Започна акцијата за чистење на Калиманско Езеро

Во Македонска Каменица во тек најавената акција за чистење на Калиманско Езеро. 

Тешко достапните места во езерото, кое се наполни со отпад по последните внежи во Пијанечко-малешевскиот регион се чистеа со моторни чамци, додека останатиот отпад го собираа учесници од повеќе градови на Источна Македонија. Најголемото загадување според организаторот Александар Дончевски доаѓа од дивите депонии и затоа апелираше да се работи повеќе на подигање на свеста кај граѓаните, со цел ваквата слика да не се повторува.

-Од наталожениот отпад кој доаѓа од Делчевско, Беровско и Пехчевско најмногу штета трпи животинскиот свет во езерото, од самиот отпад рибите може да се заплеткаат, може да влезат во шишињата, знаеме дека пластиката е канцерогена така што влијанието по животот во езерото е мошне штетно. Да ја искористам оваа прилика да ги поздравам сите кои дадоа свој придонес во денешната акција, рече Дончевски.

Претседателот на Спортско риболовното друштво „Шаран" од Македонска Каменица, Горан Стоименовски ја поздрави акцијата, но напомена дека се работи за голем проблем, за кој е потребно суштинско негово решавање.

-Ја поздравуваме акцијата, но нема да учествуваме непосредно во истата. Со тоа ние сакаме да ја врземе оваа еколошка катастрофа со катастрофата од минатата година во септември кога имаше излевање на јаловина од рудникот Саса. И тогаш и сега ние „државата" не ја гледаме присутна овдека. Значи ги нема надлежните министерства со нивните инспекторати, агенции, општински инспектори и комунални служби од регионот и слободно може да констатираме дека ништо не функционира. Може да поканиме некој од нив да дојде да ја констатира фактичката состојба и да преземе мерки, рече Стоименовски.

Препорача во наредниот период да се направи координативно тело, преку мапирање на местата со диви депонии кои редовно ќе се чистат. Најави финансиска помош за чистење на езерото и учество на закажаниот состанок на 18 јануари во Македонска Каменица, на кој подетално би се разгледале насоките за понатамошно справување со загадувањето.

Зоран Рунтевски, претставникот на Ловната група од Пехчево, исто така посочи дека решавање на проблемот е можно само преку зголемување на свеста на луѓето и апелираше на преземање поактивни мерки за спречување на загадувањето во четирите општини Берово, Пехчево, Делчево и Македонска Каменица.

Поздравувајки ја акцијата, градоначалникот на Македонска Каменица, Димче Атанасовски ја поздрави акцијата, но како и повеќето посочи дека е потребна поголема грижа, со цел изнаоѓање на долготрајно решение за ваквата состојба со загадувањето на Калиманско Езеро.

-Покрај нашите служби кои ќе водат грижа за исфрлање на отпадот од водите на река Брегалница, мислам дека повеќе треба да водат грижа и од Министерството за животна средина, но и ние како локални самоуправи, рече Атанасовски.

Собраниот отпад чија количина ќе биде соопштена по завршувањето на акцијата, како што додаде организаторот, ќе биде транспортиран во Делчево. Акцијата за чистење на Калиманско Езеро според планираното продолжува и во текот на утрешниот ден.

Новиот „Ford Mondeo“ не доаѓа во Европа

Новиот „Ford Mondeo“ ( кој е претставен во Кина) нема да пристигне во Европа каде продажбата на лимузини со средна големина со години опаѓа.

Од германски „Motor1.com “ ја контактирале локалната филијала на „Ford“ и портпаролот потврдил дека називот „Mondeo“ ќе продолжи да живее само во Кина.

Како што првично е најавено пред речиси една година, „Mondeo“ со евро-спецификација во сите три каросериски изведби, ќе биде официјално повлечен во март 2022 година кога ќе се заврши производството во фабриката во Валенсија.

Инаку тоа е еден од најстарите модели во својот сегмент со оглед на тоа дека автомобилит постои веќе со децении. Називот „Mondeo“ ќе биде укинат во Европа по 30 години откако „Ford“ со него пред три децении го замени моделот „Sierra“.

Ѓоковиќ купил данска фирма која развива лек против Ковид

Новак Ѓокович купил 80 отсто удел во данската компанија „QuantBioRes“, која развива терапија против Ковид-19, потврди генералниот директор на компанијата Инан Лочаревиќ за Ројтерс.

Според данскиот деловен регистар, Јелена и Новак Ѓоковиќ се вистински сопственици на данската компанија од 3 јули 2020 година. Уделот на Јелена во сопственост е 39,2 отсто, а на Новак 40,8 отсто.

Директорот на компанијата Иван Лончаревиќ изјавил дека инвестицијата била реализирана во јули 2020 година, но одбил да каже колкава е нејзината вредност, пишува Ројтерс.

„QuantBioRes“ вработува 11 научници во Данска, Австралија и Словенија, а примарна цел на компанијата е да се развие лек против Ковид, а не вакцина, вели Лончаревиќ.

Компанијата развива пептид што го спречува коронавирусот да ги инфицира човечките клетки и очекува да започне со клинички испитувања во Велика Британија ова лето, вели Лончаревиќ.

Портпаролот на Ѓоковиќ не одговорил на барањето за коментар, пренесува Ројтерс.

Инаку, Ѓоковиќ не е вакциниран против Ковид, а деновиве е депортиран од Австралија и не може да настапи на Австралија Опен, пишува Индекс.хр.

Србија: Над 17.000 нови случаи со Ковид-19, починале 28 лица

Во последните 24 часа се регистрирани уште 17.318 новозаразени со коронавирусот во Србија.

Од последиците на Ковид-19 починале 28 лица.

На респиратори се наоѓаат 112 пациенти.

Како што е наведено, во последните 24 часа се анализирани 36.434 примероци а 2.619 лица се наоѓаат на болничко лекување.

притисни ентер