 26 степени.

Од утре условите за пороен дожд со грмежи краткотрајно ќе се намалат, а поинтензивни процеси повторно се очекуваат од четврток и кон деновите од викендот.

Максим Димитриевски и Арбен Таравари во „Само вистина“

Вечерва во „Само вистина“ гости ќе бидат Максим Димитриевски и Арбен Таравари.

Дневен хороскоп за 6. јуни 2023 година

Дневен хороскоп за вторник, 6. јуни 2023 година. 

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Денеска е убав ден за секаков вид дружење и неврзани разговори на кафе. Прошетајте се , поразговарајте.

Кариера

Можеби ќе ви се јави некоја странка или ќе добиете заостанат меил. Се ќе решавате со леснотија.

Здравје

Радувајте ѝ се на иднината.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Оние кои уште бараат сродна душа, ќе се обидат да ја најдат на место касде се собираат со пријателите.

Кариера

Зад себе оставивте се уредно и како што треба и така очекувате да најдете. Сепак , ќе треба да проверите некои ситни работи за кои мислите дека недостасуваат.

Здравје

Веќе не сакате да ве искористуваат.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Премногу зборување не води никаде , искрените прегратки и погледи ќе бидат доволни за да се чувствувате добро и исполнето.

Кариера

Можно е да почнете соработка со една прекуморска земја или со место што е поврзано со вода.

Здравје

Внимавајте на здравата исхрана, пијте повеќе течности.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Во секој момент одржувајте пријателски став кон другата страна и не ја наметнувајте својата волја.

Кариера

Една фаза од вашата кариера денеска завршува и почнува нова. Можно е да ви претстават нов план за развој.

Здравје

Слабост и главоболка.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Постојаната стабилна врска ќе ви даде сила да се соочите со предизвиците во другите области од животот.

Кариера

Успешно ќе се борите со барања од кои нема сите да ви се допаѓаат. Ќе ги вртите работите во своја корист.

Здравје

Вежбајте за да зајакнете.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Ќе ги игнорирате грижите и ќе и се посветите на својата најмила личност со полно внимание.Ќе бидете задоволни. Осамените секако нека излезат.

Кариера

Бргу ќе го премотувате филмот целиот работен ден и ќер заклучите дека сте ги решиле сите проблеми онака како што требало.

Здравје

Движете се што повеќе.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Некои ќе влетаат во површна куса врска , во која ќе покажат голема доза на инвентивност.

Кариера

Се наоѓате на чекор до нови предизвици , кои се атрактивни и ви носат нова желба и мотив за работа.

Здравје

Движете се .

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

За секој свој љубовен проблем денеска ќе најдете решение. Вашиот оптимизам ќе порасне и покрај емотивните празнини.

Кариера

Се отвора една голема врата низ која наскоро ќе поминете. Тоа е шанса за професионално усовршување.

Здравје

Јадете помалку и патувајте.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Многумина најмногу ќе сакаат да излезат меѓу луѓе , без притисок дека мора нешто да се случи. токму таквиот став ќе ви донесе ново познанство.

Кариера

Денеска ќе бидете многу активни во работењето со странки и со луѓе воопшто. Другите ќе го препознаваат вашиот труд околу нив.

Здравје

Не останувајте сами дома, излезете.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Во личните односи ќе се фокусирате на што поголемо зближување. Ќе ви биде потребен допир, прегратка и бакнеж.

Кариера

Вашиот стил на работа подразбира ред и континуитет. Неодговорните би можеле да ви се спротистават , но безуспешно.

Здравје

Останете свои.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Денеска би можеле да ја почуствувате грубоста на партнерот , на кого му е доста од вашето лебдење во облаци. Обидете се да бидете позрели и поконкретни.

Кариера

Ќе напредувате во областа на уметноста, но сите конкретни работни задачи тешко ќе ги остварувате.

Здравје

Внимавајте на вируси.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Ќе заклучите дека вашата самодоверба не е толку важна , колку што е важно да сакате , па што ќе биде, нека биде.

Кариера

Ќе ја анализирате својата листа на приоритети и на прво место ќе поставите нешто ново.

Здравје

Верувајте во себеси.

притисни ентер