Затворени гласачките места

Во  21 часот се затворени избирачките места на кои граѓаните на Македонија можеа да гласаат на предвремените парламентрани избори. 

По затворањето на избирачките места ќе можат да гласаат само лицата кои во тој момент се затекнале во објектот каде што се гласа.

На денешните десети парламентарни избори, а петти предвремени избори право на глас имаа 1.814.263 граѓани, кои гласаа на 3.480 избирачки места. Овие избори се издвојуваат од досега одржаните во земјата бидејќи се организираат во состојба на пандемија на коронавирусот, гласањето за различни категории граѓани е три дена, а денешниот изборен ден трае два часа повеќе од вообичаеното и е прогласен за неработен.

Избирачките места во шесте изборни единици беа отворени во 7:00 часот, а гласањето заврши во 21 часот. Се гласаше за 15 политички партии и коалиции кои вкупно имаат 1.578 кандидати. Од нив, според статистиката на ДИК, 675 (42,78 отсто) се жени, а 903 (57,22 отсто) се мажи.

Денешниот изборен ден, според претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Оливер Дерковски помина мирно, со мали, спорадични инциденти, без нарушувања на изборниот процес.

До 19 часот на гласање излегле 830.370 граѓани со право на глас односно одѕивот е 45,77 проценти.

Сите вклучени во процесот и граѓаните кои одеа на гласање задолжително мораа да ги почитуваат превентивните мерки за заштита од ширење на коронавирусот, а тоа се носење маска, држење растојание од метар до метар и половина, дезинфекција на раце при влез и при изле од гласачкото место.

Освен спецификата поврзана со коронавирусот, на овие избори првпат е дозволено да гласаат и лицата кои до 15 јули наполниле 18 години и се со важечки документи и не се организира гласање во дијаспората бидејќи немаше доволен број пријавени македонски државјани за гласање. Сепак, овие лица доколку беа во земјата денеска можеа да гласаат на избирачките места на адресата на која што се пријавени.

Вчера гласаа болните, немоќните и хронично болните лица, затворениците, лицата во домашен притвор и во старските домови. Според податоците од ДИК, вчера вкупно 7.861 болни и немоќни лица го оствариле правото на глас. Што се однесува до лицата кои се наоѓаат во домови за вонсемејна грижа, од вкупно 357 пријавени избирачи во оваа категорија, гласале 234, а во казнено поправни установи 1.235 лица.

Гласањето за овие избори почна во понеделникот, кога гласаа лицата со Ковид-19 и во самоизолација. Правото на глас го искористиле 723 лица заболени од Ковид-19 и во самоизолација.

Од гласањето во понеделникот и вчера ДИК не објавува резултати, туку само бројка на излезност. Ливчињата остануваат запечатени во пликоата кои се наоѓаат во гласачките кутии до денот на изборите, односно до завршување на гласањето.

Првичните резултати од гласањето ДИК ги објавува во рок од 12 часа, а конечните 24 часа по завршувањето на гласањето.

Предвремените парламентарни избори во Македонија беа закажани за 12 април, но поради пандемијата со коронавируот и вонредната состојба беа одложени со Уредба со законска сила и одлука на ДИК. Потоа во договор меѓу политичките партии беше избран датумот 15 јули.

Изборите се одржуваат во ситуацијата кога во земјата недели наназад има троцифрени бројки на позитивни со коронавирусот. Но, Македонија е без Парламент од февруари година, а ја предводи техничка влада чија првенствена задача, според Пржинскиот договор, требаше да биде организирање фер и демократски избори.

Денешните предвремени парламентарни избори во Македонија ги следеа 2.709 домашни и странски набљудувачи. За изборите известуваа 57 странски новинари од 15 медиумски куќи, акредитирани од ДИК./МИА

Голема казна за хит екипа на Формула 1, докажана е измамата

Racing Point   е казнет со 15 поени и 400 илјади евра казна за копирање на дел од шампионскиот автомобил на Мерцедес од минатата сезона.

Рејсинг Поинт, хит тимот на оваа сезона во Формула 1, потпиша договор со Мерцедес според кој ги добива минатогодишните автомобили. Проблем се каналите на сопирачките, кои од оваа сезона се класифицираат како посебни делови, што значи дека тимовите на Ф1 треба сами да ги развиваат или да ги купуваат од надворешни добавувачи.

По поплаката од Рено, Меѓународната автомобилска федерација (ФИА) побара примероци од годинешниот автомобил на „Рејсинг Поинт“ и минатогодишниот автомобил на „Мерцедес“ и заклучи дека каналите на сопирачките биле копирани.

Рејсинг Поинт е казнет со по 200.000 евра за секој од автомобилите на Серхио Перез и Ленс Строл, и му одзеде 15 поени од пласманот на конструкторите .

Во поединечен пласман, бодовите нема да им бидат одземени на возачите, па Перез останува на седмото место со 22 бода, а Строл на осмото место со 20 бода.

Утре се навршуват 19 години од погибијата на десетте прилепчани- бранители кај Карпалак

Утре се навршуваат 19 години од загинувањето  на десетте прилепски бранители кај месноста викана Карпалак на автопатот Тетово –Скопје во две илјади и првата година. 

Со положување на свежо цвеќе на спомениците во гарнизонот ,,Мирче Ацев” и ,,Лениште” близу манастирот Света Петка од бројни делегации и од членови на семејствата од загинатите вечерва започна чествувањето на 19 годишнината од загинувањето на десетте прилепски бранители на Карпалак.. Дел од преживеаните на овој крвав настан со бројни забелешки но и потсетувања..

Одбележувањата на 8 август 2001 кои длабоко ќе биде запишан во најновата македонска историја ќе продолжат утре со посета на гробовите на бранителите на месноста Карпалак на патот Скопје-Тетово и пред комплексот Карпалак во центарот на Прилеп..

Лимузина на Ферари се продава за 243.000 евра (ФОТО)

Ferrari 360 Modena во форма на лимузина се нуди на продажба во Австралија.

Автомобилот го продава Егзотик Лимо од Мелбурн по цена од 399.000 австралиски долари, или 243.000 евра. Лимузината се напојува со 3,6-литарски V8 мотор и рачен менувач.

Според достапните информации, автомобилот бил купен во 2003 година, а во 2012 година бил модифициран. Досега има поминато нешто повеќе од 64.000 километри. Внатрешноста е црна и има бар, неколку ТВ-екрани и одличен звучен систем и нуди голем простор за девет патници.

Исто така, компанијата ја изнајмува лимузината за 1.000 долари на час, што е околу 608 евра.

притисни ентер