Заврши доказната постапка за „Ласкарци“, завршни зборови на обвинителство на 14 декември

Во Основниот Кривичен суд Скопје денеска заврши доказната постапка за случајот „Ласкарци“ што се однесува на автобуската несреќа во која загинаа 16 лица и околу 30 беа повредени. 

Завршните зборови на Јавниот обвинител се закажани за 14 декември. Завршни зборови потоа ќе треба да даде и одбраната на обвинетите, по што Судот ќе треба да закаже објава на пресуда.

На денешната расправа Јавниот обвинител, Дарко Јакимовски, изврши прецизирање на обвинението при што рече дека нема измена на квалификацијата на делото за ниту еден од обвинетите.

Прецизирањето, според обвинителот, е направено врз основа на доказите изведени во текот на главната расправа и во тој дел е конкретизиран описот во поглед на хронолошкиот тек и пропустите кои стојат на страна на обвинетите.

Обвинети во случајот за несреќата кај Ласкарци, што се случи на 13 февруари 2019 се Дурмиш Белули, сопственик на компанијата „Дурмо турс“, одговорниот за транспорт во фирмата, Ремзи Мифтари и возачот на автобусот, Маноил Трифуновски, кои се товарат за сторени тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот. Додека, тројцата вработени во станицата за технички преглед, Игор Ѓорѓиевски, Горан Дуковски и Јане Боварски, се товарат за соучество во истото дело.

Судењето започна во 2019 година и трае четири години. Изминатава година расправите се однесуваа на супервештачењето што Судот го нарача во декември 2021 година, а кое беше одбиено од факултетите од државава, со објаснување дека нивните вешти лица веќе учествувале во претходното вештачење, или не се компетентни за истото, со што Бирото за судски вештачења потоа формира тим лиценцирани вешти лица кои изготвија супервештачење кое во Кривичен пристигна по една година, во декември 2022.

Бранителот на обвинетиот Игор Дуковски, адвокатот Сашо Дукоски, во изјава за медиуми по денешната расправа изјави дека супервештачењето, како што рече, претставуваше врв на доказната постапка.

- Супервештачењето претставуваше врв на доказната постапка и се утврди тоа што ние го тврдиме од самиот почеток, дека оваа сообраќајна несреќа е склучена исклучиво и само поради вина и поради недоволно внимание од страна на шоферот, рече тој.

Од друга страна, бранителот на дел од оштетените, адвокатот Владимир Николоски од Гостивар, рече дека смета дека работите се разјаснети уште со првите вештачења.

Според родител на еден од загинатите, Судот, како што рече, „си купуваше време“ со супервештачењето.

- Да не беа нашите притисоци, од родителите и оштетените, тоа немаше никогаш да се случи. Судот само купуваше време и не се покажа ништо ново или дополнителни докази од супервештачењето, рече родителот.

Според него, супервештачењето тежнеело кон тоа да се префрли вината на возачот.

Процесот го води судијката Диана Груевска Илиевска.

Жена дошла во болница окована во синџири, на полицијата ѝ открила детали за ужасот

Неименуваната 40-годишна жена успеала да се оттргне од претходно осуден педофил од Шпанија и се појавила во болница со модринки на лицето и синџири околу вратот.

Лекарите од болницата „Свети Јаков“ останале во шок кога здогледале жена на која рацете и вратот ѝ биле врзани со синџири, објави Дејли Меил.

Имено, жената на полицијата ѝ рекла дека била во болница за да посети хоспитализиран пријател, а откако заминала, мажот ѝ понудил да ја повози до дома. По пат ѝ рекол дека мора да застанат кај неговата куќа за да ги земат потребните работи.

Ја повикал да влезе во неговата куќа, а откако ја затворил влезната врата, ја претепал до смрт, пишува Олив прес.

Исто така, жената изјавила дека се онесвестила од тепањето, а кога дошла на себе видела дека има синџири околу вратот и рацете. Напаѓачот се обидел да ја удави, а кога не успеал, почнал да ја навредува и тепа.

Жената успеала да побегне низ прозорецот кога оценила дека напаѓачот не гледа. За помош се обратила кај член на семејството кој веднаш ја однел во болница.

Осомничениот маж, претходно осуден педофил, по пријавата веднаш е уапсен, а моментално се наоѓа во притвор каде ќе го чека натамошна истрага за случајот.

Осомничениот и претходно бил осуден за киднапирање и малтретирање на деветгодишно девојче во Бургалеса, објавија локалните медиуми.

Ѝ посветил бизарна тетоважа на девојката, сите му се смеат- снимката има 13 милиони прегледи

Момче стана вирална сензација откако на TikTok се појави видео на кое се тетовира во студиото Betty Zoo Tattoo Studio во Копенхаген.

Момчето решило да направи уникатна тетоважа како почит кон својата девојка, а видеото е прегледано повеќе од 13 милиони пати.

На видеото може да видите како девојката го гризе за рака, а тетоважата потоа со мастило ги црта трагите од нејзиниот гриз. Резултатот е, хм, што е, и не требало многу време за луѓето да почнат да се потсмеваат во коментарите.

@bettyzootattoo Bite Mark tattoo #fyp #bf #tattoo #bitemarktattoo #foryou #trending #onthisday #fypviralシ ♬ My Love Mine All Mine - Mitski

„Која е најглупата тетоважа што можете да ја смислите? прашал тиктокер, а друг додал: „А што кога ќе раскинете?“

„Најглупавата идеја за тетоважа...сакам таква“, „Ова е навистина лоша идеја“, „Не можам да замислам полоша тетоважа“, „Едвард Кален би го сакал ова“, „Зошто?“, се некои од коментарите. Сепак, имало и такви на кои овој потег им бил „сладок“.

Иги Азалеа годинава заработи рекордни 48 милиони долари од разголени снимки на OnlyFans (ФОТО)

Од Бела Торн и Карди Би, до Кети Прајс и Дри де Матео од серијата Sopranos, има многу ѕвезди на OnlyFans, еротска платформа која беше основана во 2016 година.

Но, кој заработи најмногу оваа година? Можеби ќе бидете изненадени од она што го откри извештајот на LELO.

Поранешната девојка на Канје Вест, Амбер Роуз моментално е на петтото место и досега има заработено импресивни 26 милиони долари на платформата (каде што наплаќа месечна претплата од 5 долари).

Поранешната ѕвезда на Дизни, Торн заработи 32 милиони долари.

На третото место е Блек Чајна, која откако наплатуваше 19,99 долари месечно за гледање содржини, заработи 35 милиони долари - но ја деактивираше својата сметка во март.

На второ место е раперката Карди Би, која неодамна заработи дополнителни 10 милиони долари, со што нејзината вкупна заработка достигна неверојатни 45 милиони долари.

На прво место е австралиската раперка Иги Азалеа - која две години нема издадено нова музика.

Раперката досега заработила 48 милиони долари на OnlyFans, а тоа го направила за помалку од една година откако го отвори својот профил. 33-годишната раперка се приклучи на платформата дури во јануари, додека, на пример, Карди Б е на OnlyFans од 2020 година.

Други познати личности кои се на врвот на листата богати на OnlyFans се Тајга, Крис Браун и Остин Махон.

Зборувајќи за тоа кога се приклучи на OnlyFans претходно оваа година, Иги (вистинското име Аметист Амелија Кели) рече дека не знаела дека може да биде толку креативна на платформата. „Да се ​​признае, никогаш не знаев дека OnlyFans е место каде што можам да бидам креативна, па не очекував дека ќе работам со нив на мојот најголем проект досега“, изјави таа за Variety.

„Откако навлегов подлабоко во тоа што значи да се има OnlyFans, сфатив дека тоа е совршена платформа за лансирање на мултимедијален концепт“, додаде таа.

притисни ентер