Скопје да престане со крадење на историјата и говорот на омраза, вели вицпремиерот Каракачанов во последното интервју, овој пат за БТВ.
- Можевме да постапиме како нашиот сосед Грција да бидеме порадикални, како што тие 28 години наметнуваа бариера и велеа „не“, ние сакавме со дијалог да ги решиме проблемите. Немојте да мислите дека некој однадвор ќе не притисне по изборите, вели Каракачанов.
Дека Бугарија може да стане втора Грција, не искучува и Симонида Кацарска од Институтот за европски политики, коментирајќи ја вчерашната анализа на угледниот Франкфуртер Алгемајне цајтунг, кој предвидува дека шансите за членство на земјите од Западен Балкан се речиси невозможни, поради можноста секога одредена земја да најде причина за вето. Вели безидејноста во ЕУ е очигледна, а уште помалку за ентузијазам да разрешува билатерални прашања.
-Тоа, го почувствуваме и со Грција, бидејќи ЕК по ветото во 2009 се оддалечи, го замрзна процесот, што е ризик да се случи и сега, вели Симонида Кацарска, Институт за европски политики
Случајно или не, германскиот весник вчера повторно ја реафирмираше и идејата за старата алтернатива - членство на земјите во Европската економска зона, цитирајќи го сопартиецот на Меркел, Елмар Брок, кој смета дека се работи за испробано решение кое нуди полноправно економско членство, без право на политички збор.
Идејата за членство во оваа зона, која овозможува слободен европски пазар, размена на работна сила и слободен транспорт на стоки и капитал, не наиде на согласност кај македонскиот државен врв, за разлика од опозицијата, која оцени дека треба да се искористат сите шанси кои би го подобриле стандардот на граѓаните.
Во зоната, освен земјите од Унијата, членуваат и Исланд, Лихтенштајн и Норвешка.