Затворен угостителски објект во тетовско, затекнати 29 гости по дозволеното работно време

ржавниот пазарен инспекторат времено затвори угостителски објект во тетовско Горно Седларце откако синоќа во 21.30 часот во него биле затекнати 29 гости по дозволеното работно време.

Полицијата го привела сопственикот, 41- годишниот Б.И. од ова село.

-Сопственикот на угостителскиот објект бил задржан во Полициската станица Тетово и по целосно расчистување и документирање на случајот против него ќе следува поднесок по член 206 од Кривичниот законик за „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија", соопшти Министерството за внатрешни работи.

Џенифер Анистон открива што и значи тетоважата на раката (ФОТО)

Џенифер Анистон и нејзината пријателка се толку блиски што имаат исти тетоважи на зглобовите на рацете.

Фановите прво забележале тетоважи со бројки 11 11 на раката на Џенифер минатата година, пишува Пипл, но дури сега откриле дека нејзината најдобра пријателка, актерката Андреа Бендевалд ја има истата тетоважа, а тоа го објави на својот Инстаграм профил. На објавената фотографија по повод роденденот на Андреја се прикажани зглобовите на пријателките и броевите 11 11 на обете.

Џенифер (51) и Андреа се пријателки веќе 37 години. Минатиот месец Бендевалд и го честиташе роденденот на Анистон и исто така објави фотографија со тетоважите. „Едвај чекам да прославиме и да посакаме повеќе магични желби! 11:11 Сакам да поминувам низ животот со тебе“, напиша таа во објавата.

Иако точното значење на овие бројки сè уште не е познато во јавноста, се шпекулира дека тоа може да има врска со датумот на раѓање на Џенифер, 11 февруари, или е посвета на нејзиното куче Норман, кое починало во 2011 година.

Турчин пред ќерката на улица ја претепува својата поранешна сопруга (ВИДЕО)

Турчинот кој ја претепал својата поранешна сопруга среде улица, како што може да се види на видеото на социјалните мрежи, е приведен, објави денеска државната новинска агенција Анадолу.

Нападот се случил вчера вечерта во северниот град Самсун.

Видеото направено од блиската куќа ја прикажува жената како лежи на земја додека мажот ја удира неколку пати по главата, телото и лицето. Нивната 5-годишна ќерка стои покрај нејзината мајка и плаче.

Жителите повикале брза помош и жената не претрпела повреди опасни по животот. Осомничениот е приведен истата вечер.

Видеото предизвика бурни реакции на социјалните мрежи. Директорот за комуникации на претседателот Реџеп Таип Ердоган на Твитер објави дека случајот внимателно ќе се следи, а женските организации бараат строго спроведување на законите што ги штитат жените.

Според тие организации, најмалку 300 жени биле убиени од мажи минатата година во Турција. Во половина од случаите, убиецот бил партнерот.

СДСМ: На Мицкоски му требаат лажни анкети за внатрепартиска употреба

Губитникот Христијан Мицкоски ја предводеше својата ВМРО-ДПМНЕ во шест порази на сите изборни соочувања со граѓаните во последните четири години.

Очигледно после сите порази на Мицкоски му требаат лажни анкети за внатрепартиска употреба, за да си ја зачува својата фотелја во Белиот дворец.

Колку е релевантна последната анкета говорат податоците што истиот институт прогнозираше победа на Мицкоски и на локалните и на парламентарните избори.

Ова покажува дека Мицкоски се уште функционира по методите на неговиот ментор Груевски, кој 11 години со нарачани анкети манипулираше со јавното мислење.

Од друга страна граѓаните на сите избори изминатите четири години, локални, претседателски и парламентарни, на локалните избори во Штип како и на референдумот се изјаснија дека не сакаат политичари како Мицкоски, кои се без став за важни прашања, кои шират лажни вести и работат против интересите на својот народ и својата држава.

Граѓаните континуирано бираат развој, напредок, одговорност и стабилност, а не блокади, бојкот, лаги, стравови и хистерии.

Мицкоски може да си нарачува и да пласира лажни анкети за сопствени потреби колку сака, реалноста говори дека тој со ваквото однесување уште долго останува во опозиција.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

притисни ентер