Започнува реализација на Стратегијата за отворени податоци

 Институциите на државно и на локално ниво ќе имаат обврска да објавуваат  податоци за своето работење што е предвидено со првата Стратегија и Акциски план за отворени податоци. 

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски денеска на прес-конференција потенцира во следниот период ќе се организираат серија средби и обуки во врска со концептот за отворени податоци, а во секоја институција ќе треба да има посебен офицер за отворени податоци, кој ќе биде задолжен да ги обајвува податоците во соодветна форма. За таа цел во изработка е и посебна веб-страна data.gov.mk каде овие податоци ќе бидат бесплатно достапни за граѓаните.

Според Манчевски, отворените податоци можат да бидат силен поттик за социјален и економски развој, и да се искористат и за подобрување на управувањето преку зголемување на транспаретноста, на отвореноста, на интегритетот и на јавното учество и во локалната и во централната власт. Ова, како што кажа, треба да доведе и до подобрување на испораката на податоци и до ефикасност на јавниот сектор, ќе го зголеми учеството на граѓаните и позитивно ќе влијае врз борбата со корупцијата, но исто така со малку иновативност може да биде и шанса за отворање на нови бизниси.

- Се работи за мета податоци кои ќе бидат користени и ставени во функција кои ќе бидат користени за анализи и за обработки. На национално и на локално ниво различните државни институции обезбедуваат многу услуги кои често се игнорирани, потценети или несоодветно претставени, односно граѓаните не ги познаваат доволно, вели Манчевски.

- Широката употреба на дигиталните технологии денес ги прави овие содржини се повреден ресурс и во изготвување на иновативни производи и услуги кои што обезбедуваат додадена вредност. Отворените податоци може да бидат еден од главните избори на образовано и културно знаење во која било земја, рече Манчевски.

Манчевски сподели практични примери како и за што би можеле да се искористат овие податоци.

- Преку објавување на податоците од сензорите поставени на раскрсниците, може да се добие слика како прометот на коли влијае на загадувањето на возёдухот во реално време. Од тоа би можело да произлезе апликација која ќе кажува каде е најголемата сообраќајна гужва и ќе нуди алтернативни патишта и за возилата и за пешаците. Ова може да придонесе за намалување на загаденоста, вели министерот.

Други апликации би можеле да бидат за слободни места на паркинзите во градовите, за туризам, за споменици и други културни објекти, информации што е интересно да се посети во еден град или во околина каде што се престојува. Манчевски посочи на пример од Велика Британија за апликација за квалитетот на услугите што ги нудат одредени институции.

Министерот смета дека достапноста на отворените податоци за бизнис секторот ќе овозможи трансформација на отворените податоци во конкретни нови производи и услуги во приватниот сектор.

Македонија првпат има Акциски план и Стратегија за отворени податоци. Владата на Република Македонија минатата недела усвои Стратегија и Акциски план за отворени податоци коишто беа изработени од МИОА заедно со сите засегнати страни и со експерти на британската Влада.

Одговарајќи на новинарско прашање за отпочнатиот скрининг за членството во ЕУ, на прес-конференцијата Манчевски најави дека од септември ќе бидат ангажирани експерти кои ќе помогнат за скринингот во јавната администрација.

- Клучен ризик сега е немањето доволно стручни капацитети во одредени институции за одредени процеси, вклулчително и во МИОА. Ние мораме брзо да регрутираме луѓе, дали ќе ги пронајдеме внатре... но ќе ги поставиме директно надлежни за водење на преговорите со ЕК. Тоа е прв приоритет на администрацијата, рече министерот.

Во однос на распределбата на вработените во јавната администрација преку Секретаријатот за Рамковен договор кажа дека таа е во тек, и дека втората фаза ќе започне во септември.

Руски воен авион се урна во близина на Крим

Руски воен авион денеска се урна во морето во близина на кримското пристаниште Севастопол, изјави гувернерот на регионот назначен од Русија.

„Пилотот безбедно се катапултирал и бил спасен. Цивилни објекти не се оштетени“, изјави гувернерот на Севастопол, Михаил Развозаев, пренесува Ројтерс.

Претходно руските канали Телеграм објавија дека руски борбен авион Су-35 се урнал во близина на Севастопол.

Не е јасно како дошло до инцидентот.

Таравари на панел дискусијата за интеграција на лицата со попреченост

Претседателот на Алијансата за Албанците и кандидат за претседател од коалицијата ВРЕДИ, Арбен Таравари, заедно со претседателот на Движењето Беса, Билал Касами, учествуваа на важна панел дискусија .

Претседателот на Алијансата за Албанците и кандидат за претседател од коалицијата ВРЕДИ, Арбен Таравари, заедно со претседателот на Движењето Беса, Билал Касами, учествуваа на важна панел дискусија за интеграцијата на лицата со попреченост во општеството.

На панел дискусијата се разговараше за потребите и барањата на оваа значајна категорија.

Темата за интеграција на лицата со попреченост во општеството е многу важно прашање за кое е важно да се има широка свест и соработка на општествено и политичко ниво, а учеството на Таравари на овој панел ја покажува неговата посветеност да се справи со проблемите со кои се соочуваат оваа категорија лица и да се промовира поинклузивно и еднакво општество за сите.

Покрај дискусијата за потребите и барањата на лицата со попреченост, важно е оваа дискусија да води кон конкретни акции и политики ориентирани кон нивна поддршка, се наведува во соопштението.

Јапонската сонда, иако немаше добар старт, ги надмина сите очекувања-преживеа втора лунарна ноќ

Јапонската сонда SLIM немаше одлично слетување на Месечината - слета на нос и брзо остана без струја.

Сепак, таа ги надмина овие проблеми, успеа да оживее, а сега да ја преживее втората лунарна ноќ и да испрати нови слики на Земјата.

- Синоќа добивме порака од СЛИМ, која потврди дека леталото по втор пат ја преживеа лунарната ноќ. Откако изгреа сонцето, сè уште беше високо, а опремата премногу жешка, па направивме само неколку снимки од необичниот пејзаж со навигациската камера - објави JAXA, јапонската вселенска агенција, на Икс (Твитер), додавајќи:

- Според собраните податоци, некои температурни сензори и неискористени ќелии на батерии почнуваат да откажуваат, но повеќето од функциите што ја преживеаја првата лунарна ноќ успеаја да преживеат и по втората лунарна ноќ.

На 19 јануари SLIM успешно слета на Месечината, со што Јапонија стана петта земја (по СССР, САД, Кина и Индија) која успешно изврши таканаречено меко слетување. Иако ја постигна целта и слета на само 55 метри од целта, сондата слета на нејзиниот нос, предизвикувајќи проблеми со напојувањето поради што таа се исклучи по помалку од половина час работа на површината на Месечината. Повторно беше вклучен по околу една недела, но беше исклучен на 1 февруари поради почетокот на лунарната ноќ.

На SLIM неодамна му се придружи американското вселенско летало Одисеја, прво испратено на површината на Месечината од 1972 година, но не успеа да ја преживее лунарната ноќ. Дури и индиското вселенско летало Викрам, кое слета во август, но престана да работи откако ќе се стемни, не можеше да ги преживее екстремно ниските температури во текот на лунарната ноќ.

притисни ентер