По ставот на Арбер Адеми од ДУИ дека тие нема да го прифатат резултатот од пописот доколку Албанците се под 20 проценти, денеска од неговата партија рекоа дека се работи за личен став, а тој се дообјасни дека бил сигурен оти процентот на Албанци во Македонија е повисок.
Стекнатите права не може да се изгубат по конечните резултати од пописот, вели премиерот Зоран Заев. Според него никој нема право да ги оспорува, и рече дека раководството на ВМРО ДПМНЕ е неодговорно бидејќи досега заеднички не го изгласале законот.
ВМРО ДПМНЕ се сомнева во политички договор во власта за попишувањето и обвинуваат за непочитување на европски стандарди како и спроведување на важна операција без консензус со опозицијата.
Гласањето за Законот за попис е закажано за утре. Расправата заврши минатата недела со одбивање на сите предлози од опозицијата, но седницата се одолговлекуваше бидејќи од власта има ковид-позитивни пратеници и го немаше потребното мнозинство за гласање.