Засилени дезинфекциски мерки во гевгелиско

Првиот детектиран и потврден случај на заразено лице од коронавирусот во Гевгелија ги натера надлежните од ЈПКД „Комуналец" веднаш да ги засилат дезинфекциските мерки на улиците и јавните површини каде се движат и престојуваат граѓаните.

Улиците во градот и јавните површини се дезинфицираа уште синоќа, додека траеше полицискиот час и додека немаше движење по нив. Тоа беше прилика цистерните на претпријатието со дезинфициенси непречено да минат по градот и, како што велат надлежните, таквата операција ќе ја повторуваат секој петти ден.

Од гевгелиски „Комуналец" потврдија дека по препорака на СЗО и Институтот за јавно здравје од Скопје, од 20 март пристапиле кон зголемување на количината на резидуален хлор во водоводната мрежа на ниво од 0,5 мг/л заради превенција на населението од Ковид-19.

Од претпријатието велат дека оваа количина била дозволена горна граница на хлор во водата, дека не била штетна по здравјето на луѓето и дека надлежни од институтот за јавно здравје ПЕ Гевгелија со технолог од „Комуналец" редовно земале мостри за испитување на нивото на резидуалниот хлор во водата за пиење./МИА

Тинејџерка во училиште во Британија со нож нападнала двајца наставници и девојче

Тинејџерка е уапсена откако на училиште со нож нападнала двајца наставници и ученичка, соопшти британската полиција.

Инцидентот се случил околу 11.20 часот.

„Токму по 11.20 часот утринава добивме повик да за инцидент во училиштето Аман Вали во Кармартеншир. Службите за итни случаи веднаш пристигнаа и училиштето беше затворено заради безбедноста на сите во просториите. Три лица, две учителки и една тинејџерка, беа пренесени во болница. Тинејџерката е уапсена поради сомнение за обид за убиство и во моментов е во притвор.

Додадоа и дека соработуваат со училиштето и даваат поддршка на секој што има потреба.

Апелираа и да се отстрани видеото од нападот од социјалните мрежи.

Истрагата е во тек, а мотивите за нападот се уште не се познати.

Стојановска: Убедливо водство на Гордана Силјановска-Давкова

Пратенилката на ВМРО-ДПМНЕ Дафина Стојановсака ги објави најновите податоци за резултатите од гласањето.

Како што рече Стојановска , во водство е кандидатот на ВМРО- ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова.

притисни ентер