Законите за коридорите со европско знаменце утре пред пратениците, се очекува жестока расправа - Канал 5

Законите за коридорите со европско знаменце утре пред пратениците, се очекува жестока расправа

Жестока дебата, амандмани и аргументи против злоупотреба на европското знаменце- најави опозицискиот блок во пресрет на седницата утре, на која спикерот Џафери експресно ги стави петте законски измени поврзани со автопатите. 

Законите за коридорите со европско знаменце утре пред пратениците, се очекува жестока расправа

Од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат дека собраниските процедури се прекршени бидејќи наместо за 10, пакетот закони од Владата се на седница по само два дена откако пристигнаа во Собранието, а уште по спорна велат дека е неусогласеноста со европското законодавство за која реагираше и делегацијата на ЕУ во земјава.

Петте закони се по скратена постапка и со тоа расправата е ограничена на најмногу два дена во комисијата за европски прашања. Сепак, од Левица поднеле над 6600 амандмани со кои ќе ги спорат брзите законски измени. Најавија и кривични пријави за ставањето на европското знаменце.

Токму блокадата од Левица е една од причините за европско знаменце на законите- велат од владејачката СДСМ. Нивниот аргумент е дека коридорите се од геостратешка важност и со измените на законите по брза постапка ќе се заштедат 150 милиони евра и две години од изградбата.

Во пакетот закони кои по вторпат влегуваат во Собранието се измените на законот за разботни односи, експропријација, урбанистичко планирање, градење и законот за утврдување на јавен интерес и номинирање стратешки партнер за изградба на коридорите 8 и 10д.

И покрај забелешките на Делгацијата на ЕУ дека со нив не прави усогласување со европското право, сепак од кабинетот на спикерот Џафери, велат дека процедурата ќе продолжи.

YouTube video

Видео: Поплавите урнаа вијадукт во Кина, камион виси преку работ

Жителите во ранливите заедници добија наредба да побараат засолниште на повисоки места откако неколку реки во кинеската покраина Гуиџоу се излеаја од коритото по неколкудневните обилни дождови.

Видео: Поплавите урнаа вијадукт во Кина, камион виси преку работ

Најмалку два града покрај реката - Конгѓанг и Ронгѓанг - секој со население од повеќе од 300.000, во вторник ги замолија жителите што живеат покрај брзорастечките реки и во ниските области да се евакуираат.

Планинската покраина Гуиџоу и други делови од јужна Кина се погодени од поројни дождови од минатата недела, бидејќи годишната сезона на монсуни во Источна Азија го достигна својот врв, кршејќи рекорди на врнежи од дожд во делови од Кина.

Иако Кина е позната по летните поплави, некои научници предупредуваат дека климатските промени носат пообилни и почести дождови. Масивните поплави би можеле да предизвикаат екстремни последици како што се уривање на брани, велат владини претставници.

Свлечиште урна столбови на вијадукт

На автопат до Ронгѓанг, вијадукт се урна денес откако лизгање на земјиштето собори бетонски столбови и однесе дел од патот по падина, објавија локалните медиуми.

На други места во Гуиџоу, многу автопати беа блокирани од лизгање на земјиштето.

Во градовите, поплавените улици го парализираа локалниот сообраќај, а подземните паркинг гаражи и подрумите на трговските центри беа под вода.

Се очекуваат повеќе дождови во следните неколку дена, прогнозираат државните метеоролози, предупредувајќи дека провинциите, вклучувајќи го и Гуиџоу, погодени од преклопувачки бури, треба да бидат особено внимателни.

Топлотен бран во Пекинг

Од друга страна, провинциите северно од сезонскиот појас на дождови, вклучувајќи го и главниот град Пекинг, беа преплавени со температури близу 40 степени Целзиусови.

Во годишниот извештај од понеделник, Светската метеоролошка организација на Обединетите нации предупреди дека Азија се затоплува речиси двојно побрзо од глобалниот просек, поттикнувајќи екстремни временски услови и имајќи големо влијание врз регионот.

Извор: Индекс.хр

Муцунски денеска и утре на самитот на НАТО во Хаг како дел од делегацијата предводена од претседателката Сиљановска

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска и утре ќе учествува на самитот на НАТО во Хаг.

Муцунски денеска и утре на самитот на НАТО во Хаг како дел од делегацијата предводена од претседателката Сиљановска

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска и утре ќе учествува на самитот на НАТО во Хаг, како дел од државната делегација предводена од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова. Самитот го следи Александар Видиновски.

Александар каква е агендата за денеска?

Муцунски денеска и утре на самитот на НАТО во Хаг како дел од делегацијата предводена од претседателката Сиљановска.

Во видеото погледнете го целиот извештај.

YouTube video

Гоу Грин организира национално вмрежување за урбан велосипедизам

Во последните години, урбаниот велосипедизам во Македонија добива сè поголемо внимание. 

Гоу Грин организира национално вмрежување за урбан велосипедизам

Се зголемува бројот на велосипедски патеки и ленти, се нудат субвенции за велосипеди, а сè почесто се организираат настани за промоција на оваа еколошка и здрава форма на урбана мобилност.

Градоначалниците покажуваат сè поголем интерес за потребите на велосипедистите – тренд кој се очекува да продолжи и по претстојните локални избори.

За да го поддржи овој позитивен развој, Здружението за одржлив развој и заштита на животната средина „Гоу Грин“ од Скопје организира средба за вмрежување на организации, иницијативи и поединци активни во областа на урбаниот велосипедизам.

Здружение за одржлив развој и заштита на животната средина „Гоу Грин“ Скопје ул. Кукушка 4а, 1000 Скопје [email protected] | www.gogreen.mk

Настанот ќе се одржи на 26 јуни 2025 година (четврток), од 09:30 до 15:00 часот, во Младинскиот центар Матично, во Скопје. Целта е заедничко запознавање, размена на искуства и идеи, како и поставување основа за идна соработка и координирано делување.

Сите заинтересирани можат да се пријават или добијат дополнителни информации преку: [email protected]

притисни ентер