Заев:Заедно се соочуваме со истите здравствени и економски предизвици и заедно ќе ги надминеме

Заедно се соочуваме со истите здравствени и економски предизвици, и само заедно можеме да ги надминеме, со поблиска соработка и со поголема солидарност. 

Затоа треба да продолжиме да инвестираме во добрососедски односи, да ги надминуваме отворените прашања со дијалог и толеранција и да ја подобруваме регионалната соработка.

Ова го истакна премиерот Зоран Заев на панелот посветен на иднината на Западен Балкан на конференцијата на угледниот магазин „Економист", организирана како тркалезна маса со Владата на Грција и учесници од регионот на тема „Европа: Зајакнување на кохезијата во турбулентни времиња" за брз и ефикасен излез од кризата предизвикана од пандемијата со КОВИД-19.

Заев, како што соопшти владината прес-служба, истакна дека најдобрата иднина за регионот на Западен Балкан е да се продолжи со евроатлантските интеграции и ниту една друга опција не е алтернатива.

Премиерот Заев потсети дека Договорот од Преспа е одличен пример за успехот на дипломатијата и дијалогот и дека оконча едно отворено и тешко прашање кое траеше предолго.

– Резултатот од последните парламентарни избори во Македонија покажува дека граѓаните знаат и да ги наградат политичарите кои донесуваат тешки одлуки кои се добри и од огромно значење за иднината на земјата и граѓаните. Потребна е силна политичка волја за да се решаваат сите деликатни прашања и тоа е охрабрувачка порака за Западен Балкан. Се надевам дека нашите постигнувања, договорите со Грција и Бугарија, се доволно инспиративни за лидерите во регионот да се посветат на негување на мирот и стабилноста, да ја зајакнеме регионалната соработка, да постигнеме поголем економски развој и да останеме до крај посветени на евроатланските интеграции, потенцираше претседателот на Владата Зоран Заев на конференцијата на „Економист" во Атина.

На конференцијата, покрај Заев од наша страна учествуваат и заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, заменик-претседателот задолжен за европски прашања Никола Димитров и министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Премиерот Заев нагласи дека за него е од особено значење што неговото прво службено патување надвор од земјата во вториот мандат како претседател на Владата на Македонија е работната посета на Република Грција, која освен учеството на конференцијата на „Економист", вклучува и средби со премиерот Кирјакос Мицотакис и претседателката Катерина Сакеларопулу.

Настанот во организација на „Економист", подвлече премиерот Заев, е сериозна платформа за дебата за сегашноста и иднината на нашиот регион и учеството на сите угледни и влијателни гости на конференцијата од политиката и бизнис заедницата е одлична можност за размена на идеи и за соработка за долгорочна политичка стабилност како предуслов за економски раст на земјите од опкружувањето.

-Во вториот мандат формирав Влада со помалку ресори со цел да бидеме поефикасни. Влада со стабилна политичка структура и со силна евроатланска ориентација која ќе продолжи да ги следи нашите стратешки приоритети, политиките на НАТО и ЕУ, добрососедските односи и подобрувањето на внатрешната кохезија. Во исто време, ќе се фокусираме на справување со КОВИД-19, на зајакнување на владеењето на правото и на создавање на динамичен економски раст, рече премиерот Заев. Додаде дека во однос на справувањето со КОВИД-19 од исклучителна важност беше и останува соработката со ЕУ и покажаната солидарност со непосредната помош за сите земји од Западен Балкан, со овозможениот пристап до платформите за соработка резервирани за земјите-членки, како и за значителната финансиска и економска поддршка.

На панелот посветен на Западен Балкан на конференцијата „Економист" која оваа година е посветена на темата „Европа: Зајакнување на кохезијата во турбулентни времиња", свои обраќања имаа и премиерот на Албанија Еди Рама и поранешните министри за надворешни работи на Грција, Дора Бакојани и Јоргос Катругалос.

Судењето за „насилството во Центар" продолжува на 28 септември

Судењето за насилствата пред Општина Центар во јуни 2013 година продолжува на 28 септември со завршни зборови на одбраната.

На денешното рочиште, завршни зборови дадоа Обвинителството и одбраната на обвинетите Никола Груевски и Александар Трајковски.

Адвокатот Јовица Страшевски, бранител на обвинетиот Трајковски, во завршен збор пред Судот пушти неколку видеа од протестите на Шарената револуција пред канцеларијата на претседателот, од пред Собранието и Владата.

– Може да видите како се оштетува канцеларијата и зградите, како се навредуваат случајни минувачи и полицијата, но обвиненијата за сите се за учество во толпа, а не за насилство, изјави Страшевски.

Обвинителството, нагласи тој, не го докажа во ниту еден елемент делото насилство и барам да биде ослободен.

Обвинителката Фатиме Фетаи во завршен збор побара од Судот казните за поттикнувачите на насилствата пред Општина Центар, Никола Груевски и Миле Јанакиески да бидат најстроги за да се одвратат сите други од такви намери во иднина.

– Предлагам судот да ги прогласи виновни и да им изрече соодветни казни, а притоа да се има предвид и интензитетот на дејствијата. За поттикнувачите немам сомнеж дека треба да бидат најстроги за да се одвратат сите други од такви намери. Во однос на извршителите сите ги извршиле дејствијата, меѓутоа само за Игор Бошковски предлагам алтернативна казна поради интензитетот на неговите дејствија, изјави Фетаи.

Адвокатот по службена должност, на првообвинетиот Никола Груевски, рече дека целото дело се докажува само со еден разговор што е нелегално прибавен и го оспоруваме.

– Помилувањето за ова дело за Никола Груевски не може да се отповика. Таа постоела во моментот на покревање на ова обвинение и Судот не смеел да го прифати, изјави бранителот на Груевски.

Процесот го води судијата Душко Јосифовски.

Обвинителството на почетокот се откажа од гонење за лицата Даниела Рангелова, Милан Андонивски и Борче Богдановски. /МИА.

Спасовски: Интегритетот и опременоста на полициските службеници императив за системски реформи

Се насочивме примарно на генерално подобрување на материјално-техничките услови за работа токму на оние од коишто зависи спроведувањето на законите – полицијата, рече Спасовски.

На секој полициски службеник треба и мора да му се обезбедат елементарни предуслови за нормално работење, а интегритетот, опременоста, статусот на полицискиот службеник се императив без кој е невозможно спроведување на каква било системска реформа во тој домен, порача денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

При посетата на Полицискиот центар „Ѓорче Петров" Спасовски ги претстави досегашните активности за подобрување на материјално-техничките услови за работа на припадниците на полицијата од кои, како што потенцираше, зависи спроведувањето на законите и најави набавки на нови униформи, интервентни и теренски возила и друга опрема за полициските службеници.

Во годинaшниот буџет на МВР планирани се и течат постапки за набавка на нови униформи на Единицата за брзо распоредување, на ПЕП и на Единицата за интервентна полиција, на осум интервентни и на пет теренски возила, нови радио врски, зимски и летни чизми за секој полициски службеник, нова ски опрема, исто така набавка на пиштоли за трите единици на ОСП , а наскоро ќе започне и комплетно реновирање на павилјон во касарната „Ѓорче Петров" со донација од САД, рече Спасовски.

Министерот за внатрешни работи истакна дека во изминатите три години дејствувањето првично било фокусирано на решавање на фундаменталните проблеми како приоритет за натамошно функционирање на полицијата.

На стратешко ниво, како што рече, реформата на безбедносниот систем не беше прашање на избор, туку прашање на опстанок, силно изразена волја на јавноста за конечно да се воспостават норми и концепти кои ќе бидат и гаранција за етаблирање на принципите на владеење на правото во безбедноста.

-На оперативно ниво, пак, свесни за прилично незавидните материјално-технички, социјални, професионални прилики во коишто беше затекната полицијата, односно МВР, решивме да одиме дел по дел во надминување на постојните и создавање нови услови за нормално функционирање на полицискиот систем. Се насочивме примарно на генерално подобрување на материјално-техничките услови за работа токму на оние од коишто зависи спроведувањето на законите – полицијата, рече Спасовски.

Тој потсети дека во претходниот период од буџетот на МВР инвестирале над 100 милиони денари во материјално обезбедување опрема за униформираните полициски службеници од сите организациски единици, набавена е комплетна спортска опрема за припадниците на ЕБР и за ПЕП, заменети се 45 години старите возила во ПЕП со нови интервентни возила и набавена е опрема за јавен ред и мир.

-Делумно или целосно се реконструирани 50-ина објекти на Министерството во сите сектори за внатрешни работи со 140 милиони денари. Во тек е изградба на Центарот за санирање од катастрофи и обезбедување континуитет во работењето во Прилеп, а во напредна фаза е изградбата на зградата на крим-техничка со современа форензичка лабораторија со што ќе се влијае на брзината на постапки, рече Спасовски.

Тој најави и дека деновиве ќе започне монтажа на соларни системи за греење вода на сите објекти каде се сместени припадниците на ОСПО. Со ова, како што укажа, практично целосно ќе се заокружи нивниот проект давајќи јасно до знаење дека на секој полициски службеник треба и мора да му се обезбедат елементарни предуслови за нормално работење и дека интегритетот, опременоста, статусот на полицискиот службеник се императив без којшто е невозможно спроведување на каква било системска реформа во тој домен.

Приведени петмина за оруженото разбојништво во стан во Тетово во август

Тетовската полиција приведе пет лица осомничени за оруженото разбојништво на 9 август, кога од стан во градот со закана со оружје одзеле пари, телефон и златен накит од 47-годишна жена и нејзината малолетна ќерка кои биле дома во моментот.

Петмината се приведени вчера, во периодот од 11 до 14 часот и 20 минути.

-Полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода: И.С.(20), А.Ш.(23), Џ.Ш.(18), А.О.(38) и 17-годишник, сите од Тетово поради основи на сомнение дека на 9 август годинава во 21 часот и 30 минути извршиле разбојништво во стан на улица „Маршал Тито" во Тетово над 47-годишната С.Б. и нејзината малолетна ќерка. Вчера, исто така, од 16 часот и 50 минути до 19 часот и 20 минути, со судска наредба, бил извршен претрес во куќата на А.Ш и Џ.Ш, при што била пронајдена марихуана, гасен пиштол, 2 боеви и 3 куршуми за гасен пиштол и 2 метални пендреци, информираат од СВР Тетово.

Петмината осомничени задржани се во полициската станица Тетово и во текот на денот со соодветен поднесок ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка во Основниот суд Тетово.

притисни ентер