Затворена и црквата на Светиот гроб во Ерусалим

Црквата на Светиот гроб во Ерусалим, која се смета во христијанска традиција за место на погребувањето на Исус,денеска  е затворена на една недела а да се избегне ширењето на инфекцијата со коронавирус, соопштија црковните власти.

„Базиликата „Светиот гроб “ќе биде затворена од 17 часот во среда“, соопшти Вади Абу Насар, задолжен за односи со медиумите во католичката асоцијација „Света земја“.

Тој рече дека одлуката е донесена по состанокот помеѓу израелската полиција и високи црковни претставници.

„Секако, црковните лидери изразија разбирање. Првичниот договор е наредбата да важи една недела, иако никој не знае колку ќе трае оваа криза“, рече тој.

притисни ентер