Зашов: Средбата Заев- Макрон е значаен чекор во односите помеѓу двете земји

Посетата на македонскиот премиер и францускиот претседател може да се нарече ,,историска,, бидејќи ваква посета на највиско ниво немало од деведесетите , последна е онаа меѓу поранешниот претседател Киро Глигоров и претседателот Жак Ширак. Follow Kanal5 on... • FB: https://smarturl.it/fb5 • IG: https://smarturl.it/Ig5 • Web: https://kanal5.com.mk/ © & ℗ Kanal5 & IN Media. All Rights Reserved

Американската морнарица активираше бомба во океан, експлозијата предизвика земјотрес

Американската морнарица активираше бомба во океан, во рамки на воените вежби влиску крајбрежјето на Флорида.

Тие објавија снимка на која се покажува моментот во кој беше активирана бомбата од 18 илјади килограми.

Експлозијата, според информациите, била толку силна што предизвикала земјотрес. Бродот на американската морнарица се наоѓал блиску до местото на експлозијата, а намерата била да се провери колку се издржливи бродовите, кога би се соочиле со вакви напади.

Комисијата за финансирање и буџет го поддржа Законот за субвенциониран студентски оброк

Амандманот за Член 10, поднесен од самите предлагачи на Законот беше прифатен од претставниците.

На денешната седница на Комисијата за финансирање и буџет беше отворен претрес на амандманите за менување на членовите од Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за субвенциониран студентски оброк, поднесени од пратениците Моника Зајкова и Боби Мојсоски.

Амандманот за Член 10, поднесен од самите предлагачи на Законот беше прифатен од претставниците.

– На Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за субвенциониран студентски оброк предлагам комисиски амандман по Член 10 се додава нов член 10а што гласи: „Одредбите од членовите 7, 8, 9 од овој закон со кој се менуваат членовите 10, 11, и 12 ќе се применува до завршувањето на академската 2021/2022 година. По завршување на академската годината ќе се применуваат одредбите од членовите 10, 11, и 12 на законот за субвенционирање студентски оброк објавен во службен весник. Одредбата од член 10 со која се додава нов член 12а ќе се применува до завршување на 2021/2022 година што значи дека секој редовен студент ќе може да ги искористи средства од околу 2.600 ден за студентски оброк, изјави пратеничката од СДСМ Марија Георгиевска.

Зајкова, пак, потсети дека Законот за субвенциониран студентски оброк во минатиот состав беше едногласно донесен и стапи во сила на 10 февруари 2020 година, што како што вели таа е поразително дека сè уште не е системски имплементирано ова законско решение, а притоа да се подготват сите подзаконски акти на Законот.

– Наместо денеска да зборуваме во колкав процент ќе биде неговата реализација ние денеска зборуваме за негово изменување што во корен ја менува идејата и концепцијата на Законот, додава таа.

Пратеничката Зајкова истакна дека доколку пратениците сакаат да им дадат финансиска помош на студентите може да донесат друг закон, како што е законот за финансиска поддршка.

Комисијата за финансирање и буџет го стави Законот на натамошна постапка во Собранието.

Премиерите Заев и Руте на трибините во Амстердам ќе ги бодрат своите репрезентации

Премиерот  Зоран заев патува за Амстердам на покана на премиерот на Холандија Марк Руте.

Премиерите на Македонија и Холандија , Заев и Руте попладнево ќе бидат на трибините на арената Јохан Кројф во Амстердам и ќе ги бодрат своите фудбалски репрезентации во нивниот дуел на ЕУРО 2020.

притисни ентер