Од нивната појава до денес тротинетите станаа секојдневие на скопските улици, а со нивната присутност се наметна и потребата од нивна регулација, со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот.
Според новите измени кои стапија на сила на почетокот на годината, доколку сакате да возите со електричен тротинет, мора да почитувате неколку нови правила. Според измените,
-Возачот на електричен тротинет е должен да го управува тротинетот повелосипедска патека или велосипедска лента, а доколку истите не се изградени, по пешачка патека, односно друга површина наменета за движење на пешаци. ( се забранува движење со тротинет на коловоз)
-Возачот на електричен тротинет, не смее да се движи по велосипедска патека односно лента со брзина поголема од 25 km/h., додека по тротоар, пешачка патека или друга површина наменета за движење на пешаци, не смее да се движи со брзина поголема од 6 km/h.
• Електричен тротинет може да управува лице кое навршило 14 години возраст.
• Возачот на електричен тротинет треба да носи заштитен шлем на главата за време на управувањето на возилото.
• Возачот на електричен тротинет, од првиот самрак до потполно разденување, како и во услови на намалена видливост, е должен да носи рефлектирачки елек за време на управувањето на возилото.
Од нивната појава до денес поради нивната економичност и ниска цена, електричните тротинети станаа честа појава во Македонија. Со новите законски уредби конечно се решава нивниот статус во сообраќајот, откако во минатото бевме сведоци на неколку сообраќајни несреќи кои завршуваа со смртен исход.
За оние кои нема да го почитуваат законот се предвидени парични глоби од 50 до 120 евра во зависност од тежината на прекршокот.