Животот на момчето згаснал на лице место по судар во кој учествувале и автомобили Ситроен и Мини купер. Несреќата во полиција била пријавена во 20 часот и 50 минути, а смртта на малолетникот ја констатирала екипа од итната медицинска помош. Улицата Козле синоќа беше блокирана за сообраќај, додека полицијата и надлежен јавен обвинител извршија увид на местото на несреќата.
-Јас само чекав автобус и слушнав огромен тресок не знаев дали нешто паднало но набрзо слушнав звук од кола , брза помош , милиција, и одма занев дека не е нешто како што треба. Потоа автобусот дојде мораше назад да се враќа не сопреа и кажаа дека се има случено голема сообраќајка .
Информации за тоа како се случила оваа трагедија засега нема. Деталите за страотната несреќа ќе треба да ги покаже истрагата на јавното обвинителство . Според нефоцијалните информации починатото четиринаесет годишно момче носело кацига.
Ден по несреќата тука на улицата Козле во Скопје се уште видливи трагите од тешката сообраќајна несреќа и од увидот кој го изврши екипа на СВР Скопје и Јавен обвинител по чија наредба телото на починатиот е предадено на обдукција.
Од МВР апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат правилата и прописите за да не се случуваат вакви несреќи и да имаме што е можно помал број на жртви.
-Ние како МВР постојано работиме ги санкционираме оние кои ги кршат правилата, работиме и превентивно, постојано гледате дека сме во превентивни акции со РСБСП со Факултетот за безбедност, Но пред се ние како граѓани мора да тргнеме од сами себе и самите да придонесеме за безбеднсот со тоа што ќе ги почитувмае правилата затоа што ако ги почитуваме нема да има вакви сообраќајни несреќи.Тони Ангеловски – МВР.
Од МВР претходно најавија дека дека до крајот на оваа година, за празниците, и потоа ќе се зголеми бројот на сообраќајни контроли како во урбаните средини, така и на регионалните и магистралните патишта.