Започна вакцинацијата на наставниците од општина Карпош

Од Општина Карпош соопштија дека денеска започнала имунизацијата на наставниот кадар од основните училишта во општина Карпош.

– Во претстојните осум денови, ќе се врши вакцинација на наставниците кои одржуваат настава со физичко присуство, имајќи предвид дека се во постојан контакт со децата од I до III одделение, додадоа од Општината.

Од Општина Карпош истакнаа дека интересот за вакцинација на просветните работници од сите 10 основни училишта во Карпош е голем, бидејќи преку нејзина примена се очекува враќање на образовниот процес во нормален тек.

Александра Петковска, Елена Масторидис и Ирена Грегориќ се меѓу првите наставнички кои попладнево примија вакцина во вакциналниот пункт во А1 Арената – С.Ц. „Борис Трајковски".

– На овој начин, силно верувам дека ќе почне образованието да се враќа во нормала. Спроведуваме настава во исклучителни услови, а и учениците навистина се наша голема поддршка и ни држат „лекција" за трпение, одговорност и посветеност, рече Александра Петковска од ООУ „Петар Поп Арсов.

Наставничките Масторидис и Грегориќ ја посочија и добрата организација на целиот процес за имунизација и љубезноста на волонтерите и здравствените работници.

Сите се согласни дека единствено со имунизација на населението, ќе успееме да го вратиме повторно детскиот џагор по училишните ходници, а знаењето и смеата повторно да бидат присутни на часовите.

Фото: Иванишевиќ и Селеш како деца

Легендарниот екс југословенски тенисер Горан Иванишевиќ, сега тренер на најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ на социјалните мрежи објави фотографија стара повеќе од 30 години.

Старата фотографија ги разбудила спомените на Горан од времето на поранешна Југославија.

На носталгичната фотка тинејџерот Горан Иванишевиќ се ракува со едно насмеано девојче, за оние кој не ја препознаваат, тоа е некогашната најдобра светска тенисерка славната Моника Селеш.

-Добри стари времиња со една од најдобрите на сите времиња, Моника Селеш. Мислам дека немавме поим што ќе постигнеме во годините кои доаѓаа, напишал Иванишевиќ во описот на сликата.

Моника и Горан подоцна го достигнаа светскиот врв. Иванишевиќ го оствари сонот со освојување на Вимблдон, а Моника Селеш владеше со светскиот тенис со до трагичното ранување во Хамбург во 1993 година од луд навивач на ривалката Штефи Графт.

Селеш во кариерата освои девет Грен слем титули.

Фото: Карлеуша во ленти

Српската пејачка Јелена Карлеуша повторно се разголе на социјалните мрежи.

Популарната Карли уште еднаш ги воодушеви своите фанови со бујните облини покриени со минијатурни врвки.

Јелена нема проблем да позира во костим за капење или во долна облека, но со последниот избор на гардероба ги изненади сите. Карлеуша одлучила да се фотографира во минијатурен градник и уште помали гаќички врзани со ленти.

Во оваа прилика може да се каже дека Карлеуша покажа скоро се. Нејзините фанови за „храброста“ ја наградија со рекорден број од 70 илјади лајкови.

Флик на излезната врата на Баерн Минхен

 По само две години работа и освоени титули меѓу кои и во Лигата на шампионите, Ханси Флик си заминува од германскиот гигант  Баерн Минхен на крајот на сезоната.

Иако се споменува дека ќе стане селектор на Германија, тоа не е причината за заминувањето туку конфликтот со директорот на баварците Хасан Салихамиџиќ.

Германските медиуми остро коментираат дека откако Салхимаиџиќ е дојден на функцијата, Баерн кој беше познат по сигурноста за тренерите и работата на долги патеки, сега го смени курсот и пребрзо ги менува шефовите и тоа со добро завршена работа.

Се тврди дека од истите причини Баерн предвреме ги набрка Нико Ковач и Карло Анчелоти.

Критиките одат до таму што на Баерн јавно му се упатува прашање...дали е можно секогаш да се виновни тренерите, а директорите да се во право?

притисни ентер